Пендаровски од Валандово: Во недела гласаме за развој, интеграција и напредок, продолжуваме Заедно напред

Стево Пендаровски, заедничкиот кандидат за претседател, на средба со жителите на Валандово .

Пендаровски порача дека Валандово и цела Македонија на 21 април и 5 мај ќе слават победа на опцијата која нуди економски развој, подобар и побогат живот, повисок животен стандард и сигурна иднина.

- Вашиот сограѓанин кој досега недостојно ја извршуваше функцијата претседател, работеше против граѓаните и поддржуваше само една партија. Сите проекти кои носат добро на народот и државата ги кочеше. Противкандидатката Сиљановска има амбиции да биде иста како него и гласот за неа на изборите ќе значи и глас политиките на Иванов да продолжат. Но знам дека граѓаните овде во Валандово, граѓаните низ целата држава нема да дозволат тоа да се случи, порача Пендаровски.

Пендаровски пред граѓаните порача дека со решавањето на отворените прашања се отворија вратите кон ЕУ и НАТО и затоа потребно е да се искористи позитивниот момент и да продолжи процесот на интеграција во двата најголеми светски сојузи.

- Затоа, во недела на 21 април масовно да гласаме за број 3, да победи концептот на напредок, на инетргација и развој. Продолжуваме заедно напред, повика Пендаровски.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер