Пендаровски од Дојран и Богданци: Да излеземе масовно во недела и да избереме напредок

Стево Пендаровски кандидатот за претседател поддржан од граѓаните и од 31 политичка партија, на средби со жителите на Дојран и Богданци

Пендаровски ги повике граѓаните во недела, на 21 април, со својот глас за бројот 3 да одлучат за сигурна иднина и да изберат напредок за европска држава

Со гласот за Гордана Сиљановска може да се вратиме само назад, во времето Груевизмот и да се продолжат штетните политики на Иванов, додаде тој.

„Ајде да излеземе масовно на гласање во недела и да избереме напредок. Заедно да победиме, заедно да одиме напред. Да го исполниме заветот на борците, пред чиј споменик стоиме и кои ни дадоа аманет-Ние се втемеливме, вие градите. Во изминативе речиси две години сите сме сведоци на еден целосно нов пристап во односите со соседите, кој ги решава најтешките проблемите, и ги отвора портите на Северна Македонија кон напредок, сигурна иднина и светот.“, рече кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

Пендаровски побара максимална мобилизација на изборите , бидејќи станува збор за патот по кој треба да продолжи земјата, секој глас е важен.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер