Заев,Пендаровски и Андонов од Ново Село: За европска општина и европска држава, да дадеме поддршка на успешната опција Заедно Напред

Претседателот на СДСМ Заев, претседателскиот кандидат  Пендаровски и кандидидатот за градоначалник, Андонов, повикаа на поддршка на единствената успешна опција за државата Заедно Напред.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски и кандидидатот за градоначалник, Никола Андонов, со оглед дека во општината ќе има двојни избори, на трибината со жителите на Ново Село, повикаа на поддршка на единствената успешна опција за државата Заедно Напред.

-Ќе го поддржам влегувањето во НАТО, очекуваме до крајот на годината да станеме полноправна членка. Во јуни очекуваме почеток на преговорите си ЕУ, и тоа ќе го поддржам. Само со членство во НАТО и ЕУ се отвораат економските перспективи. Нашиот слоган е Заедно Напред, Напред е јасно, никој не сака назад, а Заедно мораме сите, затоа што ова е мултуетничко општество. И нема граѓани од прв и од втор ред, сите сме еднакви, рече кандидатот за претседател на државата, Пендаровски.

Кандидатот за градоначалник, Никола Андонов, вети европска општина.

- Многу луѓе ме прашуваат зошто ти, што ти треба, ништо не ми треба, нрмам намера да правам кариера, да правам пари. Сакам да помогнам на општина Ново Село, гранична општина сме, меѓу европски општини, можеме и до фондови да дојдеме, да ја развиеме општината во убава европска општина, рече кандидатот за градоначалник на Ново Село, Никола Андонов.

Претседателот на СДСМ и премиер, Заев рече дека е среќен што дава поддршка на двајца добри и чесни луѓе кои се нафатиле да водат и повика на максимална сериозност и масовна излезност, за да продолжат позитивните промени во државата.

-Овде ќе се слави победа на новиот претседател на државата, Стево Пендаровски и на новиот градоначалник на Ново Село, Никола Андонов. Еве ќе бидеме членка на НАТО до крајот на годината, а ќе отпочнат и преговорите со ЕУ. Стево ќе го поддржи овој пат, а Ново Село треба да избере и градоначалник што го заслужува. Ветив и ќе држиме лекции по економија што граѓаните ќе ги почувствуваат дома и на животниот стандард, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев на трибината со жителите на Ново Село.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер