Џафери: Судот ќе биде одговорен за евентуалното бегство на Вељаноски

Претседателот на Собранието на  Република Северна Македонија Талат Џафери вели дека во Парламентот немало услови да се гласа за одземање на имунитетот на пратеникот и поранешен собраниски претседател Трајко Вељаноски.

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери вели дека во Парламентот немало услови да се гласа за одземање на имунитетот на пратеникот и поранешен собраниски претседател Трајко Вељаноски, бидејќи претходно немало донесен заклучок на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. За тоа, рече Џафери, вчера го известил и Кривичниот суд.

Според Џафери, Собранието немало заклучок врз основа на кој ќе се гласа, бидејќи во Комисијата односот на гласовите „за" и „против" одземање на имунитетот биле 4:4 што, како што истакна, значи дека немало заклучок ниту „за" ниту „против" одземање на имунитетот.

Вели дека го добил извештајот на Комисијата, но без заклучок. Врз основа на извештајот, тој бил должен да закаже седница иако по точката немало заклучок на надлежната Комисија.

Собранието, како што потенцира Џафери на денешната средба со новинарите, не ја носи одлуката по барање на судот, туку врз основа на заклучок на Комисијата, а таков во случајов немаше. За да не се случува ова во иднина, тој смета дека со измени на Деловникот треба да се предвиди решение како да постапува Собранието во случај кога нема заклучок на Комисијата.

За изјавата на обвинителката Вилма Рускоска дека Собранието ќе биде одговорно за евентуално бегство на Вељаноски и Љупчо Димовски, кому исто така не му е одземен имунитетот, Џафери вели дека е дадена за медиумски цели. За тоа, потенцира тој, одговорни ќе бидат судовите, бидејќи тие треба да го обезбедат присуството на обвинетите. Мое, рече Џафери, е да се грижам за работата на Собранието и тоа да се прави врз основа на процедури.

Во врска со седницата на која требаше да се донесе одлука за одземање на имунитетот на пратеникот Љупчо Димовски, Џафери истакна дека ја прекинал бидејќи иако во салата имало 61 пратеник за кворум, немало мнозинство од 61 за изгласување на одлуката. /МИА

Филипче: Со Бочварски возевме по новата делница Градско- Прилеп,работите се завршени 90%

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и носителот на изборната единица 4 на СДСМ и коалицијата др. Венко Филипче, возеа по патот од Градско кон Прилеп, односно по првата делница Градско - Дреново, каде работите се завршени над 90%. 

„Експресниот пат Градско-Дреново, ова е првата фаза од клучка Градско од исклучување од главниот пат Коридор 10. Ова е Коридор 10Д. Сè уште е во градба, меѓутоа на оваа делница асфалтот е вграден со 98% од сите количини на асфалт“, вели Бочварски.

Ресорниот министер вели дека првата делница, којашто ја возат со Филипче е 91% завршена, а на втора делница работите се завршени до 80% поради комплексноста на теренот.

„Цела економија ја раздвижува со експресните патишта на истокот којшто ги направивме, бидејќи таму од 19 век немаше нов пат направено. И за Кочани и Радовиш веќе го даваат резултатот. Имаме многу отворени нови фабрики и работни места“, вели Бочварски.

Покрај брзата комуникација и развојот на економијата, патиштата поминуваат и низ прекрасен предел од Македонија.

„На истокот се направи револуција со патиштата. Што е се ново? Сега е прво Св. Николе - Штип, Миладиновци - Штип автопатот преку Св. Николе, рехабилитиран е патот за Крива Паланка до Страцин, новиот пат, експресниот, и тој ќе заврши до крај на година, Ранковце - Крива Паланка. Понатаму Крива Паланка - Деве Баир до граничниот премин со трета лента, проширен го завршивме и пуштен е во употреба. Штип - Кочани, експресниот, што ќе значи дека порано возењето од Скопје до Кочани од саат и пол сега е скратено на помалце, околу 45 до 50 минути. Меѓутоа многу е битна безбедноста, значи ова се веќе нови стандарди на патишта коишто важат и во Европа“ - вели Филипче, се наведува во партиското соопштение.

Украина наскоро би ги добила првите авион Ф-16, ќе ги чуваат во подземни бункери

Украина би можела да го добие првиот авион Ф-16 по Велигден, но точниот датум се уште не е одреден, најави Илја Јевлаш, портпарол на украинските воздухопловни сили.

Како што објави „Киевпост“, тој истакна дека не може со сигурност да каже кога тоа ќе се случи, имајќи предвид дека во неколку наврати се одложува датумот на испорака на првите американски борбени авиони во Киев.

„Доставата се очекува по Велигден, би сакале да ги добиеме што е можно поскоро и да објавиме дека пристигнале“, изјави Јевлаш.

Тој потврди дека украинските пилоти се обучуваат на овие авиони во Данска и во САД. Според портпаролот на украинските воздухопловни сили, веќе се преземени мерки за да се осигура дека авионите се безбедни откако ќе бидат испорачани во Украина.

„За тоа, најпрво е неопходно правилно да се подготви базата за нив. Ова вклучува колосални трошоци, вклучувајќи подземни засолништа и бункери. Затоа, во моментов се развиваат методи за тоа како точно може да се сместат“, рече Јевлаш.

Тој посочи дека по добивањето на авионите Ф-16, вооружените сили на Украина ќе можат да изведат различни операции за одбивање руски воздушни напади и нанесување штета на непријателот. Поточно, 16 борбени авиони ќе бидат распоредени на различни типови на аеродроми, што ќе им отежне на Русите да ги откријат украинските авиони. Ќе се користат различни методи за да се измами непријателот.

Во март годинава, холандската министерка за одбрана Кајса Олонгрен изјави дека првата пратка авиони Ф-16 ќе ѝ биде испорачана на Украина од Данска ова лето. Ова го потврди Дмитро Кулеба, шеф на украинската дипломатија.

Минатата есен, Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, изјави дека испораката на авиони Ф-16 сигурно ќе ги зголеми воените капацитети на Украина, но дека тоа нема да биде „сребрен куршум“ кој драстично ќе ја промени ситуацијата на фронтот.

Се огласи и Дмитриј Песков, портпаролот на Кремљ, кој рече дека испораката на авионите Ф-16 нема да го промени исходот од конфликтот и дека руската армија ќе ги уништи, како и другите украински оружја.

Европски фронт: Граѓаните се подготвени за премиер за сите

Премиерот Талат Џафери денеска преку прес-конференција како претставник на Европскиот фронт изјави дека граѓаните се подготвени да преземат должности и одговорности.

Премиерот Талат Џафери денеска преку прес-конференција како претставник на Европскиот фронт изјави дека граѓаните се подготвени да преземат должности и одговорности, па како што рече, докажале дека одговорноста за раководството на државата ја носат подеднакво, како пример за зрелост и заемно почитување.

Во продолжение целиот говор:

Собрани за да се потврди и изрази благодарност за поддршката и довербата што сме ја имале секогаш од вас.

Благодарение на оваа поддршка, меѓутоа и на целосната доверба на лидерот Ахмети, јас ви се обраќам како прв премиер Албанец и истовремено, како кандидат за пратеник.

Ви се обраќам со мирна совест, затоа што тоа што го ветив кога ја преземав одговорната должност на Премиер, го спроведував и продолжувам да го спроведувам доследно. Работев посветено и професионално. Убеден дека ќе ги отстраниме еднаш и засекогаш всадените предрасуди и стереотипи во широкиот менталитет дека Албанците не можат, не знаат и немаат право!

Напротив!

Не ве разочарав ниту вас, ниту граѓаните на Македонија.

Владата, под мое водство, иако прв приоритет и беше одржувањето на редовните претседателски и парламентарни избори на фер и демократски начин, ве уверувам, а и вие самите сте сведоци, не беше во ниту еден миг надвор од рамката на функционална и доверлива институција за вас почитувани граѓани!

Тука бевме за секое барање и на ваша услуга!

Докажавме дека одговорноста и водењето на државата ги носиме на еднаков начин, станувајќи пример на зрелоста и взаемната почит.

Докажавме дека можеме да владееме одговорно во целата земја, во сите околности и со сите граѓани. Тоа се вредности што ги негуваме уште од независноста на државата, за градење на рамноправна држава и општество.

Албанците можат, знаат и имаат уште поголем потенцијал!

Албанците се подготвени за еден премиер за сите!

Еден Премиер кој што ќе практикува добро владеење кое се карактеризира со – транспарентност, учество, ефикасност, одговорност, отчетност, рамноправност, косензус и кохезија;

Ќе се грижи за владеење на законот и правото;

Ќе се бори против корупцијата и организираниот криминал;

Ќе води сметка за една професионална администрација и дигитализирани јавни услуги;

Ќе се грижи редот и безбедноста да се спроведуваат од органите на редот и безбедноста со цел да ги гарантираат слободата, мирот и сигурноста за секој граѓанин и правен субјект;

И над се, премиер кој што ќе стои силно зад нашиот став кој што силно вели – не на Русија – да за Еверопа!

Работејќи посветено на:

- Интеграцијата на земјата во Европската Унија;

- Правејќи ги уставните измени во 2024 година;

- Отворањето на преговорите со Европската Унија во 2024 година и на крај:

- Полноправно членство во Европската Унија во 2030 година;

За постигнување на ова, нема да отсуствува туку напротив, ќе ја зајакне уште повеќе регионалната соработка во рамките на добро познатите иницијативи, односно:

- Берлинскиот процес;

- Планот за раст на Западен Балкан на Европската Унија

Затоа што ние, географски и како цивилизација, сме дел од Европа и за нас, сонцето, како што рекле и преродбениците, изгрева на запад.

Премиерот за сите ќе води сметка за:

- продолжување на политиките и ставовите на безбедносната и надворешната политика унифицирана според НАТО;

- продолжување на унифицираните безбедносни и надворешно политички ставови со Европската Унија;

- за спречување на руското влијание во Македонија и за одржување на стратешкото партнерство со САД.

Затоа ни треба силна поддршка од вас,

- За продолжување на про-европската политика на Македонија;

- За доброто на државата:

- За доброто на децата и младите поколенија!

Затоа:

Сите за број 4!

Гласај 4!

Ви благодарам на вниманието!, се наведува во соопштението.

притисни ентер