Укажа дека со неговиот нов концепт ќе ги корегира досегашните политики на власта.
-За да биде држава, треба да има владеење на правото. Немаме друга опција, освен ЕУ и НАТО, а корупцијата и невработеноста мора да запрат. Треба да се знае и дека ние не сме статистички народ, туку ние сме Албанци, рече Река.
Претседателот на Алијансата на Албанците Зијадин Села упати критики до СДСМ и ДУИ зашто, според него, Албанците во оваа коалиција не се добро претставени.
-Имаме должност да ја тргнеме вашата маска и тоа што 18 години манипулирате со Албанците. Ние некогаш нема да поддржиме некој кој не е како нас и не е Албанец, нагласи Села.
Пред жителите на Желино зборуваше и претседателот на БЕСА, Билал Касами. Рече дека ДУИ не треба да прават ваков консензус зашто „кога правиш нешто, прво зборуваш со браќата, а не со соседите".
-Пендаровски знае дека нема да го има чистиот глас на Албанците. ДУИ во 2014 година не го поддржа зашто беше опозиција, а сега му дава поддршка зашто е дел од власта, истакна Касами.
На митингот се обрати и градоначалникот на Желино, Блерим Сејдиу./МИА