Пендаровски во Кавадарци: Нè интересира подобар животен стандард и да го сопреме иселувањето на младите

Нè интересира подобар животен стандард и да го сопреме иселувањето на младите кои со години беа просто терани да бегаат од својата земја.

Со стапки на развој, како што докажуваат сите земји членки, ќе станеме дел од европското семејство – безбедно, богато и со среќни луѓе кои иднината ја гледаат во своите земји. Брзи решенија на тој пат нема. Но оваа генерација македонски политичари не ви вели дека тоа ќе се реши за година или за две, ви вели дека нема друг пат како што тврди, за жал, се уште главната опозициска партија, истакна

кандидатот за претседател од СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски вечерва во Кавадарци.

Нагласи дека оваа коалиција заслужува уште една поддршка и уште една голема победа и дека по долги години се решени неколку проблеми со соседите, спорот за името, направена е конечна имплементација на Рамковниот договор. Лани беше година на интеграции, рече тој, оваа и следната се прогласени за економски години – економијата бележи раст, нови економски фондови и можности допрва доаѓаат. Загарантирани ни се границите и безбедноста со НАТО.

Зборувајќи за политиките во земјоделството пред жителите од лозарскиот крај, претседателот на СДСМ Зоран Заев рече дека исплатени се 110 милиони евра заостанати субвенции, и ги спомна долговите од Повардарие и од неколку други визби.

-Сите ги исплативме. Стечајни постапки се отворија. И тие ги исплативме. Овие денови сите земјоделци повратија персонален данок на доход што поднесоа за поврат до еден милион денари што имаат приходи. Секој што во иднина ќе поднесе, има право на поврат на тој персонален данок. Четрстотини дваесет и четири грантови од по десет илјади евра само во областа на земјоделието доделивме оваа последна година. И продолжуваме понатаму… Знам дека не е задоволството комплетно за се, но никогаш досега порано немало вакви политики, рече Заев.

Тој зборуваше за интеграцијата и економските придобивки. Да се оди напред заедно, здружени. сплотени, тогаш има успех. Патот по кој сме тргнале е единствениот, рече Заев, повикувајќи на поддршка за Стево Пендаровски кој ќе биде претседател на сите.

Израелскиот амбасадор во Шведска го осуди палењето на Куранот во Малме (ВИДЕО)

Амбасадорот на Израел во Шведска, Жив Нево Кулман, го осуди денеска палењето на Куранот во Малме.

Две лица денеска го запалија Куранот во Малме, а едното од нив беше завиткан во израелско знаме, објави „Тајмс оф Израел“.

„Палењето на светата книга Куранот додека се вее израелското знаме е грозен чин на непочитување, не само за 20 отсто од израелските граѓани кои се муслимани, туку и против вредностите како што се толеранцијата и меѓусебното почитување. Го осудувам овој кукавичкиот чин на најсилен можен начин. Малме треба да го обедини музиката наредната недела поради Евровизија“, објави Кулман на платформата Х (Твитер).

Како што претходно објави финскиот јавен сервис Yle, две лица вчера прво прочитаа делови од Библијата, го влечеа Куранот на кучешки поводник, запалија страници од муслиманската света книга и го згазија палестинското знаме.

Властите во Хјустон повикаа на евакуација поради огромните поплави (ВИДЕО)

Се предвидува дека во Хјустон, Тексас, ситуацијата со поплавите ќе се влоши, еден ден откако силно невреме го зафати регионот, а властите ги предупредија жителите во ниските области на градот да се евакуираат пред очекуваните големи поплави.

Според прогнозата на метеоролозите, количината на врнежи од 2,5 до 7,6 сантиметри на метар квадратен вечерва ќе доведе до големи поплави.

Во Хјустон вчера околу 20 луѓе беа спасени од поплавеното подрачје, вклучително и оние кои се качиле на покривите на своите домови.

Локалните власти соопштија дека неколку стотици згради се во опасност од поплави, како и дека наставата во училиштата е откажана, а некои патишта се затворени поради поплави.

Обилните дождови со недели го зафатија Тексас и делови од американската сојузна држава Луизијана, а делови од југоисточниот дел на Тексас, северно од Хјустон, се поплавени.

Надал ги демантираше гласините за пензионирање по Ролан Гарос

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ги демантираше гласините дека неговиот настап на претстојниот Ролан Гарос ќе биде последен во неговата кариера.

Рекордерот по освоени Гренд слем титули во Париз (14) и оваа сезона има намера да се бори за трофејот во француската престолнина, но поради проблеми со повредите, некои медиуми побрзаа да го пензионираат што е можно поскоро.

Но, тоа воопшто не му се допадна на Надал, па по поразот од Јиржи Лехечка во Мадрид се наврати на медиумите и изјави дека се уште нема намера да се пензионира. Особено не во Париз, каде летово би можел да се најде како член на олимпискиот тим на Шпанија.

-Мојот сон е последен пат да се натпреварувам на Олимписките игри. Никогаш не реков дека мојата кариера ќе заврши на Ролан Гарос, јасно подвлече Надал за шпанскиот канал „Мовиестар“.

Рафаел Надал моментално е 512. играч во светот, има 37 години и сезонава забележа три победи и два порази. Во текот на својата блескава кариера оствари биланс од 1.071 победа и 222 порази. На врвот на светската АТП листа стигна во 2008 година, додека во текот на кариерата освои 92 титули и нешто повеќе од 130 милиони долари на турнири.

притисни ентер