Пасхално послание на г.г. Стефан и САС на МПЦ-ОА

По милоста Божја, Архиепископ Охридски и Македонски, заедно со Светиот Архиерејски Синод, до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на Македонската православна црква - Христос Воскресе!

По милоста Божја, Архиепископ Охридски и Македонски, заедно со Светиот Архиерејски Синод, до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на Македонската православна црква, а по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога, поздравувајќи ги со величествениот и торжествен поздрав – Христос Воскресе!

Бог толку го возљуби светот,

што Го даде Својот Единороден Син,

та секој што верува во Него да не погине,

но да има живот вечен1.

Возљубени празникољупци,

Сè што било проречено за Спасителот Господ Исус Христос од староза-ветните праведници2 – се исполнило: и доаѓањето, и раѓањето, и служењето, и судењето и распнувањето… Се исполнило и сето она што Самиот Спасител им го говорел на Своите ученици за настаните што ќе се случат со Него3… Го навестил и Своето воскресение, кога рекол: урнете го овој храм и за три дни ќе го подигнам4. И навистина: по лажните обвиненија, по неправедната пре-

суда и по распетието на Голгота5, Синот Божји бил погребан и на третиот ден – воскреснал. По тој настан, стравот кај учениците се претворил во голема радост, која веќе никој не можел да им ја одземе6, зашто – Христос бил нивната радост7. Ете, тоа радување кај апостолите се пренесува преку сите христољубиви души, оттогаш до денес – и ќе трае вечно. Затоа, кој ќе ја ис-каже со зборови силата Господова? Преку Него, ние, од смртни – станавме бесмртни8!

Самиот Господ Исус Христос порача дека Тој живее и со Него ќе живеат сите коишто веруваат во Неговото воскресение9. Затоа, да Му благодариме на Бога, Кој ни дарува победа преку нашиот Господ Исус Христос10, победа која е за сите времиња. Таа Христова победа е победата над смртта, која била по-следица од гревот. Преку таа Христова победа, се здобивме со дарот Божји, кој е животот вечен во Христа Исуса, нашиот Господ11.

Возљубени во Господа,

Денот на Христовото Воскресение е ден за радост, и тоа радост за веч-ниот живот. Но, за да го разбереме и да му се радуваме на тој спасоносен ден, потребно е да живееме со настанот што ги донесе новото време и новата ера. Со доаѓањето на Христа Богочовекот се објави вистината, се промени исто-ријата, се покажаа нови патишта, се воспоставија нови односи, дојде це-лосната слобода… Преку тој спасоносен настан, добија потполна смисла и значење и Христовото доаѓање на Земјата и Неговите живот и наука. Со Не-говото воскресение се оправда и сета наша вера и доби смисла сиот наш жи-вот: и привремениот – овде на Земјата, и идниот – вечниот, во Царството небесно. Со верата во Христа Спасителот, човечкиот род доби благодат да се кае, поправа и преобразува, и затоа тој настан е гаранција и за нашето спасе-ние и за вечниот живот во заедница со Бога.

Од тоа чудо над чудата извира и нашата надеж и во сопственото вос-кресение, зашто ако Христос не воскреснеше, празна ќе беше и нашата про-повед, празна ќе беше и нашата вера12. И навистина, ако Христос не воскресна и не ја победи смртта, тогаш и нема живот! Но, Христос воскресна и со смрт-та смртта ја победи13, останувајќи единствен вечен извор и чувар на живо-тот.

Возљубени во Христа Воскреснатиот,

Сè што Спасителот учеше и сè што направи е за целото човештво и за секого од нас. Тој ни порача дека небото и земјата ќе преминат, ама зборови-те Негови нема да преминат14. Затоа, и ние сме повикани да земеме учество во воскресенската слава и со сите христољупци да ја споделуваме победонос-ната радост. Но, на таков подвиг вистински ќе се удостоиме само преку вера-та и добрите дела. Само животот во Црквата, во единство со Бога, може да нè направи постојано радосни и облагородени личности. Впрочем, во Црквата, но и во животот воопшто, сè зависи од љубовта кон Христа! Затоа, само оние коишто живеат според пораките на Христовата наука, ги имаат Неговата љубов и Неговиот мир. Оттаму, Воскресението Христово е празник на бого-откриената вера, на верата што го победи светот15, на верата која дејствува преку љубовта16 и на надежта која спасува17. Само оние коишто достојно жи-веат според Светото Евангелие, ја имаат Христовата љубов и се исполнети со Неговата надеж и со секаква радост во верата18.

Еве, и по две илјади години од настанот во она рано утро, кога вос-кресна Спасителот, и ние денес сме соучесници во тоа неповторливо торже-ство над торжествата, кое ги надминува сите торжества…19. Подготвено-ста на илјадници христољупци, во изминативе дваесет столетија, со своето

богоугодно живеење да сведочат за живиот Господ, а многумина дури и со своите животи, е потврда за вистинитоста на Христовото воскресение. И сето она што Христовото Евангелие го направи во животот на цели народи и земји, е сведоштво за спасоносниот подвиг и за жртвата на Воскреснатиот голготски Маченик.

Возљубени чеда на Мајката охридска и македонска Црква,

За нас, Македонците, како и за сите народи, средбата со Воскреснатиот Господ е историски пресврт во севкупното живеење. По Божјата милост, нашиот копнеж по Бога стана овековечен и во Библијата20. Прифаќајќи ја ви-стината за Христа Воскреснатиот, станавме дел од верниот народ Божји, а со своето благочестиво богољубие си обезбедивме место во историјата, созда-вајќи дела на искрена вера и љубов кон Бога и кон луѓето. Оваа благодатна придобивка се потврди и преку достојните и богоугодни личности, кои из-раснаа од нашиот род, а најмногу преку даруваната ни Помесна Црква – Првата Јустинијана и Охридската Архиепископија – возобновени во лицето на Македонската Православна Црква. Бесценет дар Божји за нашите народ и Црква е и свети Кирил Солунски, кој со своето дело придонесе за целосно воскресение на духовен, културен и цивилизациски план, како за нашиот, та-ка и за повеќе народи на Балканот и во Европа. Пот- сетуваме дека оваа годи-на се навршуваат 1150 години од неговото упокоение, па, одбележувајќи ја годишнината, да посведочиме дека свети Кирил живее во нас преку своето епохално дело, кое е исполнето со вистината за Воскресението, искажана со јазик и писмо разбирливи и од Бога дарувани, и со пораката за еднаквост и мир меѓу народите.

Ова лето Господово, покрај другите настани и личности, ќе одбележиме и 650 години од живописувањето на храмот во манастирот во Зрзе, како и 200 години од раѓањето на нашиот велик иконописец Дичо Зограф, кој даде голем придонес во духовното преображение и црковната уметност меѓу нашите

народ и Црква, па и пошироко.

Возљубени сорадосници,

Велигденската радост треба да нè зближува и да нè обединува сите, ка-ко чеда на нашата света Црква, и нас во Татковината, и сите вас што живеете раселени по светот. Да се радуваме секогаш во Господа! Да ѝ бидеме верни чеда на мајката – Македонската Православна Црква, и на Татковината – Ма-кедонија, живеејќи богоугодно и во мир со сите луѓе. Без разлика каде живе-еме, да ги чуваме националните и духовните посебности како народ, пока-жувајќи потребна грижа за светоста на бракот и семејството, за повозрасните, изнемоштените и сиромасите, а особено за младите и нивното воспитување во духот на верата православна и на нашите прадедовски традиции. Да ги учиме на јазикот мајчин – јазикот на светите Кирил и Методиј и на светите Климент и Наум. Конечно, да најдеме начин за меѓусебно помирување, па да простиме сè со Воскресението21. Тоа, нам, како христијански народ, ни е света должност, зашто кој не го љуби својот брат… како може да Го љуби Бога22?!

Сопрославувајќи го Христовото Воскресение со сите христијани во све-тот, да се радуваме и веселиме поради победата над смртта, поради верата во сеопштото воскресение и надежта во вечниот живот во Царството небесно. Да се радуваме заради Воскресението Христово и воскресението наше, поздра-вувајќи се со торжествениот поздрав:

Христор Воскресна!

Навистина Воскресна!

†Стефан

Архиепископ

Охридски и Македонски

со членовите на Светиот архиерејски синод

на Македонската Православна Црква

† Петар, Митрополит Преспанско – пелагониски и

администратор Австралиско – новозеландски

† Тимотеј, Митрополит Дебарско – кичевски

и администратор Австралиско – сиднејски

† Наум, Митрополит Струмички

† Агатангел, Митрополит Повардарски

† Методиј, Митрополит Американско – канадски

† Пимен, Митрополит Европски

† Иларион, Митрополит Брегалнички

† Јосиф, Митрополит Тетовско – гостиварски

† Јосиф, Митрополит Кумановско – осоговски

† Горазд, поранешен Митрополит Европски

† Климент, Епископ Хераклејски

† Јаков, Епископ Стобиски /МИА.

Семејствата на жртвите на најголемиот пожар во Грција ја демолираа судницата (ВИДЕО)

Семејствата на жртвите кои загинаа во страотниот пожар во Грција во 2018 година денеска жестоко реагираа на пресудата со која шест лица беа осудени за дела поврзани со најсмртоносниот пожар во историјата на земјата во кој што загинаа 104 лица.

Судот во Атина денеска осуди маж за случајно палење пожар и петмина поранешни функционери на противпожарната служба. Судот ослободи 15 други лица, меѓу кои и регионални гувернери, од обвиненијата за прекршоци.

Еден од гувернерите бил обвинет и за убиство од небрежност, а семејствата на жртвите извикуваа „срам“ по читањето на ослободителните пресуди за функционерите.

Еден од присутните за време на изрекувањето на пресудата фрлил стол, поради што е приведен, јавуваат грчките медиуми. Тој не е единствениот кој направил хаос во судницата. Како што пренесува „Прототема“, членовите на неколку семејства почнале да фрлаат со столчиња и да ги навредуваат судиите додека ја напуштале судницата.

„Срам да ви е, немате ли деца?“, се слушало како викаат револтираните членови на семејствата на загинатите.

„Некорисни сте, животни!“ извикуваа огорчено.

„Цела Грција знае што се случи, сметавме на вас да ги осудите“, плачеа во судницата....

За потсетување, петмина осуденици, меѓу кои и поранешниот началник на противпожарната служба, добија казни од 15 до 111 години за повеќекратни кривични дела од небрежност што довеле до повреди и загуби на живот. Судијата претседавач наредил казните да се издржуваат истовремено, со затворска казна ограничена на пет години.

Сите петмина осудени функционери се ослободени и им е дозволено да платат парични казни наместо издржување на казната, проценета на до 40.000 евра, пренесува АП.

Шестиот човек, сопственик на имотот каде што избувнал пожарот, е осуден на три години затвор поради невнимание и исто така е ослободен.

Да потсетиме, 104 лица загинаа во пожарот во крајбрежниот град Мата, кој се случи во јули 2018 година. Преживеаните ги обвинија властите дека не ги координирале спасувачките операции и одговорот бил премногу бавен. Владата и локалните власти ги отфрлија обвинувањата, тврдејќи дека поради силните ветрови невозможна била навремена реакција и дека целата одговорност е на луѓето кои го подметнале пожарот.

Стојаноска:Во Платформа 1198 за Јегуновце предвидено реконструкција и изградба на инфраструра

На 24-ти април огромен број на гласачи испратија силна порака до актуелната, но и до идната власт. 

На актуелната власт и’ потпишаа решение за долгогодишен одмор, додека на идната власт и’ даваат можност да почне да ги исправа нештата, но без никаков простор за било каква грешка или пропуст, вели носителката на листа за пратеници во шестата изборна единица, Дафина Стојаноска на денешниот митинг во Јегуновце.

Таа посочи, додека актуелната власт се созема од добиениот нокдаун и најавува дека ќе почнела од нула, идната власт на ВМРО-ДПМНЕ потсетува на програмата платформа 1198 и на дел од инфраструктурните проекти за општина Јегуновце.

Проектите во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Јагуновце се следните:

- Реконструкција на патниот правец Желино – Јегуновце до 2028-ма година;

- Реконструкција на патниот правец Лешок – Шемшево до 2028-ма година;

- Реконструкција и изградба на локалниот пат Копанце – Туденце;

- Локален пат од Туденце до Сириќино, реконструкција на пат во Сириќино;

- Реконструкција на локални улици во Јегуновце;

- Доизградба на фекална канализација во Јанчиште и Подбреѓе;

- Изградба на фекална канализација во Ратае;

- Изградба на повеќенаменско спортско игралиште во Старо Село;

- Изградба на регионален пат Рогачево и

- Тампонирање на пристапни патишта во Јанчиште, Подбреѓе, Копанце, Раотинце, Туденце и Прељубиште.

Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, исто така додаде Стојаноска, ветува и 5.000 денари поголеми пензии за сите пензионери уште во првата година, спорт, градинка и учебник за секое дете, дигитален попис на населението во 2026-та, доходовна поддршка за земјоделците и уште многу други проекти кои ни ги предложија граѓаните, ни ги срочија експертите, а ни ги пресметаа и одобрија финансиерите.

Посочи дека идната власт нема да креира закони во затворени канцеларии и истите криминално да ги протнува низ Парламентот, туку ќе креира закони од и за народот, закони кои ќе бидат широко и отворено дебатирани и закони кои ќе добијат заслужен професорски експертски потпис од идната претседателка на Република Македонија, професорката Гордана Силјановска Давкова,се наведува во партиското соопштение.

Уапсен е легендарниот француски актер Жерар Депардје

Францускиот актер Жерар Депардје утрово е приведен во полиција, за да биде сослушан во врска со наводите за сексуален напад врз две жени.

Тој е одведен во полициска станица во Париз каде е сослушан. Две жени го обвинија актерот за сексуална злоупотреба.

Едната го обвинува дека непримерно ја допирал во 2014 година на сетот на „Магионичарот и гледачот“, а другата во 2021 година на снимањето на „Зелените очи“ на Жан Бекер.

Депардје ги оспорува фактите за кои е обвинет.

Првата жалителка, филмски декоратор, раскажала сè за настаните што се случиле во септември 2021 година. Во тоа време, Жерар учествувал на снимањето на Les Volets vertes на Жан Бекер.

- Еден ден, додека седел во ходникот, ја фатил оштетената за нозете и ја закачил меѓу своите бутови - рекла таа. Ја допирал по половината, градите и задникот и ѝ ги кажувал следните зборови според нејзината изјава: „Ќе ти го закачам мојот голем чадор во пи**ата“.

притисни ентер