Опозицијата од Венецуела превзема дипломатски објекти во САД

Соработници на венецуелскиот опозициски лидер Гуаидо ја презедоа контролата врз три дипломатски објекти во САД, изјави претставникот на Гуаидо, Карлос Векио.

Според него, опозицијата успеала да преземе контрола врз две згради кои му припаѓаат на венецуелското министерство за одбрана во Вашингтон и врз една конзуларна зграда во Њујорк.

Во следните денови се очекува да се преземе контрола и врз венецуелската амбасада во Вашингтон, истакна Векио.

Минатата недела САД го повлекоа целиот дипломатски персонал од Венецуела.

Зиков во отворено студио на Канал 5: Овој ден беше круна на демократијата во Македонија

Во отвореното студиот на Канал 5 по повод двојните избори во Макеоднија, Љупчо Зиков нагласи дека партиите вечерва би требало да бидат достоинтвени и во победата и во поразот.

Тој очекува поздравување и честитање.

Зиков потенцираше дека овој ден беше круна на демократијата во Македонија.

Џафери: Граѓаните ќе одлучат која политичка опција е најдобра за нив и за државата

Претседателот на техничката Влада, Талат Џафери, денеска го оствари своето гласачко право во родното Форино и гласаше на вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори. 

Премиерот Џафери, во изјава за медиумите посака мирен и фер изборен ден, во кој граѓаните ќе можат со својот глас да одлучат кој ќе ги носи одлуките што се суштествени за земјата и кои се за остварување на нашите стратегиски цели.

„Очекувам изборите да бидат слободни и демократски. Граѓаните можат слободно да ја изразат својата волја, впрочем, тоа го покажаа и на 24 април.

Очекувам денот да заврши исто како и на 24 април, односно мирно, со можност секој граѓанин да го искористи своето уставно право и да го направи изборот за кој што мисли дека е најдобар за него и за државата.“, изјави претседателот на Владата, Џафери, соопштуваат ор Владата.

Мицкоски: Масовната излезност е глас и одлука за иднината на нашите семејства

Најпрвин добар ден на сите, благодарам на интересот.

Имам три пораки, првата порака е да ги повикам граѓаните во Македонија масовно да излезат и да гласаат. Затоа што само на овој начин можеме да одлучуваме за нашата заедничка иднина. Ова се парламентарни и претседателски избори, масовната излезност е глас и одлука за иднината на нашите семејства и иднината на нашата татковина.

Втората моја порака е дека за време на кампањата предупредував на две можни сценарија кои денеска гледаме дека се реалност. Првото сценарио е на онаа група политичари кои што во своето име го имаат зборот „европски“, а од „европски“ немаат ниту „е“. Тие за жал се уште се заглавени во минатото, се уште се заглавени во 18-тиот век и ова ќе биде голема казна на граѓаните врз овие ретроградни и дефанзивни политики кои што овие политичари кои што во своето име „европски“ ја злоупотребуваат Европа. Јас сум убеден дека дури и Европа се срами од овие луѓе.

И третата моја порака е до вас новинарите, ви благодарам што бевте истрајни и издржливи во оваа 35 дневна исцрпувачка кампања, што објективно известувавте од сето она што се случуваше во овие 35 дена. И ви посакувам успешна новинарска кариера во иднина, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

притисни ентер