„Само Вистина“ со Солза Грчева и Насер Зибери

Во вечерашната „Само Вистина“ дебатираа Солза Грчева и Насер Зибери.

Ако партиите не поработат на мотивацијата кај гласачите тешко да се постигне цензус во вториот круг на изборите, смета Зибери. Грчева е убедена дека изборите нема да успеат.

На најавата на премиерот за „чистка“  Грчева вели треба „чистка“ на политиките а не на личности, тука е проблемот. За Зибери ова е добра најава, но според него суштината е во нешто друго.

Концептот ЕУ и НАТО пресуден кај Албанците за поддршката во вториот круг вели Зибери. Грчева на став дека пазарењата со гласовите веќе не минуваат кај гласачите.

Повеќе детали погледнете во најновото издание на „Само Вистина".

Сакал да смени грејач на шпоретот , па починал од струен удар

Вчера почина жител на скопско Визбегово од струен удар во обид да смени грејач на шпорет.

Вчера во 12,10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „5“ во с.Визбегово, Д.П.(42) при обид да смени греач на електричен шпорет во кујна, починал од струен удар.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството, соопшти МВР.

Започна Пролетниот параглајдинг куп „Крушево 2019"

Во Крушево денеска официјално започна првиот пролетен параглајдинг куп „Крушево 2019". Наредните седум дена од полетувлиштето на Мечкин камен 100-ина учесници од Балканот и од Европа полетуваат и ќе се натпреваруваат во рамките на Купот.

Пролетниот меѓународен параглајдинг куп „Крушево 2019" година е дел од проектот за локална и регионална конкурентност финансиран од Европска Унија, имплементиран од владата. Администратор на проектот е Светска банка.

Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски, кој го отвори Купoт и ги поздрави учесниците пред Инфо-центарот за авантуристички туризам во центарот на Крушево, локалната самоуправа сесрдно го поддржува.

-Сакам да ви посакам добредојде во нашиот град и ви посакувам успешен натпревар. Општина Крушево аплицира на многу проекти со чија помош инфрастурктурно ќе го доуреди полетувалиштето и ќе го направи попрофесионално и побезбедно, рече Христоски.

Ова е првпат што се одржува ваков пролетен меѓународен куп во Крушево. Инаку со ова почнаа домашните, европски и светски натпревари во параглајдерство кои ќе се одржуваат до крајот на септември во Крушево.

Излезноста во повеќето земји на ЕУ сепак е поголема од пред пет години

Според податоците што на социјалните мрежи ги објави организацијата  Europe Elects во поголемиот борј европски држави излезноста е поголема отколку на изборите во 2014.

За 14 држави за кои се објавени податоците, само три држави има помала излезнот отколку пред пет години , како што е Италија со незначително помал број , како и во Португалија и Бугарија.

Во Шпанија , пак до 12 часот излезноста е за 10,15 проценти поголема отколку пред пет години. Зголемена е излезноста во Унгарија (9,01%) , Романија (7,22%) и во ПОлска каде до 12 часот гласале 7,08% повеќе отколку во 2014.

Расте излезноста во Данска , Франција , Естонија и во Хрватска.

притисни ентер