Ципрас пречекан со воени и државни почести

Придружуван од неговата партнерка и десетмина министри, грчкиот премиер Алексис Ципрас, рано утрово слета на меѓународниот аеродром во Скопје.

Првото топло добредојде му го упатија министрите за одбрана и економија, Шекеринска и Бектеши, кои заедно со владината делегација го пречекаа грчкиот премиер.

Преку автопатот именуван токму по воспоставеното пријателство меѓу двете земји, грчкиот премиер Ципрас се упати кон Владата, каде следуваше второто срдечно добредојде од домаќинот Заев, кој го дочекаа со зборовите „Нова историја“.

Со прегратки, но без интонирање на двете химни, поради доцнењето на авионот на Ципрас, како што појаснија од Владата, стартуваше првата официјална посета на грчкиот премиер во земјава.

Првиот поздрав Ципрас го упати до бројните новинарски екипи, по што следуваа и неколку селфи фотографии, помеѓу двајцата премиери, а потоа и со министрите и новинарите, а веднаш потоа и ракувањата со членовите на македонската Влада.

Околу два часа траеја меѓувладината седница и билатералните средби, време во кое животните сопатнички на двајцата премиери, Зорица Заева и Бети Базиана го искористија за приватна дружба. Од Владата велат дека двете дами имале своја засебна програма, која е затворена за јавноста. Паралелно со средбите кои се одвиваа внатре во Владата, недалеку од владиниот објект помала група демонстранти со знамиња со сонцето на Вергина протестираа против, како што рекоа, промената на името и присуството на грчкиот премиер во земјава.

Првата официјална посета на грчкиот премиер во земјава се одвива под засилени безбедносни мерки. Силно полициско обезбедување целодневно ги обезбедува рутите по кои грчката владина делегација се движи.

Во поширокото централно подрачје на главниот град е воведен посебен сообраќаен режим, се до 20 часот, за кога е планирано заминувањето на Ципрас од земјава.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер