ДИК : Пендаровски во водство пред Сиљановска – Давкова - Канал 5

ДИК : Пендаровски во водство пред Сиљановска – Давкова

Според податоците од Државната изборна комисија  кандидатот за претседател Стево Пендаровски е во благо водство пред Гордана Сиљановска Давкова.

ДИК : Пендаровски во водство пред  Сиљановска – Давкова

Според податоците на страницата на Државната изборна комисија , Пендаровски води со 41,5 проценти од гласовите , Гордана Сиљановска Давкова има 37,68 проценти , а Блерим Река 16,9 проценти од гласовите.

Овие податоци се однесуваат на девет проценти од преброените гласови , односно 13 проценти од гласачките места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешко во зеленчук

Во петок (19.06.2026) во емисијата гостин ни бeше Александар Спасенцовски.

„Гответе со Дракче“ - Пилешко во зеленчук

Состојки за денешниот рецепт:

250 гр. пилешки стек

половина тиквичка

1 рендан морков

1 зелена пиперка

1 црвена пиперка

половина главица кромид

кисела павлака

масло

сол и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Тепачка за фотелји и бизниси - реконструкцијата ја доведува власта до војна на кланови

Тендер коалицијата на Христијан Мицкоски се распаѓа пред очите на граѓаните. 

СДСМ: Тепачка за фотелји и бизниси -  реконструкцијата ја доведува власта до војна на кланови

Наместо Влада којашто работи за интересот на граѓаните гледаме отворена тепачка за фотелји, позиции и бизниси, која се заканува да премине во вистинска војна меѓу криминалните кланови.

ЗНАМ, партијата која беше создадена и финансирана од Мицкоски, повеќе не постои.

Преостанати се само двајца - Максим Димитриевски и Горан Минчев, кои сега се во директна борба за влијанија.

Димитриевски има свој човек и го сака Министерството за земјоделство а од друга страна Минчев не го сака Министерство за земјоделство, бидејќи знае дека таму парите се скратени а земјоделците се крајно незадоволни.

Филков сака да остане на позицијата министер за правда, за да може да ја контролира правдата, да ги спречува истрагите и да ги спроведува планираните тендери.

Стравот од одговорност и од идни истраги е оној што го тера да се држи до Министерството за правда по секоја цена.

Мицкоски, во меѓувреме, бара изговор за предвремени парламентарни избори.

Буџетот е празен, а можностите за ново задолжување се исцрпуваат.

Не може да си дозволи да не ги исплати пензиите. Затоа ќе се обиде да се задолжи до максимум, а кога повеќе нема да може - ќе побара излез преку избори.

Досега не успеа да добие алиби од опозицијата. Сега се обидува да го добие од некој од своите сателити, но и тие знаат дека таков потег ќе ги етикетира како соучесници во политичка манипулација.

Ова е слика на една организирана криминална група која се распаѓа одвнатре.

Кога нема резултати, кога нема пари, а стравот од истраги расте - тогаш започнува тепачка за фотелји и за контрола над институциите кои можат да ги заштитат од одговорност.

Ова не е борба за подобра Влада. Ова е борба за опстанок на криминална структура која се распаѓа.

Време е за вистина и правда.

Време е граѓаните да ја вратат власта во свои раце.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

20 професионалци, две европски дипломи: Конкурсот за стипендиите „Борис Трајковски" е отворен

Министерството за образование и наука го распиша Конкурсот за доделување на стипендиите „Борис Трајковски“ за студии од втор циклус во рамки на Пан-европската извршна МБА програма на Универзитетот Јорк за академската 2026/2027 година.

20 професионалци, две европски дипломи: Конкурсот за стипендиите „Борис Трајковски" е отворен

Конкурсот предвидува 20 стипендии за вонредни двегодишни студии со двојна диплома од Универзитетот Јорк и Универзитетот во Стразбур, кои се реализираат на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк во Солун, Грција.

Програмата е наменета за стручни лица од различни профили и за бизнис менаџери вработени во приватниот и во јавниот сектор, а се нуди во шест насоки: Општ менаџмент, Маркетинг, Финансии, Менаџмент во логистика, Менаџмент во здравство и Менаџмент на човечки ресурси.

„Горди сме што продолжуваме да ја градиме оваа партнерска приказна со македонската Влада. Преку стипендиите „Борис Трајковски“ повеќе од 20 години на македонските професионалци им овозможуваме пристап до врвно европско образование без да ја напуштат државата и без да го прекинат своето кариерно темпо, диплома од два угледни европски универзитети која се стекнува тука, во регионот“, изјавија од Европскиот кампус на Универзитетот Јорк.

Наставата се одвива за време на викенди со физичко присуство на Европскиот кампус во Солун, дополнета со три студиски недели на Универзитетот Јорк во Обединетото Кралство, на Универзитетот во Стразбур во Франција и во Солун, Грција. Сите предавања се на англиски јазик, а по успешното завршување студентите добиваат две дипломи за извршни мастер студии по деловна администрација.

Пан-европската МБА програма е дел од ексклузивната група од само 300 ЕМБА програми и образовни институции на глобално ниво акредитирани од престижната AMBA. Дополнително, Пан-европската МБА програма е акредитирана од Институтот за менаџмент од Велика Британија (CMI) и вклучува заедница од повеќе од 4 000 студенти и досегашни дипломци, што само дополнително говори за нејзината огромна академската вредност.

„Извршната МБА е дизајнирана за луѓе што веќе се докажале во кариерата и бараат следен чекор. Ги охрабруваме сите амбициозни професионалци од Македонија да се пријават и да ја искористат оваа единствена можност за диплома од два угледни европски универзитети, без да го напуштат регионот и да го прекинат своето кариерно темпо“, изјавија од Европскиот кампус на Универзитетот Јорк.

Европскиот кампус на Универзитетот Јорк во Солун, Грција претставува уникатна меѓународна институција која ги поврзува академските, истражувачките, националните и корпоративни мрежи низ целиот регион. Универзитетот Јорк е водечка британска академска институција, член на престижната Russel група, рангиран меѓу топ 8% универзитети во светот и се наоѓа на 154-то место според Times Higher Education World University Rankings 2026, како и меѓу Топ 20 универзитети во Обединетото Кралство.

Краен рок за пријавување за стипендиите „Борис Трајковски“ е 31 јули 2026 година. Сите потребни информации за подготовка на апликацијата и достава на документите се достапни на линкот од Конкурсот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер