Двајца загинати на границата на Венецуела со Бразил- војската не дозволува влез на хуманитарна помош (ВИДЕО)

Опозиционерите сакаа да го спречат затворањето на границата со Бразил, а во судирот со војската под наредба од Мадуро , загинаа најмалку двајца приврзаници на Гваидо.

Најмалку двајца опозиционери загинаа во обид да го спречат затворањето на границата на Венецуела кон Бразил , кое го нареди претседателот Николас Мадуро. Тој вчера нареди да се затвори границата , зашто преку ена има обид за влез на хуманитарна помош во земјата.

Војниците пукале кон цивилите , кои сакаа да го спречат затворањето на границата , а до сега има информации за најмалку двајца загинати и непознат борј повредени.

Самопрогласениот претседател Хуан Гваидо , денеска е на границата со Колумбија , каде заедно со своите приврзаници се обидува да ја ослободи хуманитарната помош , која со денови е заглавена во камионите.

Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра

Четиринаесет лица во Србија се приведени поради меѓународна измама преку „кол-центри“ во кои се оштетени неколку германски државјани за сума од околу еден милион евра, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Србија.

Како што се наведува во соопштението на МВР, на барање на Германија, припадници на полицијата и на Службата за борба против високотехнолошки криминал при Техничката управа учествувале во меѓународна полициска акција, а се однесува на измама извршена од меѓународно организирана криминална група.

При претрес на станови и други простории на 22 локации, од кои две се на територијата на Ниш и девет на територијата на Нови Пазар, пронајдени се доказни предмети./МИА

Црн лебед во грчката река Еврос

 Единицата за управување со Националните паркови во областа Еврос во североисточниот дел на Грција, додека спроведувала научно набљудување на делтата на реката Еврос наишла на ретка и невообичаена појава – црн лебед, јави дописничката на МИА

Црниот лебед воопшто не е својствен за Грција и затоа е непознато како воопшто се нашол во реката.

Најзастапен е во Австралија и Нов Зеланд, а живее во реки, големи езера, лагуни, а понекогаш и по должината на бреговите.

-Вработените во единицата за управување ги пречка пријатно изненадување бидејќи при научно набљудување на делтата на Еврос забележаа црн лебед, напишаа на Фејсбук од надлежните за Националниот парк објавувајќи фотографии од ретката појава.

Тошковски: МВР ќе ја гарантира безбедноста на секој набљудувач

Изјава по остварена средба со претставници од Фондацијата „Ромите за демократија“ кои денеска организираа протестен марш од ДИК до МВР.

Тие протестираа заради закани кои биле упатени кон нивни набљудувачи за време на првиот круг од Претседателските избори 2024.

Министерот за внратрешни работи во техничката влада, Панче Тошковски изјави дека МВР ќе ја гарантира безбедноста на секој набљудувач за време на изборниот процес.

притисни ентер