Ужас во САД – Задавиле бремена жена , и го исекле стомакот и го украле бебето

19 годишната бремена девојка , која исчезнала минатиот емсец , најдена е мртва во една куќа во Чикаго , по три недели откако некој и го исекол стомакот и и го украл бебето.

Марлен Очоа-Лопез била во последниот месец на бременоста , кога на 23 април и се губи секаква трага. Полицијата го најде нејзиното тело и соопшти дека починала од последици на давење. ,,Сметаме дека е убиена , а по нејзината смрт бебето е извадено од нејзиното тело.” изјави портпаролот на полицијата во Чикаго , Ентони Гулелми.

19- годишната девојка исчезнала , откако отишла да купува облека за бебето заедно со некоја жена која ја запознала на Фејсбук.Полицијата приведе четири лица , но не даде дополнителни информации за нивната вмешаност во ова ужасно убиство.

Истиот денкога исчезнала девојката , пожарната екипа добила повик за новороденче во тешка состојба , а повикот доаѓал од истото место , каде по три ендели е најдено телото на Очоа- Лопез.

Една жена тврдела дека бебето е нејзино , за пшодоцна полицијата да утврди дека таа не е мајката.

Видео- фото: Мекларен ГТ

„ГТ“ е првиот  „ grand turer", на Мекларен, тоа е воедно и најголемиот модел на познатиот британски производител на автомобили.

По Саемот во Женева каде ја најави промоцијата, Мекларен сега го претстави потполно новиот модел со едноставно име ГТ.

Мекларен ГТ е двосед наменет за уживање и на долгите патувања. Овој модел има голем багажник од дури 570 литри, 420 л. Во задниот дел и 150 л во предниот дел .

Производителот наведува дека сопствениците на Мекларен ГТ ќе можат да спакуваат по два пара скии или торба за голф.

Новиот луксузен автомобил има 4,0 твин турбо В8 мотор кој развива 620 коњски сили. До брзина од 100 километри стигнува за само 3,2 секунди, а до 200 км на час за точно девет секунди.

Најголемата брзина изнесува 326 км на час.

Производителот посебно ги истакнува тркачките перформанси,  должината на автомобилот од  4,7 метри и модерниот ентериер.

Новиот модел има досега најголеми тркала во историјата на брендот. Напред се со дијаметар од 20 инчи, а позади од 21 инч.

Првите примероци од Мекларен ГТ моделот треба да се појават на крајот од годинава и ќе се продаваат по цена од 185 000 евра.

Јапонија подарува напуштени куќи?!

Во Јапонија има премногу куќи и премал број на луѓе да живеат во нив.Овој проблем е познат под името „Акија“.

Јапонците се повеќе ги напуштаат руралните делови и се преселуваат во градовите.Тие не се заинтересирани за живот надвор од градовите што предизвика пад на побарувачката на куќите надвор од градските средини.А кога нема побарувачка цените паѓаат.

Според медиумите најголем виновник за вакво нешто се демографските промени.

Бројот на жители во Јапонија во 20 век забележа фантастичен раст од 40 на 127 милиони , а сега овој број почна нагло и брзо да паѓа.Со сегашната стапка на раст има тенденции до 2100 година бројот на жители на Јапонија да падне за една третина на околу 85 милиони , стручњаците сметаат дека ако овој тренд продолжи во 2300 година во Јапонија ќе живеат само 8,5 милиони жители.

Во 2008 годна во Јапонија имало околу 7,5 милиони празни куќи, до 2013 овој број е зголемен на 8,2 милиони.

Поради овие факти трговците на недвижнини преку интернет нудат бесплатни куќи.Новите сосптвеници се обврзани само за данок и плаќање на агентот за недвижнини.На многу од овие напуштени куќим и е потребна реконструкција.

Но, ако продолжи трендот на намалување на бројот на жители, во иднина ќе нема кој да ги земе овие куќи иако тие се нудат бесплатно.

Јапонија секако не е единствената држава која подарува куќи.Во некои рурални делови на Италија се нудат куќи за само едно евро.

Фото: Прославен роденденот на таткото на Викторија Бекам!

Погледнете како изгледа дедото на Дејвид Бекам,  таткото на светската џет сетерка Викторија Бекам.

Сопругата на легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам, популарната дизајнерка Викторија Бекам , на својот Инстаграм профил му го честиташе роденденот на својот татко со кратко видео со нивни заеднички фотографии.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Happy Birthday!!!! We all love you so much!!! Xx kisses to the most incredible dad!!!! Xxxx

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham) on

„Среќен роденден! Сите те сакаме! Бакнежи за неверојатниот татко!“, напишала Викторија под видеото.

Инаку, таткото на Викторија, Антони Адамс е инженер по електротехника , поради успехот во неговата работа Викторија и нејзините сестри и брат растеле како деца од високата класа.  

притисни ентер