ВМРО-ДПМНЕ: Алармантна состојбата во здравството, власта не презема ништо

СДСМ се плаши од народот и затоа бега од избори. СДСМ знае дека ќе изгуби поради сите антидржавни политики кои ги спроведоа изминативе две години со кои ја понижија државата.

Република Македонија во континуитет тоне со оваа власт и токму затоа СДСМ треба да смогне сили, да го стави државниот над партискиот интерес и да распише предвремени парламентарни избори заедно со претседателските на пролет.

Смената на СДСМ е единствениот начин како државата да излезе од ќорсокакот во кој се наоѓа. Сите сегменти од општеството тонат.

Здравството е на ниво на клиничка смрт. Секојдневно ни умираат пациенти од болести кои современите држави ги третираат со едноставни терапии или целосно ги искорениле.

Состојбата е алармантна, а власта ништо не презема.

Парите од здравството наместо да завршуваат за подобрување на здравствените капацитети, одат за милионски набавки за фирми блиски до врвот на власта, фирми каде газда е таткото, а ќерката директор на болница и фирми кои се основани непосредно пред да биде распишан огласот.

Граѓаните заслужуваат модерно и ефикасно здравство. СДСМ тоа не може да го овзможи. СДСМ мора да си замине. /МИА

САД го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО (ВИДЕО)

Сенатот на САД вечерва со 91 глас за и 2 против ,го изгласа протоколот за членство на Македонија во НАТО.

Претседателот Стево Пендаровски им се заблагодари на САД и напиша дека стратешкото партнерство продолжува.

-Благодарност до САД за ратификацијата на Протоколот за нашето членство во #НАТО во Сенатот. Стратешкото партнерство САД-Северна Македонија продолжува во Алијансата придонесувајќи за глобалната стабилност и безбедност. #WEARENATO, напиша Пендаровски.

Уште четири земји остануваат да го ратификуваат Протоколот за земајва  и официјално да стане членка на НАТО.

Тодор Петров и Мухамед Халили во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости беа Тодор Петров и Мухамед Халили.

Тезата дека со недобивањето на датумот за преговори може да се дестабилизира Балканот не држи вели потпретседателот на „Европското движење“  Мухамед Халили во вечерашното издание на „Само вистина“. Неговиот соговорник Тодор Петров претседател на Светскиот Македонски Конгрес пак, верува дека постојат сили кои може да предизвикаат контролирана нестабилност за да покажат дека одлуката на Европската Унија е погрешна

- После сите случувања во Македонија недовербата на јавноста во политичарите е голема. Гласачите веќе нема да им веруваат ништо во пресрет на предвремените избори, оцени потпретседателот на „Европското движење“  Мухамед Халили во вечерашното издание на „Само вистина“. Неговиот соговорник Тодор Петров претседател на Светскиот Македонски Конгрес пак смета дека политичарите ќе манипулираат со јавноста дека Европската Унија стои позади актуелната Влада за да заврши процесот на евроинтеграции

- Ние се залажуваме ако мислиме дека земјата само треба да ги исполни реформите затоа што почетокот на преговори со ЕУ е и политичка одлука, рече потпретседателот на „Европското движење“  Мухамед Халили во вечерашното издание на „Само вистина“. Неговиот соговорник Тодор Петров претседател на Светскиот Македонски Конгрес пак, не ја разбира еуфоријата во јавноста дека недобивањето на датум за преговори е прашање да се биде или не  

Погледнете ја целосно вечерашната емисија „Само вистина“ овде.

Брнс: Ратификацијата е резултат на напорна работа и посветеност кон вложување во иднината

Американската амбасадорка Кејт Брнс ја поздрави ратификацијата на пристапниот протоколот на Северна Македонија во НАТО од страна на Сенатот на САД, оценувајќи ја како резултат на напорна работа и посветеност кон вложување во иднината.

– Многу задоволна поради огромната поддршка на Сенатот во ратификацијата на пристапниот протоколот на Северна Македонија во НАТО од страна на САД. Тоа е резултат на напорна работа и посветеност кон вложување во иднината. Со нетрпение очекувам продолжување на развојот и зајакнување на партнерството меѓу нашите две земји, порача на Твитер американската амбасадорка Брнс.

Сенатот на Соединетите американски држави денеска со 91 глас „за" и два „не" го изгласа  пристапниот протокол за влез на Северна Македонија во НАТО.

притисни ентер