„Приказни што оживуваат“ – уметност, литература и пантомима во циклус креативни работилници за деца и млади
1„Приказни што оживуваат“ – уметност, литература и пантомима во циклус креативни работилници за деца и млади
3Напаѓач уби четири лица, од кои три деца, во основно училиште во Орегон во САД пред да биде застрелан
МакедонијаСостанок на работната група за земјоделство на Националната конвенција на ЕУНа денешниот состанок обраќање ќе има и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.Семејно земјоделство – одржлив модел за развој на руралните средини е темата на четвртата работна сесија на Работната група 1 – Земјоделство и рурален развој (Поглавје 11) на Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија. Од Националната конвенција очекуваат отворена дебата на учесниците, меѓу кои претставници на релевантното министерството, на граѓански здруженија активни во оваа област, фармери, претприемачи и други стручни лица и експерти од оваа област од Македонија и Словачка. На денешниот состанок обраќање ќе има и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Развојните перспективи на земјоделството во нашата држава, но и во европските држави, се поврзуваат со модернизацијата на семејните земјоделски стопанства за што е неопходна соодветна легислатива, институционална и финансиска подршка. Во согласност со методологијата на НКЕУ-МК од дебатата треба да произлезат препораки, чија цел е да се помогне во креирањето релевантни политики и легислатива, со која би се забразал развојот на овој витален дел на економијата, односно на општеството во целина. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Култура„Приказни што оживуваат“ – уметност, литература и пантомима во циклус креативни работилници за деца и младиПочнувајќи од четврток, 22 октомври, креативниот центар „Сончогледи” во Скопје организира циклус од 4 креативни работилници под наслов „Приказни што оживуваат – уметност, литература и пантомима за деца“.Почнувајќи од четврток, 22 октомври, креативниот центар „Сончогледи” во Скопје организира циклус од 4 креативни работилници под наслов „Приказни што оживуваат – уметност, литература и пантомима за деца“ кој ќе им овозможи на децата преку приказни, разговор, движење и творење да се запознаат со светот на уметноста и да го истражуваат сопствениот креативен израз. Пабло Пикасо, Салвадор Дали, Василиј Кандински и Винсент ван Гог се четворицата уметници вклучени во овој циклус работилници кои ќе ги инспирираат младите посетители со своите различни светови и идеи, но и специфичните начини на изразување. Секоја од овие креативни средби ќе вклучува кратко запознавање со приказната на уметникот и неговите техники на творење, создавање свое уметничко дело, а потоа и оживување на приказните преку актерска игра и пантомима. Проектот е наменет за деца на возраст од 6 години па нагоре и предвидува реализација на четири тематски работилници, во кои литературата, ликовната уметност и пантомимата се поврзуваат во единствена едукативна програма. Неговата цел е да ја поттикне детската љубопитност, да го развива креативното размислување и да отвори простор за прашања, слободно изразување, соработка и запознавање со светската уметност. Циклусот ќе биде заокружен со јавен настан во просториите на креативниот центар „Сончогледи“, на кој ќе бидат претставени резултатите од работилниците. Настанот ќе опфати групна изложба на изработените детски дела, пантомимски перформанс и завршна читачка работилница посветена на уметниците обработени во текот на циклусот и нивното значење во историјата на уметноста. Влезот за секоја од работилниците е слободен. Работилниците ги водат Марина Туфекчиевска, комуниколог и дипломиран филолог по општа и компаративна книжевност; Кристина Таневска, визуелен уметник, ликовен педагог, вајар и магистер по сликарство и Мето Јанакиевски, историчар на уметност и пантомимичар. Проектот „Приказни што оживуваат – уметност, литература и пантомима за деца“ е поддржан од Град Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Сакајќи да се извлечат, Барбов, Филипче и Заев дополнително се зеплеткаа во лагитеСакајќи да се извлечат, Барбов, Филипче и Заев дополнително се зеплеткаа во лагите, како е можно невролог да дава мислење за хируршкa интервенциja во Бугарија?Сакајќи да се извлечат од случајот со Ива Михаилова, Барбов, Филипче и Заев дополнително се заплеткаа во сопствените лаги. Така, обидувајќи се да се дистанцира од случајот и да се претстави како некој што не бил запознаен со сите околности, докторот Барбов отвори дополнителни дилеми за начинот на кој постапувал и за оправданоста на преземените медицински чекори. Јавната изјава на Барбов дека не знаел за каква сообраќајка станува збор, но знаел дека Михаилова имала бугарско осигурување, е повеќе од трагикомична и наместо да се дистанцираат и да се правдаат, триото Заев, Филипче и Барбов треба да дадат одговор на неколку суштински прашања. Како е можно невролог да дава мислење за хируршки интервенции и врз основа на што била дадена конзилијарна препорака, ако пациентката не била упатена на лекарски конзилиум и не поднела барање за конзилијарно мислење? Зошто пациентка по претрпена траума, Барбов не ја упатил на соодветен преглед кај неврохирург или трауматолог и дали заедно со Филипче и Заев сакале да му направат услуга на Румен Радев со тоа што набрзина сакале да го затворат случајот и Михаилова да ја упатат на лекување во Бугарија? Фактот дека Македонија и Бугарија имаат билатерална соработка во областа на здравственото осигурување не значи дека може да се постапува произволно, туку постојан јасно пропишани правила, кои пациенти во кои случаи добиваат лекарска грижа или лекување во други држави, а не вака како што Барбов го скроил упатувањето. А, со ваквата препораката за лекување на Михаилова во Бугарија, Барбов, Филипче и Заев дополнително ги поминале своите ингеренции. Ова трио целосно се соголи, веќе е јасно којшто направил и која улога ја имал, но наместо со изјави да се вадат од случајот со Мијаилова, Барбов, Филипче и Заев треба да дадат одговори за постапките, улогите и за одлуките што биле донесени. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНапаѓач уби четири лица, од кои три деца, во основно училиште во Орегон во САД пред да биде застреланШеснаесетгодишен напаѓач отвори оган во основно училиште во Бенд, Орегон,САД убивајќи четири лица, меѓу кои и три деца, пред да биде убиен од вооружен член на заедницата кој го гонел напаѓачот во училиштето, соопшти полицијата.Напаѓачот влегол во основното училиште пукајќи низ заклучени врати, соопшти полицијата, без да даде никакви детали освен возраста на осомничениот. Загинатите се деца на возраст од 5, 8 и 11 години и еден наставник. Покрај тоа, еден 7-годишен ученик и еден 54-годишен наставник се однесени во болница со критични повреди, изјави началникот на полицијата. Гувернерката на Орегон, му се заблагодари на членот на заедницата кој „херојски интервенирал за да спречи понатамошно губење на животи“. Paramedics seen staging at Silver Rail Elementary School in Bend, Oregon amid reported active shooter situation. https://t.co/9KnGY4LIEv — Noteworthy News (@newsnoteworthy) October 15, 2026 Градот Бенд е со околу 100.000 жители во руралниот централен дел на Орегон. Учелиштетео каде беше пукањето е за деца од градинка до петто одделение, на возраст од приближно 5 до 11 години, и има околу 450 ученици и 40 членови на персоналот, соопштија официјални лица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter