Фејсбук конечно ќе им стави крај на противниците на вакцинациите - Канал 5

Фејсбук конечно ќе им стави крај на противниците на вакцинациите

Фејбук наскоро ќе преземе сериозни мерки против дезинформациите на оваа социјална мрежа поврзани со вакцинациите , тврдат од компанијата.

Фејсбук конечно ќе им стави крај на противниците на вакцинациите

Докторите повеќе пати нагласуваа дека социјалните мрежи се главни виновници поради дезинформациите дека вакцините предизвикувале аутизам и други болести.

Поради стравот кај родителите , предизвикан од овие дезинформации , децата не се вакцинираат и во американската држава Вашингтон има епидемија на мали сипаници.

Од Фејсбук велат дека компанијата соработува со здравствени експерти за да утврдат какви измени да воведат и да ги забранат дезинформациите поврзани со вакцини. Така , групите кои промовираат да не се вакцинираат децата , нема да бидат видливи на Фејсбук , ниту пак ваквите информации ќе се појавуваат во њусфидовите.

Докторите ја поздравија оваа најава и сметаат дека измените се во добра насока , но треба да се воведе целосна контрола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски на Илинден од Пелинце: Да ја чуваме слободата, да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите

Да ја чуваме слободата, да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите што ни ги оставија илинденците и асномците.

Тошковски на Илинден од Пелинце: Да ја чуваме слободата, да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, како дел од владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, присуствуваше на одбележувањето на 2 Август – Денот на Републиката, при што во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце беше положено свежо цвеќе во чест на илинденците и асномците, кои со својата борба ги поставија темелите на македонската државност.

По оддавањето почит во Пелинце, владината делегација, заедно со висока делегација на Република Србија, го посети манастирот „Св. Прохор Пчињски“, каде положи свежо цвеќе во спомен-капелата, оддавајќи почит на историското значење на ова место за современата македонска држава.

Министерот Тошковски истакна дека Илинденското востание и Првото заседание на АСНОМ претставуваат два столба на македонската државност и симболи на вековната борба за слобода, правда и национално достоинство.

„Денес оддаваме почит на луѓето кои со својата храброст и саможртва ни ја оставија најголемата обврска – да ја чуваме и развиваме државата што ја создадоа. Наш долг е да го продолжиме нивното дело, да ги чуваме слободата, единството и институциите и да изградиме сигурна, стабилна и просперитетна Македонија за идните генерации“, истакна министерот Тошковски.

Тој нагласи дека историските идеали на Илинден и АСНОМ и денес претставуваат силна инспирација за градење демократска, безбедна и достоинствена држава, во која владеењето на правото, единството и грижата за граѓаните остануваат врвни вредности.

По повод Денот на Републиката, министерот Тошковски упати честитка до сите граѓани, посакувајќи празникот да биде потсетник на заедништвото, истрајноста и одговорноста кон татковината.

Нека е честит и вековит 2 Август – Илинден, Денот на Републиката!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андоновски од Смилево: Илинден е меѓник според кој се мери како се однесуваме како народ кога времињата стануваат тешки

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска ја предводеше владината делегација на одбележувањето на 2 Август – Илинден во Смилево, Демир Хисар.

Андоновски од Смилево: Илинден е меѓник според кој се мери како се однесуваме како народ кога времињата стануваат тешки

Во состав на владината делегација беа заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, и заменик-министерот за јавна администрација, Лазе Јакимоски. Делегацијата положи свежо цвеќе пред спомен-обележјата на повеќе локации во Смилево, оддавајќи им почит на илинденците и на сите генерации што се бореле за слободна, независна и достоинствена Македонија.

Во своето обраќање, Андоновски истакна дека Илинден не е само датум што му припаѓа на минатото, туку вредносен систем и трајна обврска за секоја македонска генерација.

„Постојат датуми што ги паметиме и постојат датуми што нè обликуваат како народ. Илинден е токму таков ден. Не затоа што му припаѓа само на минатото, туку затоа што секоја генерација повторно го открива неговото значење. Илинден е вредносен систем: непокор, слобода и иднина“, порача Андоновски.

Тој нагласи дека не е случајно што токму во Смилево секоја година повторно се навраќаме на Илинден, бидејќи овде историјата не е запишана само во книгите, туку е вградена во местото, во луѓето и во споменот што се пренесува од поколение на поколение.

„Историјата не ја создаваат само победите. Ја создаваат и луѓето кои имале храброст да станат кога било најтешко. Илинденското востание не успеа да ја донесе слободата веднаш. Но успеа да направи нешто многу поголемо – да создаде народ кој никогаш повеќе немаше да се помири со неслободата“, истакна министерот.

Осврнувајќи се на историскиот континуитет на македонската борба, Андоновски посочи дека по илинденците дошле нови генерации, потоа АСНОМ и независна Македонија, при што секоја од нив ги носела истата надеж и истиот пламен – Македонија да биде слободна, посилна и подостоинствена отколку што ја затекнала.

„Затоа Илинден не е само спомен. Тој е меѓник според кој се мери како се однесуваме кога времињата стануваат тешки. И токму затоа денес сме овде. Со почит да се потсетиме на 1903 година и, уште поважно, длабоко да им се поклониме на луѓето што покажаа што значи непокор.

Илинденците не ни оставија слободна држава, но ни оставија насока до неа. Не ни оставија готова иднина. Ни оставија обврска да ја создадеме. Тоа е суштинската разлика. Историјата не е нешто што се наследува, туку нешто што секоја генерација повторно го заслужува“, порача Андоновски.

Според него, предизвиците на денешната генерација се поинакви. Тие не се водат по планините, туку во училниците, лабораториите, институциите и компаниите, како и во секој обид да се изгради држава во која младите ќе сакаат да останат, довербата ќе се заслужува, а трудот ќе вреди повеќе од привилегијата.

„Денес, овде во Смилево, не се поклонува само една генерација пред друга. Една генерација презема обврска пред следната, да ја зачува Македонија, да ја развива и да ја направи посилна отколку што ја наследила. Тоа е најголемата почит што можеме да им ја оддадеме на илинденците. Не само да ги паметиме, туку да бидеме достојни за нив“, порача Андоновски.

На крајот од своето обраќање, министерот истакна дека мотото на годинешното чествување не претставува само порака за минатото, туку и обврска на сегашноста.

„Непокор – да не се откажуваме. Слобода – да ја чуваме. Иднина – да ја изградиме. Нека е вечен Илинден. Нека ни е вечен непокорот. Нека ни е вечна слободата. И нека ни биде достојна иднината што заедно ќе ја изградиме. Нека е вечна Македонија“, заклучи Андоновски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Италија 25 градови се под црвен аларм поради високи температури

Четвртиот топлотен бран денес го достигнува својот врв во Италија, а црвен метеоаларм е на сила за 23 града, додека утре во понеделник, 3 август, нивниот број ќе се зголеми на 25, што претставува рекордна бројка летово.

Во Италија 25 градови се под црвен аларм поради високи температури

Четвртиот топлотен бран денес го достигнува својот врв во Италија, а црвен метеоаларм е на сила за 23 града, додека утре во понеделник, 3 август, нивниот број ќе се зголеми на 25, што претставува рекордна бројка за ова лето, пренесува денес „Кориере дела сера“.

Температурите во областа Терни во Умбрија вчера достигнаа 41 Целзиусов степен, а метеоролозите предвидуваат дека топлотниот бран ќе продолжи – можно е со малку пониски температури – уште најмалку една недела, сè до очекуваниот налет на постудено време во периодот меѓу 8 и 10 август.

„Јадрото на топлината“ се наоѓа над долината на реката По и централните региони, а и во внатрешноста на земјата и на Сардинија ќе се регистрираат високи температури што би можеле да надминат 40 Целзиусови степени.

Во централните и северните делови на земјата, дури и ноќните температури главно нема да паднат под 25 степени, предупредуваат метеоролозите.

Климатолозите укажуваат на два главни фактора за оваа појава: првиот е африканскиот антициклон, кој веќе не може да се смета за аномалија, туку стана „нова нормала“, бидејќи трајно го потисна поблагиот атлантски Азорски антициклон, пренесува весникот.

Уште еден клучен фактор е постепеното затоплување на Средоземното Море, кое акумулира огромни количества топлина.

Во последните денови, температурите на површинската вода низ целиот басен, вклучително и во морињата околу Италија, достигнаа – а во некои случаи и надминаа – 30 степени Целзиусови.

„Целата таа вишок топлина ќе послужи како гориво за атмосферска нестабилност“, објасни Лоренцо Тедичи, метеоролог од порталот iLMeteo.it. Одделот за цивилна заштита издаде жолто предупредување поради обилните врнежи што се очекуваат денес долж целиот апенински појас, од Умбрија до Калабрија, како и во внатрешноста на Сицилија. Од 27-те градови што италијанското Министерство за здравство ги следи поради ризици поврзани со горештините, 23 денес се под црвен аларм, а утре ќе бидат 25, што претставува рекордна бројка за ова лето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер