Туск со предлог Брегзитот да се одложи на најмногу една година

Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, на ден пред вонредниот самит на лидерите на земјите членки на ЕУ , Брегзитот да се одложи на  најмногу една година и да и се даде на Британија флексибилен рок.

Рокот за излез на Британија од ЕУ , според Туск, би траел се додека британскиот Парламент го одобри договорот за Брегзит. Минатата недела Британската премиерка побара одложување до 30 јуни , со тоа што сака да има уреден Брегзит со договор , а потврди и дека е подготвена да ги организира европските избори , доколку на 23 мај Британија и натаму остане членка на ЕУ.

Британскиот Парламент вчера го усвои планот за одложување на Брегзитот до 30 јуни , а Тереза Меј по утрешниот самит во Брисел , повторно ќе седне на маса со опозициските Лабуристиво обид да најде компромис , за нејзиниот договор постигнат со првите луѓе на ЕУ минатата година , да добие зелено светло.

Туск во писмото до лидерите на 27 земји членки на ЕУ наведува дека нема голема надеж дека пред крајот на јуни ќе биде постигнат комнпромисот и ќе биде изгласан Брегзитот во британскиот парламент.

,, Затоа верувам дека треба да расправаме за алтернатива, за подолго одложување. Една од можностите би било флексибилното одложување, што би траело колку што би траело , но не подолго од една година , зашто по овој рок ние ќе треба да решаваме за некои клучни европски проекти.”

Туск додава и дека долготрајното одложување обезбедува поголема сигурност и предвидливост и ќе ја отстрани потребата од постојано повторување на вонредни самити за Брегзит.

Јапонските власти со апел да не се оди во шума, откако мечка уби човек

Жителите на североисточниот дел на Јапонија се предупредени да останат во затворени простории ноќе и да не прават никаков шум или бучава, за евентуално да не ги исплашат и налутат мечките кои станаа заканувачки опасност во оваа земја.

Луѓето во североисточна Јапонија се предупредени да внимаваат на диви мечки, откако еден човек беше пронајден мртов со длабоки исеченици, а полицајците биле тешко повредени.

Двајца полицајци биле нападнати во саботата во градот Казуно, во префектурата Акита, додека го извлекувале телото на исчезнатиот маж, објавија јапонските медиуми.

Еден човек бил пронајден мртов откако неколку дена претходно отишол да бара бамбус во планините.

Се уште не е потврдено дали мечка е одговорна за неговата смрт.

Повредите на полицајците, иако сериозни, се верува дека не се опасни по живот.

Во потрагата по мечките се вклучени полициски хеликоптер и автомобили. Пошумените површини во Казун се затворени „на неодредено време“ - со поставени предупредувачки знаци.

Жителите се предупредуваат да не излегуваат навечер и да држат ѕвона или нешто слично во рацете за да ги исплашат мечките доколку наидат на нив.

Тесла ги намали цените поради падот на продажбата, но се појави нов проблем

Tesla работи на смирување на некои европски компании за лизинг откако намалувањето на малопродажните цени на нејзините возила ја намали вредноста на нивните возни паркови.

Напорите на Тесла вклучуваат неофицијални попусти за купување нови автомобили доколку се на залиха и решавање на широко распространетите поплаки за сервисирање, поправка и нарачка, по години во кои менаџерите на возниот парк и лизинг компаниите предупредуваа дека Тесла ги игнорира проблемите, објави Ројтерс.

Тесла ги намали малопродажните цени за да ја зголеми продажбата како одговор на послабата глобална побарувачка за електрични возила и зголемената конкуренција, особено од кинеските производители на електрични возила, како што е BYD. Ова, пак, им наштети на конечните резултати на нејзините најголеми клиенти во Европа.

Лизинг-компаниите купуваат нови автомобили и преговараат за лизинг пресметан според тоа за колку тие веруваат дека можат да ги продадат на крајот на лизингот. Ненадејните падови на цените ја поткопуваат таа резидуална вредност.

Нема „ништо полошо“ од постојан пад на вредноста на средствата на купувачот на возниот парк, рече Ричард Кнбен, извршен директор на групацијата Leaseurope.

Форд запали по 74 години на отпад (ВИДЕО)

Овој Ford Model T запали по 74 години. Може да биде и светски рекорд.

Автомобилот бил во очајна состојба бидејќи никој не го одржувал со години. Корозија го зафатила.

Екипажот во Jennings Motorsports го поправи и тој проработи.

Пред палењето ја снимиле целата процедура за поправка, која не била комплицирана. Сепак, на крајот од ова видео тие не можеле да го возат бидејќи автомобилот се уште имал бројни проблеми.


притисни ентер