Грчки медиуми: Трагедија во Северна Македонија

„Трагедија во Северна Македонија" е насловот што преовладува во текстовите објавени од грчките медиуми за вчерашната несреќа на автопатот Скопје – Гостивар, јави дописничката на МИА од Атина.

Уште синоќа дел од медиумите во Грција објавија за страшната сообраќајна несреќа и првичната информација за пет загинати, а во текот на вечерта ги обновуваа и дополнуваа текстовите, како што се зголемуваше бројот на жртви.

Утрово пак, медиумите ја преземаат и пренесуваат веста под наслов „Дводневна национална жалост во Северна Македонија за 14 загинати во превртување на автобус", објавена од грчката новинска агенција АНА-МПА.

-Уште еден повреден им подлегна на повредите по превртувањето на автобус во близина на Скопје, со што бројот на починати се зголеми на 14. Од околу 30 повредени што се хоспитализирани во болниците во Скопје, најмалку шест се борат за живот, пишува АНА-МПА.

Во текстот спомената е синоќешната владина седница и одлуката денеска и утре да бидат денови на жалост, а пренесена е и изјавата на премиерот Зоран Заев. /МИА

Почина таткото на Тоше Проески

По тешко боледување, почина Никола Проески – татко на легендарниот музичар Тоше Проески.

Тажната вест денеска на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка. Таа со фотографијата на која се Никола и Тоше се прости од својот татко. Според пријатели на семејството, последниве месеци, тој се лечел во приватна болница во Скопје.

Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. Неговите родители, по смртта на синот, не се појавуваа во јавноста.

Локални избори во Велика Британија

Во Велика Британија денеска се гласа на локални избори кои се гледаат како последен тест на јавното мислење пред општите избори подоцна оваа година.

Прогнозите покажуваат дека владејачките конзервативци би можеле да изгубат до половина од советничките места што ги бранат и дека партијата очекува „значителни загуби“.

Повеќето места за реизбор последен пат беа оспорени во 2021 година, на врвот на популарноста на Борис Џонсон кога беше воведена вакцината против Ковид-19.

Исто така, се одржуваат вкупно 11 избори за градоначалник, вклучувајќи го и градоначалникот на Лондон меѓу фаворитот, актуелниот лабуристички градоначалник Садик Кан и конзервативната предизвикувачка Сузан Хол.

Прогнозите постојано го ставаат Кан пред Хол, а анкетата објавена во средата од Саванта го води Кан за 10 процентни поени, откако неговата предност се намали за време на кампањата. /МИА

Српската министерка за образование : Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

Ѓукиќ Дејановиќ истакна дека утре пред се семејствата на убиените деца ќе имаат можност достоинствено да ја изразат својата болка, сеќавање и страдање.

Српската министерка за образование Славица Ѓукиќ Дејановиќ денеска изјави дека утре во Белград со програма наречена „Будење“ ќе се одбележи првата годишнина од масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ во кое животот го загубија девет ученици и еден работник од училишното обезбедување на 3 мај 2023 година.

Ѓукиќ Дејановиќ истакна дека утре пред се семејствата на убиените деца ќе имаат можност достоинствено да ја изразат својата болка, сеќавање и страдање.

Министерката во изјава за РТС нагласи дека секој 3 мај ќе биде ден на голема тага и сеќавање на жртвите./МИА

притисни ентер