Денеска гласаат затворениците, изнемоштените, болни лица и дијаспората

Почна гласањето во вториот круг на претседателските избори.

Правото на глас денеска ќе го остварат болните и немоќните лица, затворениците и раселените.

Утринава, точно во 7 часот беше отворено и гласачкото место 2536 во затворот Идризово, каде право на глас имаат 817, од вкупно 1640 затвореници ширум затворите во државата.

На ова избирачко место, освен за претседателските избори се гласа и за избор на градоначалник во Ново Село и Охрид.

Директорот на затворот Боби Мојсовски информираше дека споредено со првиот круг до 11 часот излезноста е поголема.

До пристигнувањето на екипата на Канал 5 гласањето се одвиваше мирно.

Единствениот проблем е што одредени лица не можат да се пронајдат во избирачкиот список.

„ Кај нас секогаш има одреден број на затвореници кои не може да се најдат во избирачкиот список затоа што во периодот од кога е затворен избирачкиот список до денеска има голем број на луѓе што се новодојдени, а има и луѓе што се заминати, затоа бројката е малку помала на луѓе што ќе гласаат.” – изјави Боби Мојсовски, директор на КПУ „Идризово“.

„Гласањето тече во најдобар ред, започнато е во 7 часот, досега немаме никакви проблеми, се надеваме дека така ќе остане и до крајот. “ – изјави Соња Стојановска, претседател на избирачкиот одбор на ИМ.

Право на глас денеска имаат и 4407 болни и немоќни лица.За прв пат оваа година се гласа и во два старечки домови од Скопје, едниот од нив е домот “Мајка Тереза” , од каде не информираа дека гласањето завршило за само неколку часа и поминало мирно.

„ Гласавме беше се свечено, убаво, ние вака малку старите ние сатифакција добивме. Од новиот претседател очекуваме малку и на нас да обврне внимание на постарите, а и на сите, не само на нас туку и на младите да добијат шанса да останат тука да работат, да помагаат на нас старите. “ – изјави Благоја Давитковски.

Од Државната изборна комисија на пресконференција точно напладне информираа дека гласањето се одвива непречено, како и на домашните избирачки места, така и во 32 дипломатско конзуларните претставништва во странство, каде што 1781 лице имаат можност да остварат своето гласачко право. На овие места излезноста до 10 часот изнесува 7.71%.

Од ДИК велат дека на избирачките места каде што беа констатирани одредени нерегуларности во првиот круг гласањето во вториот круг ќе одвива на ист принцип како и во сите останати избирачки места.

Таму каде што беа констатирани нерегуларности избирачките одбори се разрешени и се назначени нови.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер