Предвреме родено бебе преживеа шест операции и две инфекции (ВИДЕО)

Новороденчето Џорџ Боунс е родено три месеци пред време со тежина од само 680 грама, кога се родило во јули минатата година.

Новороденчето од Британија само шест минути по раѓањето било приклучено на апарати за одржување во живот ,а во првите денови дури 20 пати му била дадена трансфузија на крв. Џорџ е опериран шест пати , по што четири пати добил сепаса и менингит. На родителите пет пати им било кажано дека нивното бебе нема да преживее , но малиот борец не се предавал и пред неколку дена е пуштен дома во куќата во Нотингемшајр.

,,Бевме убедени дека нема да преживее , така што е вистинско чудо што сега е тука со нас.” , изјави мајката Хана Боунс , која во 23. недела од бременоста добила болки , а била четири дена во трудови пред раѓањето на Џорџ.

Кога се родил , Хана не смеела да го допира Џорџ , по што веднаш бил опериран. На малиот му бил дијагностициран некритизирачки ентероколит, состојба во која му одумираат цревата.

По првата операција , му отекол црниот дроб и изгубил 40 проценти од крвта, по што следувале менингит и сепса.

По петтиот пат кога им било кажано на родителите дека бебето нема да преживее , дошол и болничкиот свештеник за да му даде на малиот последен благослов.

Сепак , Џорџ нагло почнал да се опоравува , а докторите велат дека не доживеале такво чудо и спас на толку мало бебе по такви тешки операции и инфекции.

Фото: Лепа Брена не е баш вешта во користење на Фотошоп

Последната фотографија која ја постави на својот Инстаграм профил покажува дека ни таа не е во целост задоволна со својот изглед.

Лепа Брена од секогаш важела за една од најубавите и најзгодни пејачки на овие простори. Дури и на 60 години, Брена ги воодушевува сите со својот изглеед.

Многумина и завидуваат на витката фигура, меѓутоа последната фотографија која Брена ја постави на својот Инстаграм профил покажува дека ни таа не е во целост задоволна со својот изглед.

Имено, на фотографијата се гледа не баш професионално користење на Фотошоп кое разоткрива дека дури и Брена сака да го подобри својот изглед.

ВМРО-ДПМНЕ: Промените во ВМРО-ДПМНЕ не им се допаѓаат само на Заев и хотелската коалиција

Новите одлуки на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ единствено не им се допаѓаат на Заев и хотелската коалиција која одработува за него.

Не ни очекуваме да ги поздрават одлуките, затоа што тие се насочени кон победа над мафијата и организираниот криминал на власта.

За разлика од Заев кој не најде сила за никакви промени по драматичниот пораз од 200 илјади гласови разлика во 2014 година и поразот во 2016 година, ВМРО-ДПМНЕ покажа сила за катарза и промени.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

НАТО домаќин на петтата рунда технички преговори меѓу турската и грчката делегација

Во седиштето на НАТО пактот во вторник ќе се одржи петтата рунда на технички преговори меѓу турската и грчката воена делегација, изјави Хулуси Акар, министерот за одбрана на Турција, пренесе „Анадолија“.

-Ни сме, се разбира, за мир, стабилност, преговори и дијалог. Ги подржуваме преговорите, но нема да дозволиме било какови свршен чин- рекол Акар на видеоконференцијата на која присуствувале турските генерали.

Техничките преговори имаат за цел намалување на ризикот од инциденти во екот на растот на тензиите во источниот Медитеран.

Одржувањето на технички состаноци меѓу турските и грчките воени делегации е договорено по неодамнешниот разговор на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтемберг.

Првиот технички состанок на турските и грчките воени делегации беше одржан на 10 септември, исто така во седиштето на НАТО.

Акар повтори дека Турција е одлучна и способна да ги заштити правата и интересите и на Турција и на Турската Република Северен Кипар во истокот на Медитеранот.

Грција ги оспорува моменталните активности на Турција околу енергетското истражување во источниот Медитеран.

Турција, земјата со најдолгиот брег на Медитеранот, прати наменски бродови за извршување на енергетски истражувања во својот континентален појас, велејќи дека Анкара и Турската Република Северен Кипар имаат права во тој регион.

Од дијалогот за праведната распределба на ресурсите, корист ќе имаат сите страни, истакнуваат турските власти.

притисни ентер