Наместо пуч во Венецуела се случи само бунт во делови на армијата

Наместо очекуваниот преврат, на првиот ден од демонстрациите против Мадуро се случи само бунт во делови на армијата на Венецуела, но опозицијата не се обехрабрува.

По вчерашните насилни судири, опозицискиот лидер ХуанГуаидоод непозната локација ги повика своите приврзаници на најмасовни демонстрации денеска со цел да се собори власта, а истото го направи инеколку часа претходно, на улиците на Каракас, во придружба на десетици војници..

Но, Мадуро не се предава.. Во телевизиско обраќање рече дека се работи за „мала група“ која сака „насилство во Венецуела“.. Безбедносните сили успешно му ставиле крај на обидот за пуч, рече Мадуро, додавајќи дека армијата му е лојална, а сите воени бази се под негова контрола.

Тој ги демантираше и тврдењата на американскиот државен секретар Мајк Помпео кој во интервју за „CNN“, кажа дека за време на судирите, Mадуро имал план за бегство во Kуба, но бил спречен во намерата од Русите..

Изјавата на Pомпео, ја демантираше и портпаролката на рускотоМНР, Mарија Zахарова, оценувајќи ја како дел од „војната на информации“.

Американскиот претседател Доналд Трамп во своите објави на Твитер не ги спомна Русите, но затоа ја повика Куба да запре со поддршката за Мадуро. Во спротивно се закани со нови санкции кои ќе ја соочат земјата со целосно ембарго, напиша на Трамп на твитер.

Каква ќе биде разврската останува неизвесно, но очигледнотрпението на американците е при крај. Помпео и директно му се обрати на Мадуро со порака што поскоро да замине од земјата и да дозволи демократизација.

Според активистите за човекови права, во вчерашните неколкучасовни улични борби во повредени се најмалку 109 луѓе, најголем дел со гумени куршуми и со кугли од воздушни пушки, а лекарски извори за агенциите посочуваат дека имало и случаи на затруени со солзавец кој го користела полицијата.

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како воени возила прегазуваат демонстранти.

Маричиќ: Сега е потребно да дадеме глас ЗА продолжување на преговорите со ЕУ

ЗА реформи, ЗА европски фондови, ЗА европска иднина на Македонија.

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и кандидатот за пратеник Бојан Маричиќ во својата изјава за медиуми посочи дека СДСМ е најсериозната и единствената политичка опција во Македонија која може да обезбеди продолжување на преговорите со ЕУ.

Во продолжение проследете ја изјавата:

"Со отворање на поглавјата, со сплотеност и со дисциплина за реформите, влегуваме во финиш на промените кои ни носат европски стандарди и европски квалитет на живот. Преговорите ни носат задолжително реформирање на јавната администрација и подобрување на стручноста на државните службеници.

Стабилен и доверлив судски систем, заштита на човековите права и борба против корупција. Ова ќе го обезбедиме низ преговорите, со помош од ЕУ. Со отворање на поглавјата се отвораат и нови фондови на ЕУ за подобрување на нашиот живот. Фондови за економски мерки, за земјоделство, за инфраструктура, за животна средина, за култура, за образование, за млади и уште многу повеќе.

До крајот на 2025 година очекувам за македонското општество, за граѓаните и за државата, да искористиме околу 500 милиони евра од ИПА2 и уште 200 до 300 милиони евра од ИПА3, пари доделени од Европската Унија.

За македонските земјоделци имаме над 210 милиони евра годишен од ИПАРД 3 за следните четири години.

Сега зависи само од нас. Сега е потребно да дадеме глас ЗА продолжување на преговорите со ЕУ, ЗА реформи, ЗА европски фондови, ЗА европска иднина на Македонија." - изјави Маричиќ.

Стоилковски: Дали предметот на ЈО е одговорот како Каевски стекна стан и 4 милиони во банка?

Дарко Каевски ниту еднаш не одговори во јавност,како со првото вработување, како партиски подмладок за директор на АМС, на 30 години набилда четири милиони во банка и сопствен стан?

СДС ниту еднаш не објасни како дојде до концептот голтари влезени во политиката, а потоа милионери.

Почитувани, одговорот можеби е во предметот на ЈО.

Предметот на ЈО за работата на Дарко Каевски како директор на АМС можеби е и поттикот тој толку ревносно да настапува против членови и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, најгласен во нападите и ширењето дезинформациите, но можеби е и причина за неговиот рапиден раст во СДС, до пратеник и портпарол.

Отпочната е постапка за сомневања за противзаконско работење и злоупотреба, дека спортските федерации, клубовите и спортистите добивале ваучери, а одредена фирма ги реализирала под услов дел од парите потоа да ги добие назад преку даночно ослободување.

Почитувани, Македонија тоне во корупција и криминал, тоне во партизација, ликови како Дарко Каевски стануваат милионери, а неговите врсници се иселуваат од татковината.

Почитувани, со вашиот глас за ВМРО-ДПМНЕ на изборите, ќе гласате ваквите ликови како Зоран Заев, Ковачевски, Венко Филипче, и нивните наследници како Дарко Каевски, да им биде испитан имотот и да одговораат за евентуални злоупотреби.

Промените се во Твои раце, Македонија повторно твоја!

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

До 2030 година Албанија со четири аеродроми

Албанската министерка за туризам и животна средина, Мирела Кумбаро изјави дека до 2030 година  Албанија ќе има четири аеродроми, објави Албанската радио и телевизија.

На веќе постоечките аеродроми во главниот град Тирана и северниот град Кукс, аеродромите во крајбрежниот град Валона, југозападна Албанија и во јужниот град Ѓирокастро, ќе бидат додадени до 2030 година.

Во интервјуто Кумбаро додаде дека до 2030 година меѓународниот аеродром „Мајка Тереза“ во Тирана ќе започне со прекуокеански летови.

Таа е оптимист дека во 2030 година во земјата ќе престојуваат 30 милиони туристи. /МИА

притисни ентер