По нападот врз саудискиот аеродром со 12 загинати, Хутите со ново предупредување до патниците и авиокомпаниите
1По нападот врз саудискиот аеродром со 12 загинати, Хутите со ново предупредување до патниците и авиокомпаниите
3По повод 11 Октомври делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во Куманово
Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
1Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
2Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
МакедонијаНов циклус на грантови за земјоделците во Струмичко и Радовишко од УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработкаНови 250 илјади евра во грантови ќе бидат доделени на 50 земјоделци од Струмичкиот и Радовишкиот Регион како поддршка во воведување модерни агро-еколошки мерки во производството на овошје и зеленчук.Овој циклус на грантови, трет по ред во регионот, го најавија регионалната директорка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) за Европа и Централна Азија, Мирјана Шполјариќ Егер и швајцарската амбасадорка во земјата, Сибил Техада при посетата на Струмичкиот Регион. – Овде, во сливот на реката Струмица, ги поставивме основите за една долгорочна трансформација на начинот на кој се користат водните ресурси, а модерните мерки во земјоделското производство кои се користат во Европската Унија и во Швајцарија ги претвораме во реалност, изјави швајцарската амбасадорка Техада. Застарените методи на производство се покажаа како неодржливи како од аспект на квалитетот на производите и приносот, така од аспект на одржувањето природната рамнотежа на екосистемите. – Охрабрени од резултатите што се постигнаа во пилот фармите во рамките на претходните циклуси на грант програмата, бројот на производителите кои ги усвојуваат новите методи постојано расте. Прекумерната употреба на агро-хемикалии и нерационалното трошење на вода за наводнување доведоа до нарушување на природниот баланс на речниот слив. Но, на повидок се решенија кои ќе помогнат да се надминат овие предизвици", рече Мирјана Шполјариќ Егер, регионална директорка на УНДП. Проектот за управување со сливот на река Струмица го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), со финансиската поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка со вкупна вредност од околу три милиони швајцарски франци. Целта е подобрување на квалитетот на животната средина и управувањето со водните ресурси преку намалување на притисоците од различно потекло и ублажување на ризикот од поплавите. Регионалната директорка на УНДП и амбасадорката на Швајцарија, заедно со постојаната претставничка на УНДП во земјата, Нарине Сахакијан, ги посетија Терапевтската заедница „Покров" во Струмица и Винаријата „Далвина".Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
СветПо нападот врз саудискиот аеродром со 12 загинати, Хутите со ново предупредување до патниците и авиокомпаниитеЈеменските бунтовници Хути повторно ги предупредија авиокомпаниите, аеродромскиот персонал и патниците да не ги користат саудиските аеродроми, еден ден по нападот врз аеродромот „Крал Калид“ во Ријад, во кој загинале 12 лица, а 309 биле повредени.Јеменските бунтовници повторно упатија предупредување до авиокомпаниите, аеродромските работници и патниците да ги избегнуваат саудиските аеродроми, нагласувајќи дека нивната порака треба да се сфати сериозно. Хутите соопштиле дека саудиска арабија е одговорна за, како што тврдат, неуспешните обиди за пресретнување на проектилите што оваа група ги лансирала кон ријад, пренесува „Ројтерс“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеСЗО уште чека информација од Русија за дијагнозата на починатата женаСветската здравствена организација соопшти дека сè уште чека од Русија информација за дијагнозата на починатата жена, за која има сомнежи дека била заразена со белодробна чума.СЗО пред три дена соопшти дека во оваа фаза не е во состојба да изврши целосна проценка на ризиците поради недостиг на целосна слика за ситуацијата по смртта на вработена во Биолошки институт во Сибир. Еден ден подоцна, руските власти објавија дека не откриле „никаква инфективна болест“ по испитувањето на сите луѓе кои во последно време биле во контакт со починатата лаборантка во Иркутскиот институт за истражување на чума, и ги демантираа медиумските информации за случајот како лажни. Според нив, жената починала од „пневмонија“, од која се разболела по контакт со луѓе, односно надвор од лабораторијата. Според нивните информации, таа „била вакцинирана и имала имунитет против опасните патогени со кои работела“. СЗО вчера сепак констатираше дека сè уште нема „потврдена дијагноза“ и забележа дека околу случајот сè уште има „голема нејаснотија“. Здравствената агенција на ОН, со седиште во Женева, додаде дека ќе продолжи „да ја следи ситуацијата и да ги проценува потенцијалните последици по јавното здравје со пристигнувањето на нови информации“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
СветНова разорна поплава во Непал: Однесени десетици куќи и мостови, се трага по исчезнатиНенадејна поплава на реката Будхи Гандаки утрово, предизвика големи штети во непалскиот округ Горка. Надојдената вода однела куќи и мостови, оштетила градилиште на хидроелектрана и принудила жители од повеќе населени места да се повлечат на побезбедни локации. Според локалните власти, кои ги цитира „Катманду пост“, меѓу 35 и 40 куќи биле однесени во населбите Џагат Багар, Салери и Гатихола, во руралната општина Чумнубри. Поплавата ја погодила и соседната општина Дарче. Локалните жители и туристите почнале да се повлекуваат откако околу четири часот наутро слушнале силни звуци од реките во планинското подрачје. Водостојот нагло се менувал, а предупредувањата за евакуација биле пренесувани и преку разгласи. Во Џагат првичните извештаи наведувале пет до седум однесени куќи. Во мачакола водата навлегла во повеќе домови и привремени објекти, додека во салери, во општината Дарче, уште околу 20 до 22 куќи биле изложени на ризик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook