Ова е новиот Рено Кангу (ВИДЕО)

Францускиот производител го претстави новиот Кангу , нов концепт на мултифункционални возила.

Кангу е еден од двата модела на Рено што се нудат и во електрична изведба . Актуелниот Кангу ZE има 60 Кс и со батериите 33 kWh нуди до 650 килограми носивост и вози на струја до 260 километри оддалеченост.

Новиот модел ќе нуди многу повеќе , кога следната година ќе се појави во продажба. Од комнпанијата најавуваат дека ќе биде поатрактивен како дизајн со ЛЕД светла споени на предниот дел . Ќе има дигитален кокпит и ново внатрешно осветлување.

Фабриката на Рено во Мабего , на северот на Франција вложи околу 450 милиони евра за да го развие Кангу и тоа електричниот и класичниот модел.

Единаесетгодишна Сара победник на натпревар на ФАО по повод Светскиот ден на храната

Единаесетгодишна ученика Сара Цветковска од Скопје освои прва награда на глобалниот натпревар на Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) по повод Светскиот ден на храната 2019 година.

Како што информираат организаторите на натпреварот, нејзиниот постер, на кој доминира пчела, е избран за прв од најдобрите три во категоријата од девет до 12 години.

– Пчелите се клучни чинители во ланецот на исхрана и играат важна улога во зачувување на безбедноста на храната, подобрувањето на исхраната и борбата против гладот, соопшти ФАО.

Светскиот ден на храната, според организаторите, ја инспирирало 11-годишна ученичка од Скопје да ја претвори својата имагинација и уметнички талент во цртеж кој повикува на „заштита на пчелите за постигнување на Свет без глад #ZeroHunger".

– Благодарение на пчелите ја имаме храната што ја јадеме. Со заштита на пчелите го заштитуваме животот на нашата планета. Пчелите и другите опрашувачи се неопходни за производство на овошје, зеленчук, јатки, семиња и масла кои ги јадеме, богати со микронутритивни материи. Пчелите се под закана на низа човекови влијанија – употреба на пестициди, загадување на воздухот и климатските промени, истакна Сара, која во својот цртеж објаснува „Пчелата ја носи на својот грб нашата планета за да покаже дека на мајката природа и се неопходни пчелите за да создава здрава храна".

Според Сара, ние сме им потребни на пчелите за да ги заштитиме, а пчелите ни се потребни за безбедна иднина на нашата храна и за Свет без глад".

– Без млади луѓе како Сара, Светскиот ден на храната не би бил посебен. Сара и нејзините пријатели натпреварувачи ширум светот се шампионите на Целта за одржлив развој "Нула Глад", кои помагаат да се шири зборот дека нашите дејства се наша иднина. Со грижa за животната средина и одржливо живеење, сите можеме да помогнеме во зачувување на нашите екосистеми и безбедноста на храната, наведуваат организаторите.

Бред и Џенифер ќе посвојат дете!?

Холивудските ѕвезди Бред Пит и Џенифер Анистон се уште се интригантни за јавноста.

Американските медиуми пишуваат дека старо новата двојка планира да посвои дете. Тие пренесуваат дека Бред и Џенифер во моментов престојуваат во Мексико за да посвојат девојченце?!

-Тие ќе бидат извонредни родители. Двајцата сакаат подеднакво да бидат вклучени во животот на девојченцето кое наскоро треба да го посвојат, отркил извор за странските медиуми.

Според истиот извор поранешните сопружници дури планирале да купот куќа која ќе ја претворат во дом за девојченцето, како и дека на Бред и Џенифер многу им значи поддршката од фановите кои ја очекуваат потврдата за нивното смирување.

Помош од волонтерите на Црвен крст побарале 25.064 лица за да се снајдат на клинички

Волонтерите од Црвен крст за пет месеци им помогнале на 25.064 лица полесно да се снајдат во универзитетските клиники во Скопје, информира Министерството за здравство.

Од Министерството оценуваат дека успешно функционира проектот во соработка со Црвениот крст во кој волонтерите им помагаат на пациентите полесно да се снајдат низ клиничкиот комплекс, со цел да стигнат до потребната клиника, до соодветната локација, потребното снимање, преглед или анализа.

-Во периодот од октомври, минатата година, кога стартуваше овој проект, до денес помош од волонтерите побарале 25.064 лица на седум клиники, каде се поставени пунктовите, што покажува дека оваа мерка е корисна за пациентите, стои во соопштението.

Волонтерите, како што се појаснува, се лоцирани на седум најфреквентни локации во комплексот клиники „Мајка Тереза", во периодот од 8:30 до 12 часот, секој работен ден.

Волонтерите на Црвениот крст од искуствата на терен информираат дека најмногу пациенти побарале помош за упатување на интерните и на хируршките клиники./МИА

притисни ентер