Костадинов: Дебаклот на ТВ дуелот ВМРО-ДПМНЕ не може да го оправда со пресови

Мицкоски да каже за фирмата на неговиот баџанак, рече на прес конференција портпаролот на СДСМ , Костадин Костадинов.

ВМРО ДПМНЕ никако не успеа да ги научи лекциите. Поразот, дебаклот што му се случи на Мицкоски на ТВ дуелот не се покрива ниту затскрива со прес конференција.

Мицкоски е чест гостин во Струмица, и јавноста знае дека е близок со својот баџанак, Јанев Јорданчо.Токму баџанакот на Мицкоски има своја фирма во Република Бугарија, отворена за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, „Дано Транс ЕООД".

Прашањето е кој е личниот интерес на Мицкоски од овие бизниси? Имајќи предвид дека оваа фирма е дел од најблиската фамилија на Хидро Мицкоски.Република Бугарија е членка на Европската унија и интерес на секоја компанија е да излезе на пазарот од 500 милиони, впрочем затоа е важен процесот на интеграција во ЕУ.

Ја разбираме нервозата кај Мицкоски но јавноста очекува одговори од него.

Фото: Наташа Беквалац во бикини

Мегапопуларната српака поп ѕвезда Наташа Беквалац објави фотка во бикини, и веднаш доби  лавина од коментари во стилот „најжешката мама на плажа3... .

Поп-пејачката Наташа Беквалац ги воодушеви своите фанови со фотографија од плажа во костим за капење.

Српската Барбика деновиве со своите ќерки се одмара на егзотични места.

Пејачката направи мала пауза од обврските и настапите, а батериите ги полни на море опкружена со семејството. Дека згодната Ната максимално ужива на одморот покажуваат и фотографиите кои ги објавува на Инстаграм последните денови.

Таа најпрвин се сликаше со коњ, а потоа на своите следбеници им покажа како се бакнува со делфин, а потоа како „шлаг на тортата“ на своите обожаватели им покажа приказна на која позира во црно бикини.

Таа во описот откри дека нејзината помала ќерка Катја била во улога на фотограф.

Следбениците се воодушевени од нејзината беспрекорна линија, а комплиментите за изгледот на пејачката едноставно доаѓаат.

Јелена Карлеуша најави што ќе објавува на „OnlyFans“: Тоа не ми го дозволи Инстаграм..

Јелена Карлеуша објави што ќе објави на „OnlyFans“: Тоа не ми го дадоа на Инстаграм, експлицитно велат...

Контроверзната српска пејачка Јелена Карлеуша неодамна најави дека ќе отвори профил на платформата за возрасни „OnlyFans“.

На Инстаграм популарната Карлеуша има скоро два ипол милиони следбеници, но и покрај тоа, оваа социјална мрежа има многу ограничувања, кои се „проблем“ за Јелена .

Иако многумина се надеваа дека објавувањата на пејачката на OnlyFans ќе биде многу поексплицитни, Јелена проговори на оваа тема и објасни за што всушност се работи.

„Инстаграм ги заостри правилата и ја санкционира секоја поексплицитна содржина, дури и фотографиите во бикини. Затоа сум на OnlyFans. Реакциите се како да најавив снимање на порно, ...“, изјави Јелена Карлеуша за Информер.

Најмалку 14 лица го загубија животот откако врз нив падна голем билборд во Мумбај

Најмалку 14 лица го загубија животот, а 75 други се повредени откако врз нив падна голем билборд при невреме во индискиот финансиски центар Мумбај, соопштија денеска властите.

Видео снимка покажа дека билбордот се тресе од ветрот пред да падне врз куќи и бензинска пумпа во прометниот пат во источното предградие Гаткопар. Градот го зафати невреме што го запре патниот сообраќај и летовите на авионите.

Локалните власти соопштија дека најмалку 75 повредени лица се пренесени во болница.

Агенцијата во чија сопственост е билбордот немала дозвола од надлежните да го постави, соопшти локалната власт. Билбордот бил околу 1.300 квадратни метри, што е девет пати повеќе од максималната дозволена големина. Агенцијата доби наредба веднаш да ги отстрани сите свои билборди.

притисни ентер