На ФЕИТ ќе биде отворена прва лабораторија за тестирање на 5Г - Канал 5

На ФЕИТ ќе биде отворена прва лабораторија за тестирање на 5Г

  По повод Светскиот ден на телекомуникациите – 17 мај, денеска на  Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ќе биде отворена првата лабораторија за тестирање на 5G технологијата „5G evolution laboratory".

На ФЕИТ ќе биде отворена прва лабораторија за тестирање на 5Г

Во оваа лабораторија преку партнерството на ФЕИТ и Македонски Телеком, во иднина ќе се вршат и реални 5G тестирања.

Воведувањето на 5Г технологијата во државава ќе се одвива според најавениот национален оперативен план за развој на брзи и супер брзи електронски комуникациски мрежи. Клучни придобивки од 5Г технологијата се: значително поголема брзина на податочните услуги, промени во начинот на користење интернет, нови продукти од мобилните мрежи на операторите, намалување на бројот на семејства во т.н „бели зони" – подрачја на кои не постои можност за широкопојасен пристап, а има потенцијал за користење.

Во септември лани Македонски Телеком го реализираше првото 5G демо во државава, како чекор кон воведувањето на оваа технологија, што треба да овозможи технолошки напредок на општеството и многу нови функционалности за корисниците. Првпат во регионот, беше измерена брзина преку мобилната мрежа, која е за над четири пати поголема од брзините на пренос на податоци на 4G мрежата.

Во Европа 5G технологијата ќе почне да се имплементира од 2020 година, а со сите нејзини напредни функционалности по 2025 година.

На отворањето на лабораторијата се најавени обраќања на деканот на ФЕИТ Димитар Ташковски, Лилјана Гавриловска, редовен професор на ФЕИТ, раководител на WINGroup, на CWNC и на новата 5G evolution лабораторија и Никола Љушев, главен извршен директор на Македонски Телеком.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кавадарчаните кои до смрт претепаа лице по расправија во казино добија по 10 години затвор

Тројца кавадарчани добија по 10 години затвор за убиството на 43-годишниот П.Т., кое се случи пред казино во центарот на Кавадарци во август минатата година.

Кавадарчаните кои до смрт претепаа лице по расправија во казино добија по 10 години затвор

Основниот суд Кавадарци ги прогласил за виновни за кривично дело „убиство“

„Кривичниот совет при Основен суд Кавадарци обвинетите ги прогласи за виновни и ги осуди на казна затвор во траење од по 10 години за секој осуден. Во кривичниот предмет немаше признание на вина, а на обвинетите им е продолжен притворот бидејќи се прогласени за виновни“, соопшти судот.

Според обвинението, на 27 август 2025 година, пред 5 часот наутро, по вербална расправија во казиното, тројцата излегле надвор, каде физички го нападнале и му нанеле повеќе удари со боксови и клоци по телото и главата. Нападот се случил на задниот влез од казиното во центарот на Кавадарци. Жртвата се обидела да се врати во објектот, но изгубила свест и починала од здобиените тешки повреди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Унгарската влада повела истрага за четири случаи поврзани со работењето на државната „Ексимбанка“

Ќе се истражува и можна злоупотреба со кредитот од 1 милијарда евра одобрен за Македонија.

Унгарската влада повела истрага за четири случаи поврзани со работењето на државната „Ексимбанка“

Во Унгарија покрената е истрага за четири случаи поврзани со работењето на државната „Ексимбанка“.

Премиерот Петар Маѓар, потврдил дека унгарското министерство за економија и енергетика поднело кривични за четири случаи поврзани со Ексимбанката, поради сомнежи за злоупотреби на службената положба, несовесно работење и други можни кривични дела.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, ќе се истражуваат и можни злоупотреби и во однос на кредитот од 1 милијарда што државната ексим банка и го одобри на земјава.

Според Маѓар, кредитот за Македонија бил одобрен со поволна каматна стапка од 3,25 отсто и е целосно обезбеден со државна гаранција..

-„Владата не сака и нема однапред да донесе пресуда во овие случаи, но ќе ја обезбеди сета потребна поддршка за да се утврди дали се сторени кривични дела“, изјавил Маѓар.

Веднаш по доаѓање на власта Маѓар најави борба против корупцијата и работењето на претходната влада на чие чело 16 години беше Виктор Орбан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Неверојатна глетка во Сараево: Реката Миљацка кај Бентбаша целосно пресушила

Необична глетка во Сараево, реката Миљацка пресушила во дел од главниот град на Босјна и Херцеговина. 

Видео: Неверојатна глетка во Сараево: Реката Миљацка кај Бентбаша целосно пресушила

Граѓаните што минувале низ Бентбаша утрово биле пречекани со необична глетка, бидејќи реката Миљацка пресушила.

Во дел од коритото на реката Миљацка во близина на базенот нема вода, видливи се само камења, песок и речни наслаги.

Фоторепортер на „Аваз“ ја забележил неверојатната сцена.

YouTube video

Поголемиот дел од речното корито е покриен со камења. Засега нема официјални информации што објаснуваат зошто Миљацка пресушила на овој дел кај Бентбаша во сараево, ниту пак се знае дали станува збор за привремена појава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер