ВМРО- ДПМНЕ: Граѓаните им свртеа грб на Заев и Пендаровски

Пендаровски и Заев мораа  да носат полупразни автобуси од цела Македонија за да го пополнат колку толку просторот пред бината од која ги лажеа дојдените активисти реагираат од ВМРО- ДПМНЕ.

Граѓаните не излегоа на митингот на СДСМ, туку само мал број партиски активисти. Митингот на СДСМ денес е најголем дебакл на оваа партија и доказ дека граѓаните се против антидржавните политики, против криминалот, непотизмот, хаосот во земјоделието, деградираното образование и здравство.

И покрај сите притисоци закани и уцени граѓаните одлучија да не излезат на митингот и да не дадат поддршка за антидржавните и криминални политики на власта.

Слабата посетеност на митингот во Скопје е знак дека Заев си заминува.

Вчерашниот грандиозен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и денешниот слаб митинг на Зоран Заев се доказ дека СДСМ губи во недела. Зоран Заев и Стево Пендаровски денес добија јасна порака од граѓаните во недела Пендаровски губи и од тоа нема назад.

Скопје никогаш не испратило појасна порака. Доаѓа правда за Македонија. Татковината повикува.

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава кон делото на македонскиот револуционер, идеолог и учител, Гоце Делчев. 

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава кон делото на македонскиот револуционер, идеолог и учител, инспираторот и водачот на македонската револуционерна организација, Гоце Делчев, во која вели:

„Денеска, кога чествуваме 121 година од смртта на големиот македонски револуционер, идеолог и учител, Гоце Делчев, треба да се потсетиме на неговата идеја за културен натпревар меѓу народите. Во време кога во повеќе делови на Европа и светот беснеат војни, Гоцевите зборови делуваат како отрезнувачка порака за човештвото.” - истакна Ковачевски.

Претседателот на СДСМ, Ковачевски, посочи дека борбата на Делчев за слободна и независна македонска држава ќе остане вечен паметник за жртвата што ја дале тој и неговите современици.

„Нашата борба денеска, повеќе од еден век подоцна, е за Македонија која ќе биде дел од Европската Унија, држава со европски животен стандард и европски вредности.” - посочи Ковачевски.

Осврнувајќи се на аманетот кој го имаат оставено револуционерите низ македонската историја, Ковачевски посочи: „Како што Делчев и Илинденците не се откажале од нивната борба, така и ние не треба да се откажеме од нашата борба за подобра Македонија за нашите деца и внуци. Само ако успееме да изградиме почитувана, достоинствена и просперитетна држава ќе ја заслужиме почитта на следните генерации." - рече Ковачевски, се наведува во партиското соопштение.

Малолетник отвори оган во зграда во Стокхолм, уапсен е

Шведската полиција денеска уапси тинејџер во населбата Хамарби Сјостад во јужниот дел на Стокхолм, откако во петокот околу 22 часот добила пријава дека неколку истрели се испукани во врата од стан.

„Неколку лица беа во станот и моментално ги бараме осомничените сторители“, изјавила портпаролката на полицијата Надја Нортон, пренесува шведскиот јавен сервис СВТ.

Полицијата одби да ја открие точната возраст на момчето, туку само изјави дека станува збор за „постар тинејџер кој се уште не наполнил 18 години“.

Во престрелката не се повредени станарите од приватната куќа.

„Истрагата е сè уште во рана фаза, така што не можеме да кажеме повеќе“, изјави полицискиот претставник Пер Фалстром.

Афтонбладет пишува дека полициска екипа извршила рација набргу по пукањето.

Полицијата испратила повеќе патроли на местото на настанот, кои биле ангажирани за заштита на траги и разговори со сведоци.

Отворена е прелиминарна истрага за убиство во обид.

Мицкоски: Очекувам ДУИ да прави изборни нерегуларности, истураат многу кеш во предизборието

Ако ме прашувате за изборните нерегуларности кои што беа случај во првиот изборен круг, а за кои причина беше Демократската унија за интеграција, јас очекувам такво нешто да се случи и во вториот круг. 

Ние до претставниците на меѓународната заедница, до ОБСЕ и ОДИХР доставивме список на избирачки места каде што во определен временски интервал, гласањето е во просек помалку од една минута, што наведува на тоа дека таму имаме бројни нерегуларности. Односно, да бидам попрецизен, полнење на кутии и на тие избирачки места, чудно но вистинито, фингер принт, односно терминалите за отчитување на отисок од прстот, не работеле во тој период, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски запрашан дали очекува ДУИ повторно во вториот круг претседателски и прв парламентарни избори да прави изборни нерегуларности.

Додаде дека очекува нешто слично да се случува и во вториот круг, но и дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено и дека за тоа е информирано и министерството за внатрешни работи со цел на определените избирачки места да го зголеми бројот на безбедносните сили.

„Го информирав и министерството за внатрешни работи да ги засили своите сили таму, припадниците на МВР да вршат мониторинг на процесот на гласање во тие избирачки места. Генерално станува збор за избирачки места во скопски Сарај, Липково, Арачиново и така натаму. Треба македонската јавност и граѓаните на Македонија, дека ДУИ преку своите политики не ги освојува гласачите, туку таа буквално, под притисок и со мерки и средства кои што се недозволени во демократијата, ги добива гласовите. Така што, слободно можете оној резултат од првиот круг на Европеецот Османи да го поделите со два и ќе ја добиете реалната поддршка на Демократската унија за интеграција која што повеќе од 20 години на два начина добива гласови. Најпрвин со епската манипулација и повикување на 2001, а паралелно со тоа местење тендери и втората е преку притисок, закани, уцени и поткуп“, рече Мицкоски.

Мицкоски упати и повик до меѓународната заедница будно да го следи процесот и да не го факторизираат криминалот на ДУИ кои што истураат огромни количини на кеш пари, кои сакаат да бидат дел од власта за на исти начин да ги наплатат и повторно ги вратат тие количини на кеш.

„Тука ја повикувам и меѓународната заедница да не го факторизира криминалот на ДУИ, бидејќи тие сега истураат огромни количини кеш, ги знаеме и менувачниците каде се истураат тие огромни количини кеш, а потоа на тој начин сакаат да бидат дел од владата за да се наплатат и повторно ги вратат тие количини на кеш. Така што, уште еднаш апелирам и до меѓународната заедница будно да го следи процесот, бидејќи ова што се случува изминативе денови и ова што очекуваме да се случува во следниве денови, ги поминува, би рекол, условите во определени места да одржување избори во многу по неискусни демократии од македонската. И навистина ова што се случува е катастрофално за демократијата, во определени средини. Можам да кажам дека високи функционери, дури и членови на владата го прават ова придружувани од припадници на министерството за внатрешни работи кои што се легитимираат кога ќе бидат фатени еклатантно, односно во процесот кога се случуваат овие притисоци и поткупи“, истакна Мицкоски, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер