Новиот клинички ќе се гради во Ѓорче Петров, процедурите до крајот на годинава

Веле Поле во населбата Ѓорче Петров е потврдената локација каде треба да се изгради новиот Клинички центар.

За тимот кој што одлучи оваа локација да се избере помеѓу локациите во Бардовци и Петровец оваа локација е избрана бидејќи имало подобра инфраструктура, местоположбата нема да прави дополнителен сообраќаен метеж во градот,а и граѓаните од внатрешноста преку обиколницата може да стигнат до новиот клинички. За градоначалникот на Ѓорче Петров оваа инвестиција ќе биде важна за општината.

Предноста е што земјиштето е државно и е на големина од 140 хектари, а новиот клинички е планиран да се гради на 90 хектари.

Проектот е вреден околу 400 милиони евра и ќе се финансира преку заем од Банката за развој при Советот на Европа.

Првите проценки беа дека Клиничкиот центар би бил готов до 2025 година. Овој рок беше даден минатата година кога како првична локација беше посочена локацијата во скопско Бардовци.

Фото: Сексапилната фудбалерка се соблече во провокативна долна облека

Сексапилната фудбалерка се соблече во провокативна долна облека, што предизвика хаос на Инстаграм.

Алиша Леман е една од најсексапилните фудбалерки во светот, па решила да заработи од тоа.

Таа ги воодушеви своите фанови објавувајќи провокативни фотографии на социјалните мрежи.

Сексапилната Леман на Инстаграм сподели серија фотографии на кои позира во долна облека, откако потпиша договор со популарна модна марка.

Видео: Џенифер Лопез и во педесеттите изгледа совршено!!

Светската музичка ѕвезда и актерка Џенифер Лопез, иако има 54 години, и понатаму изгледа неверојатно младо, атрактивно и убаво.

Многумина се убедени дека тајната на нејзината младост се скапите третмани и производи кои многумина не можат да си ги дозволат. Пејачката тврди дека тајната е во нејзиниот животен стил и одредени навики кои ги следи уште од дваесеттите години, како и дека важна улога имала генетиката.

- Морам да признаам дека имам добра генетика. Мајка ми и баба ми имаа убава кожа, па затоа и јас имав среќа – открила таа.

Добро е познато дека популарната Џеј Ло редовно вежба и внимава на исхраната. Таа не легнува без темелно да го исчисти лицето, а потоа нанесува ноќна крема. По вежбањето секогаш темелно го чисти лицето, бидејќи не го поднесува чувството дека лицето не и е чисто.

Жешката Џеј Ло не конзумира алкохол и цигари, а убедена е дека квалитетниот и редовен сон и прави чуда, па затоа редовно спие најмалку осум часа.

Кошаркарките на Вардар го освоија Купот на Македонија

Кошаркарките на Вардар го освоија трофејот во Купот на Македонија, откако во финалето против Баскет Кам триумфираа со 69:55 (36:23). 

За кошаркарките на Вардар ова е четврти трофеј од Купот на Македонија, прв после 2019 година, а претходно победуваа и во 2017 и 2018 година.

Селцова натпреварот го заврши со 25 поени, осум скока и две асистенции, додека Тасевска уфрли 22 поени, додавајќи девет скока и една систенција кај победниците. Кметовска реализираше 24 поени за Баскет Кам.

За најкорисна кошаркарка на финалниот натпревар е прогласена Елена Тасевска од ЖКК Вардар.

притисни ентер