Силјановска Давкова од Виница: Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ , Гордана Силјаноска Давкова пред граѓаните посочи дека со владата на СДСМ и Зоран Заев, Република Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите со Европската Унија.

Таа рече дека за влез во Европската унија се потребни реформи, а единствена реформа направена за овие две ипол години власт на СДСМ и ЗАЕВ е болната промена на уставното име на Македонија.

Јуни е блиску и јас сум уверена дека нема да го добиеме тој датум или пак повторно ќе добиеме формулации од типот на уште нешто да се исполни да се реализира за да можеме да добиеме почеток на преговорите. Далеку од тоа дека јас не сакам мојата и вашата земја Македонија да ги добие преговорите, впрочем 9 пати добивавме позитивен извештај и од Европскиот Парламент и од Европската Комисија само што Советот велеше дека не е дојдено времето за преговори. Мислам дека и овој пат до тоа нема да дојде, не само затоа што ЕУ и самата си има домашни задачи и проблеми особено по Брегзит, туку и затоа што на дневен ред ќе дојде анализата на исполнетоста неисполнетоста на критериумите за почеток на преговорите. А тие критериуми оваа држава и оваа власт не ги исполнува. Единствената реформа која што ја направи е болната промена на името на Република Македонија, вели Силјановска Давкова.

Таа додаде дека промената на името е направена со кршење на процедурите и дека единствено договори во името на државата може да склучува претседателот на републиката, а не како што беше случајот со промена на уставното име на Македонија, каде што министерот за надворешни работи на СДСМ го направи со потпишување на договорот.

Различна е ситуацијата сега зборуваме за кршење на задолжителна меѓународна норма која што се однесува на правото на самоопределување чии неизоставен и неразделен момент е и првото на сопствено име, знаме, химна и устав. Значи ние не сме против договарање и преговарање, не сме против компромиси меѓутоа како и сите други држави кои што се под ОН, како сите други нации и ние бараме да бидеме рамноправни во овој поглед. И се разбира дека тоа на правен начин ќе го издвојуваме и се разбирам не велам утре, но кога нешто е засновано на кршење на устав и на кршење на меѓународно право тоа може да биде ништовно, додаде Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова нагласи дека таа лично се залага за владеењето на правото, правна држава, и почитување на човековите права, истакнувајќи дека во моментот во државата нема судски реформи бидејќи на чело на Советот кој што треба да се носат судски реформи се наоѓа Зоран Заев, а самиот тој бил предмет на истрага, односно како што рече таа ова е непознат феномен во судството кое треба да е целосно независно од извршната влада.

Како ќе има судски реформи ако на чело на советот за судски реформи стои премиерот? Нели е тоа директен упад во независноста на судството. Во тоа тело треба да седат врвни правници, судии, адвокати, но не и премиерот на владата. Особено што и самиот беше предмет на истрага, смета Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова нагласи дека доколку биде избрана за претседател на Република Македонија тоа што го има напишано во програмата и тоа што го ветила пред граѓаните ќе го исполни, бидејќи за неа кажаниот и ветениот збор е многу значаен.

Таа истакна дека една од првите мерки е да се откаже од привилегиите кои што ги имале претходните претседатели, бидејќи во сиромашна држава претседателот на државата треба да живее, сочувствува и да ги разбира граѓаните.

На крај Силјановска Давкова побара масовно да излезат на изборите и да и дадат поддршка на претседателските избори се со цел во Македонија да се врати правото и правдата.

НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции

Северноатлантскиот совет (НАК) денеска изрази солидарност со Германија по злонамерната кибер кампања против Социјалдемократската партија на Германија (СПД) и со Чешка, која се соочува со злонамерни кибер активности против нејзините институции.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во соопштението на НАК се наведува дека одговорноста за овие злонамерни кибер активности, Германија и Чешка му ја припишаа на актерот АПТ28, кој е спонзориран од Русија, а пред се од руската воена разузнавачка служба - Главната дирекција на Генералштабот на руските Вооружени сили (ГРУ).

НАК додава дека со загриженост забележува дека истиот актер упатува закани насочени и кон други национални владини ентитети, оператори со критична инфраструктура и други ентитети низ Алијансата, вклучително и во Литванија, Полска, Словачка и Шведска.

- Силно ги осудуваме злонамерните кибер активности насочени кон поткопување на нашите демократски институции, националната безбедност и слободното општество. Злонамерните кибер активности насочени против Германија и Чешка потврдуваат дека кибер просторот е под ризик во секое време. Актерите на кибер заканата упорно се обидуваат да ја дестабилизираат Алијансата, се наведува во соопштението на Северноатлантскиот совет.

Во реакцијата натаму се посочува дека НАТО останува посветени на спротивставување на суштинската, континуираната и зголемена кибер закана, вклучително и кон демократските системи и критична инфраструктура на неговите членки.

- Ние сме решени да ги искористиме потребните потенцијали со цел да го одвратиме, да се одбраниме и да се спротивставиме на целиот спектар на кибер закани со меѓусебна поддршка, вклучително и со разгледување на координирани одговори. Промовираме слободен, отворен, мирен и безбеден кибер простор. Ги повикуваме сите земји, вклучително и Русија, да ги почитуваат своите меѓународни обврски и меѓународното право и да дејствуваат во рамката на одговорно однесување на една држава во кибер просторот, како што е потврдено од сите членки на Обединетите нации, се додава во соопштението на НАК.

Студениот бран не предизвика штети во земјоделието, дождот добредојден за пролетната сеидба

Студениот бран кој не зафати изминатиов период не предизвика оштетувања во земјоделството. 

Студениот бран кој не зафати изминатиов период не предизвика сериозни оштетувања во земјоделството иако падот од 10 до 15 степени предизвика негативни состојби кај растенијата. Падот на температурите сепак не беше драстичен и под нулата заради тоа што беше проследен со доста облачнсот и не предизвика мрзнење туку можни се само мали проредување кај одредени овошни видови. Спроед агро метролозите земјоделците полека се навикнуваат на климатските промени и сите негативни последици.

Засега врнежиет кои ги имаме како последица на овој бран се исклучително добре дојдени. Со овие врнежи кои дојдоа по сушниот период се создадоа идеални услови за пролетната сеидба а се во последен момент и за есенските посеви за да имаат добар принос.

Можноста за појава на доцни пролетни мразеви полека одминува речиси за сите земјдоелски региони според податоците за апсолутна појава на доцни пролетни мразеви.

Под мотото „Будење“, во Србија се одбележува годишнината од страшниот масакр

Под мотото „Будење“, Србија денеска одбележува една година од масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.

Во 08:41 часот утринава медиумите во Србија ги прекинаа телевизиските и радио програмите. Тоа е времето кога точно пред една година Коста Кецмановиќ вооружен со пиштолот на татко му, почна да ги убива соучениците, а уби девет ученици и училишниот чувар во училиштето.

Пред училиштето дојдоа родителите на убиените деца, а се собраа и голем број граѓани, пријатели, роднини на жртвите, за да им оддадат почит. Глетката пред училишната зграда никого не остава рамнодушен, објавија српските медиуми.

На посебно плато пред училиштето, каде се поставени фотографиите и имињата на убиените деца и чуварот, се оставаат цвеќиња и се палат свеќи.

И претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утрово положи цвеќе во ОУ „Владислав Рибникар“.

На самиот влез во училиштето беше поставена просторно-уметничка инсталација „превез на плачот“ на која беа испишани имињата на сите жртви од училиштето Рибникар. Граѓаните се повикуваат да дојдат на целодневниот форум во Ташмајданскиот парк и да разговараат со членовите на тимот за воспоставување меморијален центар за жртвите на ова масовно убиство.

По палењето на свеќите, граѓаните ќе можат да го посетат т.н „простор на тишината“, како што организаторите го нарекоа просторот на улиците околу ОУ „Владислав Рибникар“.

Во петок, во 20:30 часот на РТС 1 ќе биде пуштен документарниот филм „Болка“, во чест на убиените ученици.

Против родителите на малолетниот Кецмановиќ, Владимир и Миљана Кецмановиќ поведени се кривични и пет граѓански постапки. Убиецот нема да одговара бидејќи немал 14 години кога ги извршил убиствата. Тој е на лекување во психијатриска болница.

притисни ентер