Заев и Османи на одбележување на 8-ми април – Меѓународен ден на Ромите

Премиерот Зоран Заев, придружуван од вицепремиерот Бујар Османи, учествуваа на настан „Предизвиците и перспективите на Ромите “, организиран од здружението „Ромаверзитас“ и Ромскиот образовен фонд, по повод Меѓународниот ден на Ромите.

Во своето воведно обраќање премиерот Зоран Заев, од свое лично име и од името на Владата, се заблагодари на сите кои активно работат за подобрување на состојбата на Ромите во државата.

„За нас, за оваа Влада, целите на Првиот Светски Конгрес на Ромите, како и на Европската Платформа за вклученост на Ромите не се само обврска. Тие се искрена желба и посветеност да градиме инклузивно општество во кое никој, ниту еден, нема да биде запоставен. Еднакви права и достоинствен живот за сите е единствениот пат до успешна, заедничка Македонија, дом за сите, интегрирана во Европската унија“, истакна премиерот Заев.

За настанот, кој како што рече премиерот Заев, освен што трага по одговорите за предизвиците и перспективите на Ромите во земјава , истовремено е уште еден заеднички чекор како на најдобар можен начин да се промовира и практикува стратешката определба за изградба на концептот „Едно општество за сите“, по углед на големата европска идеја - Обединети во различностите.

„Еден од чекорите за остварување на оваа наша определба е и Стратегијата за Ромите и Националните Акциони планови, како дел од јавните политики на државата, за еднакво вклучување на Ромите во општествените текови. При тоа, зедмјата се води од желбата за подобрување на квалитетот на живот кај сите свои граѓани, но и од нејзините аспирации за евроатланската интеграција и вклучување во европските иницијативи за социјална вклученост“, подвлече премиерот Заев.

Во рамки на настанот за одбележување на Меѓународниот ден на Ромите, свое обраќање имаше и заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, кој посочи на европските вредности на солидарност, еднаквост и рамноправност, како клучни елементи со кои земјава го гради својот модел на мултикултурна и мултиетничка функционална демократија.

„Повеќе од илјада години, Ромите и нивното културно наследство се составен дел на европската општества и европската култура, вградувајќи се притоа и како важен елемент на Европската Унија, каде прашањето за еднаквост и заштита на Ромите од дискриминација има посебна важност. Процена е дека на европскиот континент популацијата на Роми брои 10 милиони жители без матична европска држава, со што тие практично претставуваат најголемото етничко малцинство во Европа. Имајќи предвид дека земјава е силно посветена на изградбата на мултикултурно општество, со механизми за заштита на правата на сите етнички заедници имплементирани преку Охридскиот рамковен договор, убав предизвик е да создадеме услови Ромите да ја чувствуваат земјава како нивна матична европска земја која ќе се грижи за нивните права насекаде“, истакна вицепремиерот Османи, нагласувајќи ја извесната европска иднина на земјата, како членка на Европската Унија.

На настанот свои воведни обраќања имаа и шефот на Делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар и извршниот директор на Ромскиот образовен Фонд (РЕФ), Надир Реџепи, по кои следуваа тематските обраќања на алумнистите на „Ромаверзитас“ и РЕФ, Фикрија Таир, Елвис Шаќири и Сенада Сали.

Уапсен е легендарниот француски актер Жерар Депардје

Францускиот актер Жерар Депардје утрово е приведен во полиција, за да биде сослушан во врска со наводите за сексуален напад врз две жени.

Тој е одведен во полициска станица во Париз каде е сослушан. Две жени го обвинија актерот за сексуална злоупотреба.

Едната го обвинува дека непримерно ја допирал во 2014 година на сетот на „Магионичарот и гледачот“, а другата во 2021 година на снимањето на „Зелените очи“ на Жан Бекер.

Депардје ги оспорува фактите за кои е обвинет.

Првата жалителка, филмски декоратор, раскажала сè за настаните што се случиле во септември 2021 година. Во тоа време, Жерар учествувал на снимањето на Les Volets vertes на Жан Бекер.

- Еден ден, додека седел во ходникот, ја фатил оштетената за нозете и ја закачил меѓу своите бутови - рекла таа. Ја допирал по половината, градите и задникот и ѝ ги кажувал следните зборови според нејзината изјава: „Ќе ти го закачам мојот голем чадор во пи**ата“.

Санчез на лето ќе го напушти Интер како слободен играч

Напаѓачот Алексис Санчез ќе го напушти Интер на крајот од актуелната сезона, пренесува новинарот Фабрицио Романо.

Според Романо, фудбалерот ќе го напушти клубот како слободен играч. Договорот на 35-годишниот Чилеанец истекува на 30 јуни.

Претходно, италијанските медиуми пишуваа дека Интер не е заинтересиран да го продолжи договорот со фудбалерот.

Како дел од клубот од Милано, Санчез двапати ја освои Серија А, го освои Купот на Италија и два пати го освои Суперкупот на земјата.

На лето Интер ќе го напушти и играчот од средниот ред Стефано Сенси. /МИА

Преговорите за глобален договор за подготвеност за пандемија влегуваат во завршна фаза

 Земјите-членки на Светската здравствена организација (СЗО) од денеска ги вложуваат последните напори да постигнат договор за склучување договор за глобална подготвеност за пандемии, јави ДПА.

Во пресрет на пандемијата на Ковид, 194-те земји-членки на СЗО повикаа на договор за да се осигура дека земјите се подобро подготвени да се справат со следната катастрофа и дека глобалниот одговор не е толку хаотичен.

Страните сакаат планираниот договор да вклучи мрежа за снабдување координирана од СЗО, така што сите земји ќе можат да пристапат до лековите што им се потребни во итен случај без трговски ограничувања.

Слично на тоа, дел од произведените лекови или вакцини ќе им бидат дадени на посиромашните земји бесплатно или по ниска цена. Одредбите ќе важат само за земјите што ќе го ратификуваат договорот. Тој ќе стапи во сила откако 60 земји ќе го ратификуваат документот.

Целта е договорот да биде усвоен на овогодинешното Светско здравствено собрание - тело за одлучување на СЗО. Средбата ќе започне на крајот на мај.

Последната рунда разговори на почетокот на оваа година не успеа, а разговорите кои започнуваат денеска се сметаат за последна шанса да се постигне договор пред крајниот рок во мај.

Во обид да се постигне консензус, преговарачите претставија многу покондензиран нацрт-договор од претходната верзија. Сегашниот се состои од 23 страници, изоставувајќи многу контроверзни одредби.

Едно од контроверзните прашања е дали и на кој начин фармацевтските компании треба да бидат обврзани да споделуваат експертиза и да обезбедат дел од своите производи на посиромашните земји.

Хуманитарната организација „Лекари без граници“ тврди дека договорот треба да се однесува на прашањата поврзани со глобалното здравје, здравствената заштита и правдата, а не само да ги штити интересите на индустријата. /МИА

притисни ентер