Дами и господа, петок е последен работен ден од неделата, но кога ќе дојде и судниот ден за македонските реформи, вечерва на местото каде се говори „Само вистина“ ќе беседат Љубиша Николовски и Тодор Пендаров.
Многу лапсуси, некому сидро, некому Кавадарци или Кочани, на што се должат овие чести грешки? Политичка трема и возбуда или неискуство?
Можат ли кандидатите да го задржат политичкото ниво во име на датумот од ЕУ?
Бриселски „камшикар“, „јога со Гога“ или „камшикот“ на Пендаровски, кој политички „суплемент“ ќе биде подобен за бенефит на граѓаните?
Добивме пријатели од надвор, но што е со пријателството дома?
До кога реформските процеси наместо криминалот, ќе бидат камен на сопнување во општеството?
Можно ли е нов бран бегалци да ја разбранува македонската територија?
Ги решивме ли домашните па дојде ред да ги решаваме и туѓите задачи, вечерва за македонската космополитска политичка сцена, за Мурто, Бурто и за тоа кој е поблиску да ја исполни единствената желба на граѓаните да го истераат месецот со 500 евра просечна плата, вечерва во „Само вистина“ со Љубиша Николовски и Тодор Пендаров, на Канал 5 Телевизија.