Убиени браќата и таткото на главноосомничениот за нападите во Шри Ланка

Таткото и двајца браќа на напаѓачот за кој се верува дека стои зад бомбашките напади во Шри Ланка, убиени се откако силите за безбедност упаднале во нивното засолниште.

Информацијата ја пренеле полициски извори и роднина на убиените.

Заин и Рилван Хашим и нивниот татко Мохамед, кои на видео снимка на социјалните мрежи повикале на тотална војна против неверниците, се наоѓаат меѓу 15-те убиени во петокот во жестоката пресметка со војската, изјавено е за „Ројтерс“.

Според извештајот на АФП, тие луѓе се убие, кога терористите, опколени од страна на војската, самите се разнеле со бомба.

Тројцата мажи активирале експлозив и притоа убиле три жени и шест деца, извести АФП, цитирајќи ја полицијата.

Подоцна е соопштено дека една жена и едно дете ја преживеале експлозијата. Како што се наведува, тие во моментов се наоѓаат во болница и се во критична состојба.

Се верува дека напаѓачот Захран Хашим е “мозокот“ на бомбашките напади на црквите и хотелите во кои се убиени повеќе од 250 луѓе.

Инаку, властите денеска ги пребаруваат локациите поврзани со напаѓачите и пронашле уште оружје, материјали за правење бомби, како и знаме на Исламска држава.

Исламска држава претходно ја презема одговорноста за нападот и изјавиле дека Хашим и неговата исламистичка група NTJ и се заколнале на верност.

Во црквата во Пустец наскоро заедничка богослужба на митрополитите г. Петар и г. Јован

 Наскоро заедничка богослужба во црквата „Свети Архангел и  Михаил“ во Пустец ќе одржат Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар и корчанскиот митрополит Јован.

Ова е договорено на велигденската средба во седиштето на Митрополијата на Корча, на лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ Васил Стерјовски и митрополитот Јован.

- Во Корчанската митрополија бев на традиционалната посета по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. На митрополит Јован му го честитав празникот и му посакав добро здравје, радост, мир и спокојство. На средбата меѓу другото се договоривме за заедничка богослужба во црквата во Пустец на митрополитите Петар и Јован, информираше Стерјовски за МИА.

Од негово и од име на партијата и Македонците, тој упатил честитка и до сите верници кои го слават празникот, посакувајќи им многу здравје, среќа, благосостојба.

- Исто така, со корчанскиот митрополит Јован разговаравме и за состојбата со македонските верници и со верските објекти во Мала Преспа и единствениот манастир во ова подрачје „Света Марина“ во Туминец, каде со благослов на митрополитот Јован и донации на Македонците од Канада е изградена камбанарија, што на манастирот му недостигаше, рече тој.

На средбата Стерјовски бил придружуван од Атанас Плоча, заменик градоначалник на општина Пустец. /МИА

Двајца загинати, 21 повреден во нападот со нож во кинеска болница

Две лица загинаа, а 21 се повредени во напад во болница во југозападна Кина, јави ДПА.

Полицијата во округот Женксионг, во југозападната провинција Јунан, денеска соопшти дека маж од локално село ги извршил нападите со нож непосредно пред пладне.

Нема дополнителни информации за можните мотиви за нападот, ниту за идентитетот на жртвите.

Кинеските државни медиуми претходно објавија за 10 жртви, без да го прецизираат бројот на загинати и ранети.

На кинеската платформа за социјални медиуми Веибо кружеа видеа на кои се гледа апсењето на осомничениот сторител.

На други слики од местото на настанот се гледаат повредени жртви на земја. Полицијата соопшти дека повредените се пренесени во болница.

Обвинителството отвори истрага за инцидентот, соопшти полицијата.

Си Џинпинг во 2-дневна посета на Белград, ќе биде пречекан од авиони МИГ-29

Со кинески знамиња и билборди со пораки за добредојде испишани на кинески јазик, Белград го пречекува кинескиот претседател Си Џинпинг, кој вечерва пристигнува во дводневна посета на Србија.

Безмалку три и пол илјади полицајци се ангажирани за безбедноста на џинпинг, кој според најавите, доаѓа со 400 члена делегација.

Кинескиот лидер ќе го пречекаат и српските борбени авиони МИГ-29, кои ќе го придружуваат неговиот авион од српската границата до Белград, а потоа на враќање ќе го испратат.

За време на посетата на Србија Си Џинпинг со неговиот домаќин претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе разговараат за широк спектар на теми - од политички, економски и технолошки до соработка во областа на културата.

На состаноците се очекува да бидат потпишани над 30 договори од различни сфери..

притисни ентер