Сончево со умерена облачност и ветер

 Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус шест до три, а дневната од три до 13 степени.

Во Скопје, слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе достигне до осум степени.

За време на викендот времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Во понеделник ќе дува засилен јужен ветер, а попладне од запад ќе започнат врнежи претежно од дожд. Од вторник ќе биде постудено и врнежите ќе преминуваат во снег.

Лукашенко ја поддржува изградбата на втора нуклеарна централа во Белорусија

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека се уште ја поддржува изградбата на втора нуклеарна централа во земјата, но засега властите ја разгледуваат оваа одлука.

„Засега размислуваме. Навистина сакам да изградам втора [нуклеарна] централа“, рече Лукашенко за време на работното патување во регионот Могилев, јавија белоруските медиуми.

Лукашенко истакна дека белоруското општество „очигледно веќе го надмина пост-чернобилскиот синдром“ и нагласи дека бил многу загрижен кога ја донел одлуката за изградба на БелАЕЦ.

Тој е сигурен дека постапил мудро со изградбата на БелАЕЦ и покрај сите критики и притисоци од Полска и Литванија.

Гаши во Дебар открива три посебни точки за инвеститорите од дијаспората

Албанците кои живеат во различни земји во светот, ќе имаат придобивки од даночните олеснувања и поддршка за отворање бизниси во нивната татковина. 

Ова го предвидува планот на коалицијата ВЛЕН, кој Африм Гаши, претседател на „Алтернатива“ му го открил на претприемачот и активистот од Дебар, Ибрахим Колари, кој се вратил од Америка и инвестирал во својата татковина. Во оваа прилика, Гаши покажа дека тој и коалицијата ВЛЕН имаат посебна програма за иселениците и луѓето кои инвестираат во Македонија. „Субвенционирање на таксите и даноците. За првите три години на сите оние кои живееле пет или повеќе години во странство и се враќаат да инвестираат износ од 50.000 евра или повеќе во отворање нов бизнис во Македонија“, рече Гаши, покажувајќи и дека ќе има преполовување на данокот на добивка. „Преполовувањето на данокот на добивка. Бизнисите отворени од иселениците ќе добијат поврат на даночниот процент врз основа на секторите во кои инвестираат (приоритетни ќе бидат новите технологии, преработката на храната и модерното земјоделство), но и врз основа на работните места што ги создаваат (приоритетни ќе бидат вработувањето на младите луѓе и жени)“. Сепак, една од најинтересните точки што ги споменува Гаши е создавањето на Министерството за дијаспора, со кое ќе раководат кадрите од дијаспората. „Создавањето на структурата „Промотори на СМ“, преку која иселениците делуваат како економски амбасадори и привлекувачи на инвестиции. Посебни личности од јавниот живот и претприемачи од дијаспората ќе бидат назначени на позицијата Почесен конзул во соодветните земји, со цел да се влијае на подобрување на имиџот на земјата и сеопфатната комуникација на нашите иселеници со соодветните земји“.

Почина холивудскиот актер Зек Норман

Актерот Зек Норман, најпознат по улогата во филмот „Romancing the stone“, почина на 83-годишна возраст.

Ѕвездата, најпозната по улогата на шверцер на антиквитети и љубител на крокодили во филмот од 1984 година, почина во медицинскиот центар „Провиденс Сент Џозеф“ во Бурбенк.

Норман глумеше и во филмот „Cadillac Man“ од 1990-тите, како и во ТВ серијата „Nanny“.

Роден како Хауард Зукер на 27 мај 1940 година, Норман се стекна со МБА од бизнис школата на Харвард пред да влезе во светот на забавата.

Извор: Аваз

притисни ентер