СДСМ:Местото во НАТО ја гарантира безбедноста и носи инвестиции, економски раст и повеќе пари кај граѓаните

Со потпишувањето на Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО, нашата држава конечно го  го добива своето место во најголемиот безбедносен сојуз во светот.

Тоа е остварување на врвните национални и државни интереси. Загарантирана е безбедноста, заштитени се границите.

Но освен безбедносните аспекти, влезот во НАТО позитивно влијае и врз економијата. Тоа е можност за нови инвестиции, нови работни места и зголемена конкурентност на македонската економија.

Напредокот на Македонија во интегративниот процес и успехот на економските политики на Владата предводена од СДСМ веќе даваат резултати.

Последните податоци од Државниот завод за статистика, покажуваат раст извозот во 2018 бележи од 21,8 отсто во однос на 2017 година.

Податоците за трговската размена, покажуваат дека по Германија, Македонија најмногу тргувала со соседна Грција што докажува дека решавањето на 27 годишниот спор позитивно влијае и ја унапредува економската соработка меѓу двете земји.

Растат платите, растат инвестициите и индустриското производство, а невработеноста опаѓа

По влезот во НАТО и придвижувањето на интеграцијата во ЕУ, овие параметри дополнително ќе се интензивираат, што ќе значи силна економија, повеќе пари и повисок животен стандард за граѓаните.

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА – СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Во Србија продолжува парламентарна расправа, се чека гласање за новата влада

Српскиот парламент претпладнево ќе ја продолжи првата вонредна седница на која единствена точка на дневен ред е избор на Влада и давање заклетва на претседателот и членовите. 

Се очекува дискусијата да продолжи, по што пратениците треба да гласаат, јавија српските медиуми.

Продолжението на првата вонредна седница на Националното собрание во актуелното свикување е закажано за девет часот. На седницата, која почна вчера, излагање поднесе претставникот за состав на новата Влада Милош Вучевиќ.

Во тричасовното обраќање пред пратениците, меѓу другото, тој истакна дека владата што ја предлага ќе биде влада на континуитет во најголема мера, како и дека полноправното членство во ЕУ останува стратешки приоритет на Србија. Тој наведе и дека најголемиот предизвик на новиот кабинет ќе биде одбраната на суверенитетот, ќе се предложи задолжителен воен рок од четири месеци. Вучевиќ порача дека членовите на Владата мора да бидат тим, дека секогаш мора да бидат подготвени да ги штитат националните и виталните интереси на Србија, а неговото прво и единствено барање е несомнената лојалност кон татковината. На Собранието му предложи 31 член на кабинетот, меѓу кои има осум нови личности. /МИА

Земјотрес од четири степени во поширокото подрачје на Лос Анџелес

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер синоќа го погоди поширокото подрачје на Лос Анџелес, соопшти Сеизмолошкиот институт на САД.

Земјотресот се случил во областа Корона, во близина на Лос Анџелес, објави Фокс.

Земјотресот бил почувствуван во пошироката област, западно до Лос Анџелес, Лонг Бич, округот Оринџ и Санта Кларита./МИА

Колумбија најави прекин на дипломатските односи со Израел поради војната во Газа

Колумбискиот претседател Густаво Петро изјави синоќа дека ќе ги прекине дипломатските односи со Израел поради војната во Појасот Газа. 

Петро претходно го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и повика Колумбија да се приклучи на тужбата за геноцид на Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата.

„Овде пред вас, владата на промени, претседателот на републиката, најавува дека утре ќе ги прекине дипломатските односи со државата Израел, затоа што има влада, затоа што има геноциден претседател“, нагласи синоќа Петро во Богота на собир по повод Меѓународниот ден на трудот. Светот не може да биде слеп пред настаните во Газа, нагласи тој. /МИА

притисни ентер