ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ бега од предвремени избори, бидејќи незадоволството кај граѓаните е се поголемо

СДСМ секоја година најавува дека ќе биде економска година, но наместо раст на економијата Македонија доби економски колапс.

Откако се СДСМ на власт сиромаштијата вртоглаво расте, над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, даноците пораснаа, а пораснаа и трошоците за живот на граѓаните во ситуација кога платите стагнираат.

Со СДСМ економијата на Македонија се закова на европското дно, ММФ оцени дека растот на БДП во 2018 година ќе биде 2%, тоа е многу далеку од ветените 5%.

Наместо да го оствари толку најавуваното ветување дека нема да се задолжуваат, речиси нема недела во која не се задолжија па затоа јавниот долг за прв пат ја надмина психолошката граница од над 50% и веќе изнесува 5,2 милијарди евра, додека пак државниот долг порасна над 4 милијарди евра.

За какви реформи зборува криминалниот картел кога ја сместија Македонија на 93 место на листата на Транспаренси Интернешнл на индексот за корупција, во друштво на Гамбија, Косово, Монголија и Панама.

Нема повисоки плати, нема повисоки пензии, нема повисоки стипендии, младите се повеќе се иселуваат, образованието тоне, здравството е во хаос, назадување во секој сегмент од животот на граѓаните. Тоа е причината поради која СДСМ бега од предвремени парламентарни избори, знае дека незадоволството кај граѓаните е се поголемо.

Доколку се грижеше СДСМ на државните и националните интереси, немаше да ги понижи граѓаните, да ги промени Уставот и уставното име на Република Македонија и да се откаже од македонскиот идентитет, историја, култура, јазик и традиција. Граѓаните јасно на референдумот им дадоа до знаење дека се против промена на името, но криминалниот картел по секоја цена тргна спротивно на народната волја и за кариеристички цели го промени името на државата.

СДСМ го погази достоинството на граѓаните и донесе беда. Македонија и граѓаните повеќе не смеат да уназадуваат. Време е СДСМ да си замине и затоа потребни се предвремени парламентарни избори, за да се стави крај на овие црнила, а Македонија и граѓаните да почнат на напредуваат.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Мурињо посочи тројца фаворити на ЕП 2024

Жозе Мурињо именуваше три селекции за кои верува дека можат да го освојат претстојното Европско првенство во Германија. 61-годишниот тренер е без работа од јануари кога доби отказ од Рома.

-Според мене, трофејот ќе го освои некој помеѓу Португалија, Франција или Англија. Ова се трите најсилни селекции. Можни се изненадувања, да. Гледајќи ги квалитетите на играчите, мислам дека Португалија може да оди во финалето со идеја да замине со златото, изјави португалскиот стручњак.

Тој неодамна откри дека двапати ја одбил понудата да ја преземе репрезентацијата на својата земја.

-Вратата на Португалија ми беше отворена двапати. Првиот пат беше кога бев во Реал Мадрид. Тогаш претседателот Флорентино Перез ми рече дека е невозможно да заминам, па јас го прифатив тоа. Вториот пат беше неодамна кога сè уште бев во Рома. Дали се каам за вториот случај? Не, не ми е жал. Не ми е жал поради причината што не прифаќам. Сега ќе играме на ЕП со селектор (Роберто Мартинез) кој заврши одлична работа и има одлична генерација играчи, додаде Мурињо. /МИА

Де Лаурентис: Не разбирав фудбал, но земав некои од најважните играчи во историјата на Наполи

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис уште еднаш се истакна себеси како фудбалски шеф, додека пак го нападна поранешниот спортски директор на клубот, Кристијано Џунтоли, кој сега работи во Јувентус.

-Отсекогаш се однесував како претприемач. Вложувам пари, љубов и интелигенција. Мојата работа ја доживувам како обврска. Не знаев ништо за фудбалот, но потпишав со некои од најважните играчи во историјата на Наполи. Ниту Лучијано Спалети не беше донесен од спортскиот директор (Џунтоли). Отсекогаш ми се допаѓал овој тренер поради неговиот карактер, прокоментира Де Лаурентис на прес-конференција поврзана со неговиот филмски проект. /МИА

JPMorgan се соочува со блокирање на својот имот во Русија

Од американската банка JPMorgan изјавија дека нејзините активи во Русија може да бидат конфискувани по барањата за блокирање на средства поднесени во руски и американски судови.

Банката се судира со правни притисоци поради тоа што сè уште води бизнис во Русија откако САД и европските земји воведоа економски санкции против Русија а поради нејзината инвазија во Украина.

Висината на средствата што можат да бидат блокирани ја надминува вредноста на имотот на JPMorgan во Русија.

Руски суд минатиот месец донесе одлука за блокирање на средствата на руски сметки на подружницата на JPMorgan во Русија откако руската државна банка ВТБ поднесе барање за враќање на своите средства блокирани во странство што таа ги оценува во вредност од 439,5 милиони долари.

Од JPMorgan изјавија дека според американските закони таа не смее да предава средства на компании кои се под санкции. ВТБ е внесена во списокот санкции на САД во февруари 2022 година. /МИА

притисни ентер