Шестмина повредени се уште во критична состојба по несреќата на автопатот Скопје-Тетово

Шестмина повредени, од кои четворица во Градската општа болница „8 Септември" и двајца на Клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) се уште се во критична состојба.

Шестмина повредени, од кои четворица во Градската општа болница „8 Септември" и двајца на Клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) се уште се во критична состојба по вчерашната несреќа кога автобус се преврте на автопатот Скопје – Тетово, кај селото Ласкарци, изјавија за МИА од двете јавни здравствени установи.

Министерот за здравство Венко Филипче на својата ФБ страница информира дека изутринава повторно ги посетил повредените во ГОБ „8 Септември".

Директорот на ГОБ „8 Септември", Христијан Костов рече дека по вчерашната несреќа во таа јавна здравствена установа се примени 32 повредени од кои четворица се на Одделот за интензивно лекување и се во критична здравствена состојба, а еден повреден уште вчера е испратен на Клиниката за торакална хирургија.

– Останатите повредени се сместени во Траума центарот. Сите се во добра општа состојба. Синоќа, односно во раните утрински часови е забележано паѓање на крвната слика на една пациентка и сега е во операциона сала. Веројатно станува збор за повреда или на слезинка или на црн дроб, се уште трае операцијата. Мислам дека ќе биде санирана, торакалните хирурзи се влезени во сала. Во текот на денот ќе има некои изолирани интервенции за скршеници, точно не знам да ви кажам сега што и како. Сите други повредени се во добра општа состојба, освен овие четворица се неуротрауми и истрауматизирани и еден со повреда на мозок, меѓутоа се под контрола на анестеолози, неврохирурзи, се прави се што е потребно, истакна д-р Костов.

Раководителот на Ургентниот центар Алберт Леши за МИА изјави дека двајца пациенти се уште се во критична состојба. Посочи дека кај нив биле примени осум пациенти примени, од кои двајца биле пуштени на домашно лекување.

– Четворица пациенти се стабилни. Кај двајца кои се во критична состојба и двајца кои се стабилни беше хируршки интервенирано. Сите пациенти се под опсервација, бидејќи на Клиникава беа донесени најтешко повредените. И еден пациент од ГОБ „8 Септември" беше префрлен на Клиникава за операција. Тој е во живото загозувачка состојба, додаде Леши. /МИА

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер