Гордана Силјановска Давкова во Битола: Јас сум за Европска Македонија

Кандидатот за претседател на Република Македонија  Гордана Силјановска Давкова денеска се обрати пред граѓаните во Битола, се наведува во соопштението на нејзиниот изборен тим.

Пред присутните Силјановска Давкова посочи дека Битола е многу убав град, град на конзулите, но иако и таму ветуваа живот, актуелната власт не донела живот, нагласувајќи дека Битола е еден од најзагадените градови во Македонија.

Битола е еден од најзагадените градови во Македонија. Очекуваше а живот нема во загаден живот и загадена атмосфера. Како што воздухот ни е загаден, загадена е и политиката, вели таа.

Силјановска Давкова ја искоментира и посетат на грчкиот премиер Алексис Ципрас кој што пред неколку дена беше во Македонија и каде што беше пречекан без интонирање на македонската химна, истакнувајќи дека химната на Македонија е всушност македонската историја и се она што се бореле нашите предци.

Химната е државата. Државата е химната, химната е македонската историја, химната повикува на македонските правдини и судбина ни било да се бориме за неа, вели Силјановска Давкова.

Таа ги искоментира и пресудите за настаните од 27-ми април додавајќи дека во Македонија има селективна правда и дека со таква правда не се стигнува до Европската унија и до НАТО.

Тие со нивниот закон за амнестија, ги амнестираа оние кои имаа ист обвиненија како луѓето кои останаа во затворот. Не само што ги ослободија од притвор, замислете за да можат да гласаат туку целосно ги ослободија, а потоа и ги наградија. Тоа ли е право и правда. Не, тие така мислат, но јас мислам дека до било која цел па и до ЕУ и до НАТО не се стигнува со кршење на правото, рече таа.

Силјановска Давкова кажа дека доколку биде избрана за претседателка на Република Македонија ќе побара укинување на привилегиите на претседателот, односно како што рече таа не е добро да се биде привилегиран кога народот се бори за опстанок.

Таа потсети на изјавите на Заев дека доколку Стево Пендаровски ги изгубат претседателските избори ќе распише предвремени парламентарни избори.

,,Доколку ги изгубат претседателските избори, се надевам дека ќе собере сила и храброст еднаш за да можеме ние да кажеме дека е овој пат го одржа зборот и реши да се одважи и да распише предвремени парламентарни избори и дека тогаш на претседателската успешна приказна ќе се надоврзе и една нова влада, на нова програма, на научени лекции, на нови европски чекори кои ќе значат почитување на владеењето на правото, борба со корупцијата и криминалот, развој во економијата, објасни Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова уште еднаш потсети дека меѓународните договори во името на државата ги склучува претседателот на републиката, а владата само тогаш кога тоа е утврдено во законот за склучување, ратификација и спроведување на меѓународните договори.

Силјановска Давкова повика на масовна поддршка на претседателските избори ветувајќи дека ќе ја врати правдата во Република Македонија.

Јас сум за правда за правдини, за поинакво владеење , за добро управување. Јас сум за Европска Македонија, заврши Силјановска Давкова.

Мицкоски ги повика албанските гласачи да не ги бојкотираат претседателските избори

Членка на НАТО не смее да си дозволи да остане без врховен командат, тоа го кажува и меѓународната заедница.

Членка на НАТО не смее да си дозволи да остане без врховен командат, тоа го кажува и меѓународната заедница, очекувам цензусот од 40 отсто за претседателските избори да биде исполнет, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски. Тој ги повика гласачите Албанци да излезат на вториот круг, а тоа што ДУИ не го повикува своето членство го оценува како политички маневар.

„Во немоќ, да не доживеат катаклизма пред нивните гласачи ги потсетуваат на некои романтични националистички и шовинистички времиња од пред 20, 21 година, кога се обидуваа да ги злоупотребуваат пред сѐ Албанците повикувајќи на некои големи држави на Балканот, така сега се обидуваат да направат акробација и велат: „Нема да бојкотираме, но ќе бидеме на страна и нема да го повикаме членството или поддржувачите наши да гласаат“.. Ги повикувам нашите сограѓани Албанци да не наседнуваат..“

За пораките од ДУИ дека за формирање на влада е неопходно бадентерово мнозинство, Мицкоски смета дека сето тоа го прават бидејќи, како што вели, им дошло време за одговорност. На терен прават огромен притисокза да ја купат волјата на граѓаните, мислејќи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде пред свршен чин да мора да седне и да разговара со раководството на ДУИ, обвини Мицкоски.

„Апелираме цело време бидејќи имаме индиции дека на уште педесеттина други места низ Македонија се полнеле кутии, а излезноста наеднаш по 18 часот се зголемила.. Можам да ви кажам примери во градови како Виница, Кочани, Делчево, Берово каде владини функционери во придружба со полицајци кои се идентификуваат како полицајци имале обиди да поткупуваат дури и во верски објект.“

Мицкоски го повика обвинителство да постапи за злоупотреба на службената положба по наводите кои ги изнесоа вчера од ВМРО-ДПМНЕ, дека вицепремиерот Фатмир Битиќи од СДСМ со писмо барал од компаниите да гласаат за нив. Во спротивно рече дека ќе се докажело дека системот е партизиран.

Лукаревска од Македонска Каменица: На 8 мај гласајте за силен СДСМ

“Ветувањата ги остваруваме, oвде од  Македонска Каменица започнавме уште на почетокот на мандатот и веќе во 2018 година Владата на СДСМ обезбеди бенефициран стаж за рударите.“

„Луѓето со најтешка и најпочитувана професија заслужуваат уште повеќе, социјалдемократите го ценат трудот на работникот, секогаш сме биле први во заштита на работничките права и во обезбедување на социјална правда, зашто човечкиот капитал е највреден. И сега остануваме на истите принципи, гарантираме уште повисоки плати и пензии, зашто еднаш веќе тоа го направивме”, рече носителката на листа во третата изборна единица, Сања Лукаревска.

Лукаревска истакна дека СДСМ ќе продолжи со силна поддршка на домашната економија за побрз развој, за повеќе работни места, за повисоки плати и подобар стандард, со 180 милиони евра директна поддршка за домашните компании, 3,5 милијарди евра за капитални инвестиции, 1 милијарда и 350 милиони евра инвестиции за земјоделството, од кои 750 милиони евра директна финансиска поддршка.

“Ќе продолжиме со континуирана поддршка на земјоделците, но и на младите, на жените, од земјоделството да направат успешен бизнис за подобар стандард дома. За младите земјоделци што го превземаат земјоделското семејно стопанство грант од 20 000 евра. За жени земјоделки, за бизнис за преработка на примарното производство, финансиската поддршка се зголемува од 6 000 на 10 000 евра. Вложуваме во повеќе работни места и подобри плати, обезбедуваме по 200 евра во првите 12 месеци за секое прво вработување на млади до 26 години. Затоа на 8 мај гласајте за силен СДСМ, сега е најважно да не се враќаме назад, во сојуз со граѓаните да продолжиме да работиме за просперитетна, напредна и модерна држава за сите, за подобар живот дома”, се наведува во партиското соопштение.

Православните христијани го одбележуваат Велики Петок

Велики Петок денот кога Исус Христос починал на крст во шестиот час од денот. 

Во христијанстовото денеска е најтажниот ден, но суштината на овој ден е дека по смртта има воскересние. Во црквата Света Петка верниците со молитви за прошка и со големо внимание ги слушаа читањета на извадоци од евангелијата за страдањето на синот божји за сите откажувања од него, но и за оние кои верувале дека Исус е синот божји. Во моментот на неговата смрт завесата во ерусалимскиот храм се преполовила, сонцето се замрачило, ѕвоната распукале, а мртвите станале од гробовите.

По прочитаните евангелија во црквата се стави симболот на светиот гроб прво под него поминаа светштениците, а со благослов и верниците. Утринската литургија исполнета со читања, молитиви и пеењето на хорот со децении е симбол за верувањето во Бога на 82 годишната баба Зора. Со бастумчето нога пред нога доаѓа со молба и здравје за нејзините внуци и да им се радува во животот. За сите нејзини чеда пали свеќа. Годините и го намалиле видот, но вербата во молитвата и вербата кон Бога останува. Милно вели: „не гледам да запалам свеќа, но со божја волја и помош од вас присутните пламенот од моите свеќи ги има на овој ден“.

Православниот канон предвидува строг пост со вода, а многу верници на тој ден не пијат, ниту јадат до зајдисонце. За овој ден црквата пропишува најстрог пост, во знак на таговно сеќавање на настаните. Покрај постот, на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле.

притисни ентер