Силјановска Давкова во Радовиш: На 21 април и на 5 мај ќе стигне демократската пресуда на народот

Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова денеска се обрати пред граѓаните во Радовиш,се наведува во соопштението од нејзиниот тим..

Силјановска Давкова пред присутните граѓани истакна дека е загрижена од она што оваа влада го има направено за граѓаните во изминатите две години, потенцирајќи дека многу ветиле а ништо не направиле.

Од една страна сум среќна бидејќи имам увид во проблемите на мојот народ, вашите проблеми сите ние имаме увид во проблемите, меѓутоа од друга страна на сум толку тажна кога ќе слушнам што се не решено во овие две години и неколку месеци, а ветено, а со што се не се китат тоа се неверојатни работи, реле Силјановска.

Според нејзе иако СДСМ и Заев ветувале живот, не само што не го донеле дури и тој што го имале им го згоиле со лошите политики и лошиот начин на владеење, односно како што изјави таа на 21 април и на 5 мај ќе ги стигне демократската пресуда на народот.

На 21 април и на 5 мај ќе стигне демократската пресуда на народот бидејќи се обидовте да не измамите со живот, но не само што не донесовте живот туку и ни го загрозивте животот, истакна Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова посебен акцент стави и на влезот на Република Македонија во НАТО, додавајќи дека влез во меѓународната органзиација НАТО не значи дека НАТО ќе интервенира во внатрешните односи.

Не убедуваат дека НАТО е на прагот и дека тоа ќе значи крај на безбедносните проблеми иако сите ние знаеме дека НАТО никогаш не интервенира во внатрешните односи. Не е доволно да го истакнете знамето на НАТО пред владата и да се фалите дека сте зрели не само безбедносно, туку организационо, финансиски, туку ако сакате и стратешки со НАТО, далеку се тие од тоа. Затоа ќе треба силна работа за ние да станеме компатибилни стратешки финансиски со средства со инструменти со политики за да можеме да водиме не само регионална безбедносна политика туку и евроатланска безбедносна политика, вели Силјановска Давкова.

Таа објасни дека СДСМ и Заев залудно се обидуваат да го манипулираат народот дека промената на името е добра и дека е зачуван македонскиот идентитет, истакнувајќи дека со Преспанскиот договор со член 7 придавката македонски не може да стои пред република.

Исто така слушам дека ова низ нивна призма ќе било четвртата за нив Македонска Република. Каков цинизам кава хипокризија затоа што според членот 7 од Преспанскиот договор придавката македонска не може да стои пред Републиката, затоа и ја одвоија, а она што ја карактеризира македонската историја во минатото во далечната минато во 19 век не всушност републиканскиот облик, првата Република на Балканот била Крушевската република. Затоа Крушевската република е вткаена во нашата химна, Затоа Крушевската република е врежана во нашите срца, ама тие не ја пеат химната како вие што ја пеете овде, тие ја избришаа историјата на химната, тие ја заборавија суштината на химната, правдините за Македонија, ама тоа ние ќе го реализираме наскоро, објасни таа.

Силјановска Давкова смета дека Заев со непуштањето на химната при посетат на грчкиот премиер во Македонија, се срами и плаши и дека тој не е национален туку анационален.

Не знам дали како професор треба да укажувам на кршењето на Уставот и на законот за химна иако тоа е мојата вокација, за мене е пострашен срамот, бидејќи не е само право на некој премиер никаде да не излезе пред никого а не особено пред соседот кој што треба да го убеди дека е рамноправен а не понизен без да ја интонира химната. Но, нему тоа како што гледате ништо не му значи, бидејќи не знае што значи национално, тој е анационален, додаде таа.

Силјановска Давкова нагласи дека правото на самоопределување е право на секоја држава и народ сама да си бира устав сама да си менува устав а не тоа да го прави друга држава, бидејќи секоја држава има свои атрибути по кои е препознатлива.

Ние ќе си го побараме и ќе си го вратиме правото на самоопределување на овој народ. Правото на самоопределување не е апстрактно има содржина а таа содржина вика сами да си го напишете да си го напишете уставот, сами да ги со смените уставот, не под притисок, сами да си го одберете името, знамето, грбот, се што е битна карактеристика на националната држава, вели Силјановска Давкова.

На крај таа порача дека поради непочитување на волјата на народот, граѓаните на 21 април и на вториот изборен круг на 5 мај ќе го делегитимираат ова незаконско и лошо управување на владата на СДСМ и ЗАЕВ.

За жал тие без наша согласност се откажаа од нашите атрибути заборавија дека без нашиот глас ниту се овластени ниту имаат право тоа да го прават. Ги предупредивме и ги потсетивме на референдумот дека не стоиме зад нивните „политики“, ги потсетивме дека молкот може да биде најгласен, не е не послушаа затоа треба сега на изборите најгласно да ги делегитимираме за да можат ако имаат доблест да се извинат за стореното и да си заминат, НАГЛАСИ Силјановска Давкова.

Сиљановска-Давкова на трибина во Велес на тема: "Ранливи категории"

Во рамките на претставувањето на клучните точки од Програмата „Македонија повторно горда“ петтата трибина на тема: "Ранливи категории". 

На трибината свое обраќање имаше кандидатката за претседател на Република Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова. Исто така, беше промовирана и аудио-верзијата на програмата „Македонија повторно Горда“. На трибината учество зедоа преставници на различни групи на ранливи граѓани.

Сиљановска-Давкова истакна:

"Оние кои ме познаваат знаат дека нема луѓе со хендикеп, туку има држави со посебни потреби, како нашава.

Член 9 од Уставот е нецелосен, мора да се прошири со лицата со посебни потреби.

Никој подобро не може да ги застапува овие лица, од самите тие, преку нивна промоција во разни сфери.

Оваа држава не смее да се откаже од лицата со посебни потреби. Можеби им треба повеќе време за изразување, но ние имаме човечка обврска да го браниме и поддржиме тоа. Тоа е само различен начин на изразување, а не хендикеп.

Јас секогаш ќе водам сметка за сите категории на луѓе, вклучително и за овие лица. Тие луѓе можат на еден поинаков начин да придонесат за развојот на општеството.

Пресреќна сум што ВМРО- ДПМНЕ даде шанса на оваа категорија на луѓе да се промовираат себеси.

Јас ќе бидам промоторка и заштитничка на ранливите категории на луѓе, за да имаат шанса да го докажат она што го знаат."

Нова Алтернатива: Сите заедно да се избориме за повисок квалитет на живот во Македонија

Нова Алтернатива со нови луѓе и нова енергија за прв пат самостојно настапува на овие парламентарни избори со бројот 9.

Во изминатите две години на место каде имаше дива депонија од над 50 илјади метри квадратни направивме мега парк во Ѓорче Петров, исчистивме над 280 диви депонии, каде некој трупа отпад, загадува и заработува.

Први поднесовме кривична пријава против еден од најголемите загадувачи во Македонија и без компромис се бориме против секој што се обидува да ги труе нашите сограѓани.

Затоа за обезбедување услови за Македонија во која ќе живееме здраво и во чиста животна средина мора да се пристапи кон:

-Кривично гонење на сите кои ќе се утврди дека извршиле дело против животната средина и здравјето на граѓаните

-Да се донесе Закон за комунална полиција

-Спречување на заадувањето од големите индустриски капацитети

-Нема да дозволиме рестартирање на рудниците и мора да се изврши ревизија на сите долгорочни договори за концесии за експлоатација на минерални суровини

Затоа на овие избори одберете го бројот 9 и гласајте за Нова Алтернатива, сите заедно да се избориме за повисок квалитет на живот во Македонија.

Нова енергија, нови луѓе, Нова Алтернатива.

Политичка партија Нова Алтернатива

Ковачки: Ветуваме изградба на експресниот пат Кочани-Виница- Делчево

Денеска во пресрет на големиот христијански празник сме во посета на Кочани.

За Кочани предвидуваме изградба на експресниот пат до Делчево, и тоа во два мандати. Потоа, реконструкција на пругата Кочани - Велес, третман на атмосферските и фекални отпадни води на Пониква и секако 17 милиони евра за нашиот град Кочани за изградба на Јужниот Булевар, за изградба на катна гаража и изградба на старечки дом.

Почитувани граѓани,

Пред нас се историски избори на 8 мај ве повикувам сите да ни се придружите и заеднички да ги донесеме промените. Да донесеме промена за Македонија, да заокружиме за бројот 2 за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицкоски да биде премиер на владата на Република Македонија. рече Драган Ковачки, носител на изборна единица 3.

.

притисни ентер