Српски натписи врз оружјето на австралискиот терорист

На оружјето на австралискиот терорист, Брентон Тарант, кој учествуваше во нападот против џамиите во Нов Зеланд, постојат бројни натписи на српски јазик.

Некои од оружјата имаат натписи на германски јазик. Според последните податоци при терористичкиот напад се убиени најмалку 49 лица, а други 40 се повредени.

Тарант околу вратот го носел нацистичкиот симбол „Црно сонце“. На шаршерите има натписи за српскиот кнез Стефан Лазар, кој загинува при битката со Турците на Косово Поле во 1389 година.

Има и натпис за битката кај Виена од 1683 година, кога градот е под османлиска опсада. Тогаш доаѓа и крајот на османлиските освојувања во Европа.

Брентан Тарант има 28 години, роден во Австралија. Пред да го изврши нападот во џамијата во новозеландскиот град Крајстчрч, Тарант објавува свој манифест на Твитер.

Неговиот наслов е „Големата замена“ и претставува 37 страници, во кои стрелецот ги објаснува причините. Тој се дефинира како обичен бел човек од Австралија од сиромашно работно семејство.

„Јас имав нормално детство без сериозни проблеми“, пишува тој, по што додава дека нема универзитетско образование, поради недостаток на интерес за такви работи.

Тарант ги објаснува мотивите за нападот на следниов начин: „Најмногу сакам да покажам дека нашата земја никогаш нема да биде нивна, дека нашата татковина си е наша, се додека таму живее бел човек. Тие никогаш нема да ги заземат нашите територии и тие нема да нè заменат!“

Тарант додава дека ова е терористички напад, но тој смета дека е герилска акција против окупаторски сила …

„Јас сум само еден обичен бел маж, кој реши да го каже својот став“, пишува тој.

Манифестот, исто така, ја споменува употребата на огнено оружје. Атентаторот сака да испровоцира уште пожестока дебата во САД за правата за поседување оружје. Тој изрази надеж земјата да биде зафатена од граѓанска војна, што ќе доведе до нејзино „распаѓање“.

Тарант пишува дека е поддржувач на Трамп, за кого мисли дека е „симбол на преродениот идентитет на белата раса и нејзината заедничка цел“.

Трамп: Отворете фабрика во својата земја, затворете ги оние во Кина

Претседателот на САД Доналд Трамп го засили денеска притисокот врз автомобилската компанија „Џенерал моторс“ (GM), повикувајќи ја повторно да ја отвори својата фабрика во Охајо.

„Затворете една фабрика во Кина или Мексико, каде толку интензивно вложувавте во периодот пред Трамп и донесете ги новите работни места дома“ – напишал Трамп на Твитер во пораката упатена до „Џенерал Моторс“.

Во твитот објавен изминатиот викенд, Трамп напишал дека официјалните лица под итно треба да почнат преговори со синдикатот на Обединетите работници на автоиндустријата (UAW) со цел повторно да се отвори или продаде фабриката на „Џенерал Моторс“ во Лордстаун.

 

Пронајдена 16-годишната девојка од Кисела Вода што вчера се оддалечи од домот

Вечерва од страна на полициски службеници е пронајдена 16-годишната О.П., за која нејзината мајка Б.П. (47) вчера во 22.00 часот во Полициската станица Кисела Вода пријави дека се оддалечила од домот.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, во текот на вечерта, О.П. ќе биде предадена на нејзиното семејство. /МИА

Авиони на ДЗС го гаснеа пожарот на Скопска Црна Гора, исфрлени 35 тони вода

Пожарот што денеска избувна во реонот на Скопска Црна Гора и зафати ниска мешана шума, наложи дејствување на воздухоплови на Дирекцијата за заштита и спасување. 

Беше дејствувано вкупно седум пати со два авиона, при што беа исфрлени 35 тони вода. Авионите дејствуваа во рамки на можностите до самиот крај на денот, додека дозволуваа условите и беше направено се што е во нивна моќ, соопштија од Дирекцијата за заштита и спасување.

Со оглед на фактот, посочуваат од ДЗС, дека никаде во светот не е предвидено да се гасне пожар во ноќни услови, акцијата на нивните воздухоплови траела до зајдисонце.

-Бидејќи, авионите се исклучително скап ресурс и се користат само за непристапни високи предели, апелираме земските служби координирано да дејствуваат на терен, а од воздухопловите да се бара помош само кога има навистина потреба, наведуваат од ДЗС.

Дирекцијата за заштита и спасување воедно упатува апел и предупредување до сите кои работат или се движат на отворен простор да не палат огнови.

-Апелот посебно се однесува на земјоделците кои интензивно се подготвуваат за пролетната сеидба и ги чистат и палат отпадоците и стрништата на нивите. Апелот се однесува и за оние кои се движат и работат во шумите, на излетниците, но и на сите граѓани, зашто доволно е само мала искра за да се потпали околната нискостеблеста вегетација, стои во соопштението од ДЗС.

Пожарот избувна денеска околу 13 часот на местото Црн камен, на потегот Липково, Скопска Црна Гора и селото Матејче. /МИА

притисни ентер