За време на митингот, претседателскиот кандидат, проф. Река беше придружуван од лидерот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села, а исто така и од лидерот на Движењето БЕСА, Билал Касами.
Лидерот на движење Беса потенцира дека на овие избори немаме било каков кандидат, го имаме проф. Блерим Река, дипломат кој што го има застапено Македонија.
“Тука сме за да покажеме дека проф. Река е најдобар избор за сите Албанци. Проф. Река со подршката на сите Албанци ќе го помине вториот круг и ќе биде победник на овие избори. Покана кон сите Албанци, Македонци, Роми да гласат за Блерим Река затоа што тој е најдобар избор и најдобар кандидат за Македонија", истакна Касами. Меѓу друго, лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села во текот на средбата јасно потенцира дека подршката за Блерим Река е правниот пат кој што треба сите да го следиме.
"Дел сме од претседателските избори и сите треба да го следиме овој пат. Ова е симболика на патот на победата. Со вашата подршка, одиме со глава нагоре на изборите и ние нема да станаме дел од тие кој што се срамат што подржуваат одредени кандидати. На 21 Април продолжуваме кон победата, сите да го подржуваме проф. Блерим Река", потенцираше Села.
Во текот на средбата Река и даде посебна важност на слободата на гласачот а не диктатот на другите партии.
“Вашата присутност во овој голем број, го потврдува дека сте против диктатот. Дел сме од едно време, каде владеачките албански партии го спротиставуваат единствениот албански кандидат. Владеење на поединецот, пак ја приватизира државата. Цели 11 години, имавме заробена и приватна држава“, истакна Река.