Преброени над 90 проценти од гласовите: Пендаровски 52,38 отсто, Силјановска 44,06 - Канал 5

Преброени над 90 проценти од гласовите: Пендаровски 52,38 отсто, Силјановска 44,06

Изразено во гласови Пендаровски има 380.946, а Силјановска 320.393. Неважечки ливчиња се 3,56 отсто или 25.909.

Преброени над 90 проценти од гласовите: Пендаровски 52,38 отсто, Силјановска 44,06

Според првичните резултати објавени на веб страницата на Државната изборна комисија од обработени 90,75 отсто од избирачките места, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 53,20 проценти, пред кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 43,27 отсто.

Изразено во гласови Пендаровски има 380.946, а Силјановска 320.393. Неважечки ливчиња се 3,56 отсто или 25.909.

Одѕивот во вториот круг на претседателските избори до 18:30 часот изнесуваше 44,5 проценти.

На половина час пред затворањето на гласачките места во вториот круг на претседателските избори на гласање излегле 795.577 граѓани според обработени 97,61 процент од 3.428 избирачки места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пронајдена дрога во напуштени подрумски простории во станбена зграда во општина Аеродром

Пронајдена е разновидна дрога во напуштени подрумски простории во станбена зграда на подрачјето на општина Аеродром во Скопје соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

Пронајдена дрога во напуштени подрумски простории во станбена зграда во општина Аеродром

Како што се вели во соопштението од МВР, акцијата била спроведена вчера од полициски службеници од единицата за Недозволена трговија при секторот за внатрешни работи Скопје, по претходно преземени оперативни мерки во напуштени подрумски простории во зграда во скопски Аеродром.

При претресот се пронајдени бела грутчеста материја, халуциногени печурки, кеса со поголема количина таблети екстази, марихуана, како и три дигитални ваги. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Паеља

Во четврток (02.07.2026) во емисијата гостин ни бeше Весна Гиновска Илкова.

„Гответе со Дракче“ - Паеља

Состојки за денешниот рецепт:

400 гр. морски плодови (ракчиња)

200 гр. ориз

1 црвена пиперка

1 главица кромид

2 домати

1 чаша бело вино

3 - 4 чешниња лук

малку магдонос

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почнува судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане

Денеска во Основниот суд во Куманово ќе започне судскиот процес против 25-годишниот Трајко Бојковски, обвинет за неколку убиства во Старо Нагоричане.

Почнува судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане

Според обвинението, тој се товари за четири кривични дела за убиство како и за обид за убиство. Обвинението во судската постапка ќе го застапува јавниот обвинител Љубомир Лапе од Основното јавно обвинителство Куманово.

Според претходно објавени информации во јавноста, жртвите се претежно повозрасни жени, со исклучок на една 35-годишна жена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер