Пендаровски и Сиљановска Давкова со последни пораки пред молкот

Повици за масовна излезност в недела го одбележуваат последниот ден од  претседателската кампањата.

Стево Пендаровски и Гордана Силјановска ја побараа довербата од сите етнички заедници и ветија дека ќе работат чесно.

И двајцата се уверени во победата на 5 мај и очекуваат исполнување на законскиот цензус.

„Кристално е јасно дека најголем дел од граѓаните, и од тие што гласаа и од тие што останаа дома се определени за европската иднина на нашата земја, за членство во НАТО и ЕУ, за пријателство со соседите, за да бидеме почитувани во светот, да имаме странски инвестиции, добро платени работни места и реформи според европски стандарди. Во име на овие заеднички вредности и цели ве повикувам во недела на 5 мај да излеземе масовно и да го заокружиме бројот 3. Од седење дома единствено корист ќе имаат ВМРО-ДПМНЕ, Силјановска, Мицкоски и Груевски. Режимот не смее повторно да добие шанса“, порача Пендаровски.

„Јас сум убедена дека успехот на 5-ти мај ќе отвори порта кон еден друг успех, кон градење на демократска, евроспка Македонија. Зошто очигледно е дека промени реформски може да направите само ако и себе се реформирате. Очекувам во недела граѓаните масовно да излезат, очекувам да го продолжат она што го направија во првиот изборен круг, да се зголеми поддршката за мене. Зошто? Бидејќи кандидатот на власта не може да направи ништо друго освен она што го правеше оваа власт зошто и самиот тврди дека 102% се согласува со лидерот на СДСМ“, рече Силјановска.

Левица, Нова либерална партија, ПОДЕМ, Партиите на Србите, Бошњите и Власите пак најавија поддршка за Силјановска в недела. Од Алтернатива на Африм Гаши повикаа на масовна излезност и гласање за опцијата која гарантира евроатлантската иднина на земјата повикаа и од Алтернатива на Африм Гаши.

„Гласајќи за Стево Пендаровски, ние практично потврдуваме на која страна сме и каква иднина им обезбедуваме на нашите поколенија. По низа активности и средби, одржани во текот на ова претседателска кампања, кога имавме можност да поразговараме со нашите граѓани за значајноста на овие избори, Централниот штаб и локалните штабови на Алтернатива вчера ја завршија кампањата и денеска и се обраќаат на јавноста да ги повикаме сите граѓани, а особено на нашите приврзаници“, рече портпаролот на партијата Орхан Муртезани.

Од партијата Глас за Македонија на Солза Грчева најавија бојкотна изборите в недела, порачувајќи дека единствено преку немањето цензус ќе се создаде терен за предвремени парламентарни избори.

Пуштен во употреба новиот парк на булеварот „Февруарски поход“ во Аеродром

Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, со интонирање на македонската химна и подигнување на македонското знаме, денеска официјално беше пуштен во употреба новиот парк лоциран на булеварот „Февруарски поход“ во Општина Аеродром.

На денешниот настан присуствуваше градоначалникот на Општина Аеродром, кој заедно со претседателот на советот Дејан Митески, извидниците и дечињата од детската градинка „Буба Мара“, го означија крајот на изведбата на еден важен проект реализиран од страна на општинското јавно претпријатие за комунални дејности.

Работните активности опфатија целосно хортикултурно и партерно уредување, поставување на нова урбана опрема, како и јарбол со македонското знаме.

Маричиќ: Сега е потребно да дадеме глас ЗА продолжување на преговорите со ЕУ

ЗА реформи, ЗА европски фондови, ЗА европска иднина на Македонија.

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и кандидатот за пратеник Бојан Маричиќ во својата изјава за медиуми посочи дека СДСМ е најсериозната и единствената политичка опција во Македонија која може да обезбеди продолжување на преговорите со ЕУ.

Во продолжение проследете ја изјавата:

"Со отворање на поглавјата, со сплотеност и со дисциплина за реформите, влегуваме во финиш на промените кои ни носат европски стандарди и европски квалитет на живот. Преговорите ни носат задолжително реформирање на јавната администрација и подобрување на стручноста на државните службеници.

Стабилен и доверлив судски систем, заштита на човековите права и борба против корупција. Ова ќе го обезбедиме низ преговорите, со помош од ЕУ. Со отворање на поглавјата се отвораат и нови фондови на ЕУ за подобрување на нашиот живот. Фондови за економски мерки, за земјоделство, за инфраструктура, за животна средина, за култура, за образование, за млади и уште многу повеќе.

До крајот на 2025 година очекувам за македонското општество, за граѓаните и за државата, да искористиме околу 500 милиони евра од ИПА2 и уште 200 до 300 милиони евра од ИПА3, пари доделени од Европската Унија.

За македонските земјоделци имаме над 210 милиони евра годишен од ИПАРД 3 за следните четири години.

Сега зависи само од нас. Сега е потребно да дадеме глас ЗА продолжување на преговорите со ЕУ, ЗА реформи, ЗА европски фондови, ЗА европска иднина на Македонија." - изјави Маричиќ.

Стоилковски: Дали предметот на ЈО е одговорот како Каевски стекна стан и 4 милиони во банка?

Дарко Каевски ниту еднаш не одговори во јавност,како со првото вработување, како партиски подмладок за директор на АМС, на 30 години набилда четири милиони во банка и сопствен стан?

СДС ниту еднаш не објасни како дојде до концептот голтари влезени во политиката, а потоа милионери.

Почитувани, одговорот можеби е во предметот на ЈО.

Предметот на ЈО за работата на Дарко Каевски како директор на АМС можеби е и поттикот тој толку ревносно да настапува против членови и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, најгласен во нападите и ширењето дезинформациите, но можеби е и причина за неговиот рапиден раст во СДС, до пратеник и портпарол.

Отпочната е постапка за сомневања за противзаконско работење и злоупотреба, дека спортските федерации, клубовите и спортистите добивале ваучери, а одредена фирма ги реализирала под услов дел од парите потоа да ги добие назад преку даночно ослободување.

Почитувани, Македонија тоне во корупција и криминал, тоне во партизација, ликови како Дарко Каевски стануваат милионери, а неговите врсници се иселуваат од татковината.

Почитувани, со вашиот глас за ВМРО-ДПМНЕ на изборите, ќе гласате ваквите ликови како Зоран Заев, Ковачевски, Венко Филипче, и нивните наследници како Дарко Каевски, да им биде испитан имотот и да одговораат за евентуални злоупотреби.

Промените се во Твои раце, Македонија повторно твоја!

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер