Македонија на чекор до повеќедеценискиот сон-полноправно членство во НАТО

Македонија и Грција го решија спорот со името, Договорот од Преспа беше ратификуван од македонскиот Парламент, поддршка добија и уставните измени, а потоа договореното беше ратификувано и од Грција.

И како што и беше ветено на земјава, која поканата за НАТО ја доби на самитот на 11 и 12 јули минатата година во Брисел, нејзиниот пат кон членството е отворен, а амбасадорите на земјите-членки на НАТО денеска во Брисел ќе го стават својот потпис на Протоколот на пристапување во Алијансата, кој потоа треба да биде ратификуван од сите земји-членки поединечно.

Како историски го означуваат овој чин и македонските политичари, но и нивните поддржувачи во регионот, а вчера во посета на земјата беше хрватскиот министер за одбрана Дамир Крстичевиќ, чија земја во 2008 година ја доби покана за членство, а следната година и официјално стана членка на најголемиот воено-политички сојуз во светот. Тој како историски успех за Македонија го означи денешното потпишување на Пристапниот протокол.

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, следната недела ќе биде првиот министер на Македонија кој седнал на заедничка маса со министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО, во рамки на состанокот што ќе се одржи во Брисел.

– Колега Дамир се гледаме наскоро во НАТО. Ќе ми биде задоволство следната наша средба да биде во Брисел на првото официјално учество на еден министер за одбрана од Република Македонија, која во тој момент ќе биде и Република Северна Македонија на состанок со сите министри за одбрана на НАТО-Алијансата, му порача таа вчера на нејзиниот хрватски колега.

Пристапниот протокол е унифициран документ и има пред се правно-технички карактер. Него го потпишуваат сите земји-кандидати за членство пред да станат полноправни членки. Протоколот е кус, содржи само неколку одредби во кои е опишана процедурата според која земјата станува полноправна членка.

По потпишувањето на Пристапниот протокол, Македонија ќе стане дел од сите работни тела и органи на Алијансата, со право да учествува во дискусиите, но, без право на глас и таквиот статус ќе трае се додека не заврши процесот на ратификација во парламентите на сите 29 земји членки.

Прва Протоколот ќе го ратификува Грција, што е согласно Договорот од Преспа и според најавите тоа би се случило следната недела.

Процесот на ратификација на Протоколот има рутински карактер и вообичаено трае околу една година. По него НАТО упатува покана до земјата кандидат да се приклучи кон Алијансата.

Секоја од 29-те земји членки треба да го ратификува Протоколот согласно националните процедури кои се разликуваат од држава до држава, а овој процес се очекува да заврши до крајот на оваа година. Откако сите земји членки ќе го ратификуваат Протоколот и ги известат САД, како депонент на Договорот, генералниот секретар на Алијансата ќе ја упати до Македонија поканата за влез.

Земјава потоа и самата треба формално да го прифати членството во НАТО со референдум или со гласање во Парламентот. Одлуката за пристапување потоа се доставува до Стејт департментот, со што формално станува членка на Северноатланската алијанса, која оваа година одбележува 70 години од основањето.

Во оптимални околности имајќи ги предвид овие рокови се очекува Македонија да стане полноправна членка на НАТО во првиот квартал на 2020 година.

Македонскиот Парламент во 1993 усвои резолуција за членство, во 1995 година Македонија се приклучи кон Програмата Партнерство за мир, Канцеларијата на НАТО беше отворена во 1997 година, кандидат станавме во 1999 година.

Македонија најблиску до членство беше во 2008 година на самитот на НАТО во Букурешт. Алијансата тогаш констатира дека земјата технички е подготвена да влезе, но влезот беше попречен поради грчкото вето заради нерешениот спор за името. /МИА

Младеновска: Комуникацијата со економската директорка Иљази се одвивала со преведувач

И покрај опомената на Државниот санитарен и здравствен инспекторат здравствените работници кои останаа без потпишани договори за работа доаѓале на работа и се пријавувале во системот за работа, изјави директорката на ДСЗИ Рената Младеновска.

Од ДСЗИ рекоа дека ќе донесат решение за забранет пристап на клиниката на поранешните вработени. Доколку не се почитува и ова решение клиниката и двајцата директори ќе бидат казнети. Иако претходните мерки од страна на ДСЗИ не биле потпишани само од економската директорка Иљази.

„Со оглед на фактот дека на самиот надзор присуствуваа двајцата директори и медицинскиот и организацискиот беше доставена документација во однос на листи од електронска евиденција на работно време и контрола на пристап во просториите од истите документи ДСЗИ го констатираше следново: По точка 1 и 2 од решението издадено за опомена не се постапува, односно здравствените работници соработници коишто немаат договор за вработување, односно договорот им истекол на 31.12.2023 година истите се евидентираат и понатаму на Клиниката за токсикологија што значи дека под точка 1 и 2 не е постапено од решението, рече Младеновска.

И од ДСЗИ потврдија дека комуникацијата со економската директорка Иљази се одвивала со преведувач, бидејќи таа не разбира Македонски јазик.

„Со организациската директорка, како што изјави, разговарале со преведувач бидејќи таа не го користи македонскиот јазик“

Денеска се одржал управен одбор на клиниката каде било речено поранешните вработени до 9 Мај да не доаѓаат во клиниката. Извори од клиниката канал 5 ќе има проемни на клиниката и дека поранешните вработени ќе бидат вработени, а најверојатно досегашниот директор Данил Петровски ќе биде разрешен како што најави и министерот Демири.

„Тигрите” ќе го пречекаат Палчо на Аеродром

Првоосомничениот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски, веројатно на аеродромот во Скопје ќе го пречека специјалната единица „Тигри“.

Според досегашната пракса на екстрадиција на високоризични затвореници, Палевски, би требало во присуство на турската полиција да биде спроведен до авионот со кој ќе патува, а таму ќе го пречекаат припадници на македонската безбедносна служба. Тие ќе бидат задолжени за него за време на летот. Веднаш по слетувањето, под силно полициско обезбедување, веднаш ќе биде транспортиран во истражниот затвор ,,Скопје”, бидејќи му е одредена мерка притвор.

Професорот за безбедност, Методи Хаџи Јанев, не очекува никакви проблеми при спорведувањето, но предупредува дека мора да бидат запазени сите човекови права, во спротивно осомничениот би можел тоа да го употеби во своја корист.

Во пресрет на екстрадицијата, политичката партија Десна на својот официјален Фејсбук профил, објави наводно писмо од својот поранешен лидер Љупчо Палевски. Тврдат дека тоа било упатено до министерот за правда Кренар Лога, пишувано лично од Палчо, на 29 април, а следниот ден му било испратено преку службениот маил. Тој во писмото го обвинува министерот за правда Кренар Лога дека правел калкулации и застој со екстрадицијата поради изборите во земјава.

Барањето за екстрадиција доаѓа по неговото апсење на 5 декември во Турција, откако ден претходно беше распишана меѓународна потерница по него како осомничен за две кривични дела – „грабнување“ и две убиства на свиреп начин.

Димитриевски: До 8 мај нема да учествуваме во било какви преговори

Една изборна единица, црвени национални линии, промена на преговарачката рамка, се условите на Максим Димитриевски за постизборна соработка. 

Тој во гостувањето во утринската програма на Канал 5 „Здраво Македонија“, оцени дека СДСМ го допрела дното, а опозицијата уште не дојдена на власт потсетува на власта до 2016 година...

притисни ентер