Заев: Верувам дека ќе изнајдеме заеднички кандидат со ДУИ

СДСМ вечерва одржува координација на која ќе се разгледуваат сите актуелни политички случувања, меѓу кои треба да стане збор и за можноста за заеднички претседателски кандидат на претсојните избори закажани за април.

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев пред средбата за медиумите изјави дека во тек е постапка за изнаоѓање заеднички кандидат за претседател. Верува дека ќе изнајдат заеднички кандидат со ДУИ и потврди оти утре ќе има средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети. Средбата како што рече ќе се одржи во Собранието на Република Северна Македонија каде е закажа седница за пратенички прашања.

Тој посочи дека не знае каква одлука имаат во ДУИ, но верува дека веќе имаат свои предлози за кандидати.

Како што изјави порано портпаролот на партијата Костадин Костадинов, ова е редовна координацијана партијата.

-Веќе навршува постапката околу конгресот што треба да се одржи на 3 март, согласно одлуката на Централниот одбор на СДСМ, да ги видиме кандидатите. Веројатно ќе се разговара околу можностите за настап на заеднички кандидат што е нешто добро и здраво за државата, рече Костадинов.

Според најавите, состанокот се очекува да трае до доцна вечерва.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер