Британскиот парламент веројатно ќе распише нов референдум за Брегзит

Британскиот министер за финансии , Филип Хамонд денеска изјави дека парламентот најверојатно ќе гласа за распишување втор референдум за Брегзит и покрај противењето на владата.

Хамонд изрази надеж дека парламентот ќе ја разреши кризата со Брегзитот со усвојување на договорот за Брегзит до крајот на јуни , потенцијално завршувајќи ги повиците за нов референдум , а постојат и добри изгледи за напредување во преговорите со опозициската Лабуристичка партија.

,,Останувам оптимист дека во наредните месеци ќе дојдеме до договор.” , изјави Хамонд во Вашингтон , каде присуствува на пролетното заседание на ММФ.

Можноста за втор референдум секако не може да биде отфрлена, вели Хамонд.

,, Тоа е предлог , што доколку се земе во предвид се, веројатно во некој момент ќе биде претставен пред парламентот.” , порача Хамонд.

Лабуристичките пратеници го притискаат опозицискиот лидер Џереми Корбин да побара нов референдум за Брегзит во преговорите со премиерката Тереза Меј.

Алигатор од 4 метри „ненајавено посети“ училиште во Флорида (ВИДЕО)

Експерти за диви животни биле повикани во училиште во Флорида откако граѓани забележале алигатор како талка по патеката.

Локалната полиција набрзо пристигнала на местото на настанот. Било истакнато дека рептилот талка низ делот што секојдневно го користат децата, пренесува UPI.com.

На Инстаграм е објавено видео од фаќањето на импресивен алигатор од 3,8 метри.

„Надлежните служби беа на штрек додека не беше фатен, за да се обезбеди безбедност на граѓаните“, соопштено е.

Опасниот предатор е вратен во природното живеалиште, далеку од градското подрачје.

Се верил со порно актерка, ѝ дал прстен од милион долари, па сега се премисли (ФОТО)

Рајан Гарсија неодамна го победи американскиот боксер Девин Хени и му го нанесе првиот пораз во кариерата, но на крајот не го доби појасот затоа што на мерењето ја надмина границата со килограми.

Во меѓувреме, Гарсија стана центар на допинг скандал, тој беше позитивен на остарин, кој помага за зголемување на мускулната маса и најверојатно ќе биде суспендиран.

Но, она што најмногу ги наполни страниците на светските медиуми е тоа што тој ја запроси познатата порно актерка Савана Бонд. Сепак, многу брзо се „скрши“ и е виден во друштво на неколку топ модели.

– Тоа не беше мојот најдобар потег – рекол Гарсија, кој потрошил милион долари на прстенот, пренесуваат медиумите.

Гарсија гостувал во подкаст и на прашањето дали веќе раскинал со Савана, тој рече - ДА!

Се осврна и на приказните за допингот.

- На крајот на краиштата, јас не пијам стероиди, никогаш во животот не сум земал стероиди. Едвај земам суплементи. Чист сум во текот на целиот е*ен камп, а потоа наводно бев потежок ден пред и потоа.

Јапонските власти со апел да не се оди во шума, откако мечка уби човек

Жителите на североисточниот дел на Јапонија се предупредени да останат во затворени простории ноќе и да не прават никаков шум или бучава, за евентуално да не ги исплашат и налутат мечките кои станаа заканувачки опасност во оваа земја.

Луѓето во североисточна Јапонија се предупредени да внимаваат на диви мечки, откако еден човек беше пронајден мртов со длабоки исеченици, а полицајците биле тешко повредени.

Двајца полицајци биле нападнати во саботата во градот Казуно, во префектурата Акита, додека го извлекувале телото на исчезнатиот маж, објавија јапонските медиуми.

Еден човек бил пронајден мртов откако неколку дена претходно отишол да бара бамбус во планините.

Се уште не е потврдено дали мечка е одговорна за неговата смрт.

Повредите на полицајците, иако сериозни, се верува дека не се опасни по живот.

Во потрагата по мечките се вклучени полициски хеликоптер и автомобили. Пошумените површини во Казун се затворени „на неодредено време“ - со поставени предупредувачки знаци.

Жителите се предупредуваат да не излегуваат навечер и да држат ѕвона или нешто слично во рацете за да ги исплашат мечките доколку наидат на нив.

притисни ентер