Примарната здравствена заштита главен темел за унапредување на здравството

 Здравјето и благосостојбата на граѓаните за Владата на Република Северна Македонија се едни од врвните приоритети.

Здрави граѓани значи посреќни граѓани, кои можат да заработуваат за себе и за своето семејство и активно да придонесуваат за целото наше општество. Годинава во Буџетот за здравствена заштита се издвоени средства во износ од 30 милијарди денари, што е за две милијади денари повеќе споредено со 2018 година, создавајќи сигурен и цврст здравствен систем, што ќе нуди беспрекорни услуги за сите.

Ова го истакна премиерот Зоран Заев во обраќањето на Националниот форум за здравство насловен „За поздрав живот: патот до квалитетна и ефикасна примарна здравствена заштита во Република Македонија", што го организира Министерството за здравство со поддршка на Светската здравствена организација.

Република Северна Македонија истовремено, посочи, исполнува една од 17-те цели за одржлив развој во агендата за одржлив развој 2030 година на ОН. Потенцира дека во фокусот на Владата е да обезбеди и гарантира дека примарната здравствена заштита ќе биде носечки столб на целиот здравствен систем. Но, во исто време, нагласи, примарната здравствена заштита го претставува и целокупниот пристап на општеството кон здравјето на луѓето односно кон стремежот здравствените услуги што побрзо и што поблиску да стигнат до граѓаните и да бидат прилагодени на нивните потреби.

– За создавање високо квалитетна и безбедна примарна здравствена заштита неопходни се мултисекторски политики и активности кои ќе се создаваат и ќе се реализираат заедно со заедницата. За да постигнеме социјална и здравствена еднаквост потребни ни се координирани политики на неколку нивоа и во неколку сегменти односно измена на одредени закони и прописи, промена на средината, како и информативни и едукативни кампањи. Ако во текот на образовниот процес наставниците не ја втемелат навиката за физичка активност кај дел од учениците тие во подоцнежните години од животот можеби ќе бидат почесто болни од учениците кои редовно практикуваат одредена физичка активност, рече Заев.

Затоа, појасни, примарната здравствена заштита треба да ја препознае улогата која ја имаат сите останати сектори, почнувајќи од финансиите и индустријата до образованието, земјоделството и урбанистичкото планирање.

– Истовремено примарната здравствена заштита треба да се осигура дека овие сектори се свесни за влијанието на нивните одлуки врз здравствените резултати и тоа секогаш да го имаат на ум при процесот на носење на одлуки, додаде Заев.

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека покрај подобрување на повисоките нивоа на заштита во здравствениот систем, примарната здравствена заштита останува главен темел за унапредување на здравството.

– Наши приоритети се превенцијата и грижата за превалентни заразни и незаразни болести, како и нивните фактори на ризик, менталните нарушувања, но и подобрување на грижата за мајките и децата, грижата за старите и ранливите групи, односно за поздравиот живот да стане реалност без оглед на возраста и социо-економскиот статус. Светската банка е вклучена со проценка на здравствениот систем со посебен фокус на примарната здравствена заштита. Бараме нов модел што ќе одговори на предизвиците и ќе се заснова на зајакнување на примарната здравствена заштита како основ за обезбедување подобро здравје и здравствен систем воопшто, рече Филипче.

Директорот на одделот за здравствени системи и јавно здравје во рамки на Светската здравствена организација, Ханс Клуге рече дека минатата година сите земји во светот постигнале согласност да се зајакне примарната здравствена заштита заради постигнување што подобри здравствени резултати.

– Вашата земја е првата во светот која ја операционализираше таа цел. Во вашата земја има многу добра основа на која може да се надградуваат резултатите. Од исклучителна важност е политичката волја и политичката посветеност да се зајакне примарната здравствена заштита, која е најблиску до луѓето, заедниците и е економски најдостапна и во набрзо време може да им го обезбеди она што им е потребно на луѓето, истакна Клуге.

Уапсен е легендарниот француски актер Жерар Депардје

Францускиот актер Жерар Депардје утрово е приведен во полиција, за да биде сослушан во врска со наводите за сексуален напад врз две жени.

Тој е одведен во полициска станица во Париз каде е сослушан. Две жени го обвинија актерот за сексуална злоупотреба.

Едната го обвинува дека непримерно ја допирал во 2014 година на сетот на „Магионичарот и гледачот“, а другата во 2021 година на снимањето на „Зелените очи“ на Жан Бекер.

Депардје ги оспорува фактите за кои е обвинет.

Првата жалителка, филмски декоратор, раскажала сè за настаните што се случиле во септември 2021 година. Во тоа време, Жерар учествувал на снимањето на Les Volets vertes на Жан Бекер.

- Еден ден, додека седел во ходникот, ја фатил оштетената за нозете и ја закачил меѓу своите бутови - рекла таа. Ја допирал по половината, градите и задникот и ѝ ги кажувал следните зборови според нејзината изјава: „Ќе ти го закачам мојот голем чадор во пи**ата“.

Санчез на лето ќе го напушти Интер како слободен играч

Напаѓачот Алексис Санчез ќе го напушти Интер на крајот од актуелната сезона, пренесува новинарот Фабрицио Романо.

Според Романо, фудбалерот ќе го напушти клубот како слободен играч. Договорот на 35-годишниот Чилеанец истекува на 30 јуни.

Претходно, италијанските медиуми пишуваа дека Интер не е заинтересиран да го продолжи договорот со фудбалерот.

Како дел од клубот од Милано, Санчез двапати ја освои Серија А, го освои Купот на Италија и два пати го освои Суперкупот на земјата.

На лето Интер ќе го напушти и играчот од средниот ред Стефано Сенси. /МИА

Преговорите за глобален договор за подготвеност за пандемија влегуваат во завршна фаза

 Земјите-членки на Светската здравствена организација (СЗО) од денеска ги вложуваат последните напори да постигнат договор за склучување договор за глобална подготвеност за пандемии, јави ДПА.

Во пресрет на пандемијата на Ковид, 194-те земји-членки на СЗО повикаа на договор за да се осигура дека земјите се подобро подготвени да се справат со следната катастрофа и дека глобалниот одговор не е толку хаотичен.

Страните сакаат планираниот договор да вклучи мрежа за снабдување координирана од СЗО, така што сите земји ќе можат да пристапат до лековите што им се потребни во итен случај без трговски ограничувања.

Слично на тоа, дел од произведените лекови или вакцини ќе им бидат дадени на посиромашните земји бесплатно или по ниска цена. Одредбите ќе важат само за земјите што ќе го ратификуваат договорот. Тој ќе стапи во сила откако 60 земји ќе го ратификуваат документот.

Целта е договорот да биде усвоен на овогодинешното Светско здравствено собрание - тело за одлучување на СЗО. Средбата ќе започне на крајот на мај.

Последната рунда разговори на почетокот на оваа година не успеа, а разговорите кои започнуваат денеска се сметаат за последна шанса да се постигне договор пред крајниот рок во мај.

Во обид да се постигне консензус, преговарачите претставија многу покондензиран нацрт-договор од претходната верзија. Сегашниот се состои од 23 страници, изоставувајќи многу контроверзни одредби.

Едно од контроверзните прашања е дали и на кој начин фармацевтските компании треба да бидат обврзани да споделуваат експертиза и да обезбедат дел од своите производи на посиромашните земји.

Хуманитарната организација „Лекари без граници“ тврди дека договорот треба да се однесува на прашањата поврзани со глобалното здравје, здравствената заштита и правдата, а не само да ги штити интересите на индустријата. /МИА

притисни ентер