Богева Мицовска: Политичкото учество е мостот помеѓу она што го знаеме и она што можеме да го промениме
1Богева Мицовска: Политичкото учество е мостот помеѓу она што го знаеме и она што можеме да го промениме
МакедонијаЗаев: Ќе избришеме долгови за струја од 110 милиони евра на 200.000 граѓаниПремиерот Заев најави бришење на долговите за струја настанати до 2006 година за 200.000 граѓани и семејства кои се заглавени во лавиринт со проблеми од извршители и блокирани сметки. На трибината „Силна економија - шанса за сите“ во Охрид, Заев соопшти дека веќе има прогрес во преговорите со ЕВН и ЕЛЕМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотХималаите блиску до критична точка поради топење на глечерите- загрозени се милиони луѓе Хималаите се приближуваат кон пресвртна точка, бидејќи глечерите се топат побрзо отколку пред една деценија, загрозувајќи ја безбедноста и егзистенцијата на милиони луѓе, според студијата на консултантската куќа за одржливост Системика.Наодите доаѓаат откако хималајскиот глечер се сруши кон крајот на август по должината на границата меѓу Непал и Тибет, предизвикувајќи лизгање на земјиштето и ненадејни поплави во долините подолу. Потврдено е дека најмалку 1.300 луѓе загинале, а повеќе од 5.300 се водат како исчезнати. Студијата покажа дека како што глечерите се повлекуваат, тие оставаат зад себе нестабилни леднички езера кои содржат претежно лабави карпи и мраз, над долините каде што живеат милиони луѓе, објави денес Ројтерс. Губењето на масата на хималајските глечери се забрза во последните децении, при што моментално се следат само 21 глечер на терен од околу 40.000 во регионот Хиндукуш-Хималаја, огромен планински систем што се протега низ осум земји од Авганистан до Мјанмар. Во Индија се идентификувани речиси 200 леднички езера со висок ризик, од кои 56 се класифицирани како „многу висок ризик“, што ги става во опасност милиони луѓе низводно. Како што регионот се приближува до „врвот на водата“, точката кога речните текови престануваат да растат и почнуваат да се намалуваат, тоа ќе има сериозни последици за безбедноста на водата, заклучува студијата.Тагови: Хималаите глечерите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00
МакедонијаБогева Мицовска: Политичкото учество е мостот помеѓу она што го знаеме и она што можеме да го промениме На денешната панел дискусија насловена „Учеството како двигател на демократијата“,учествуваше Маре Богева Мицовска, член на Извршниот комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Бирото за јавни набавки.На денешната панел дискусија насловена „Учеството како двигател на демократијата“, во рамките на првата политичка платформа по повод 15 септември – Меѓународниот ден на демократијата во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, учествуваше Маре Богева Мицовска, член на Извршниот комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Бирото за јавни набавки. Таа посочи дека тоа што функцијата го носи кога се управува со одредена институција е преземањето одговорност и самата одговорност, по себе, носи голем товар, каде без поддршка на најблиски нема да може да се износи. Богева Мицовска потенцираше дека политичкото вклучување дава друга димензија, каде што идејата може да прерасне во иницијатива од која потоа може да има конкретен резултат. „Кога политички ќе се вклучиме, веќе даваме друга димензија, веќе нашата идеја, нашата заложба може да прерасне во иницијатива, а иницијативата да има и резултат. Поттикната од тоа сакам да ги поканам и да ги повикам сите присутни, но и што не поддржуваат да бидат проактивни во начинот на којшто сакаат да ги прикажат своите визии, своите идеи имајќи предвид дека ние сме Унија во којашто може да се вклучите и да партиципирате за да ги носиме одлуките заеднички. Бидејќи, токму и демократијата подразбира носење на одлуки, не во затворен круг, туку напротив со една повеќе“, истакна Богева Мицовска. За мене, додаде Богева Мицовска, политичкото присуство не значи само присуство на состаноци или да ја имаме функцијата како таква, туку тоа значи да преземеме одговорност и да не бидеме неми набљудувачи на проблемите и предизвиците. „Да бидеме проактивни чинители, да даваме решенија и да ги решаваме проблемите. Токму тука ја гледам и улогата на ВМРО-ДПМНЕ како политичка сила која остава и отвора простор за луѓе што имаат знаење, искуство и желба да работат за Македонија. Простор во кој професионалното искуство може да се претвори во политичка иницијатива, а политичката иницијатива во конкретен резултат. Политичкото учество е мостот помеѓу она што го знаеме и она што можеме да го промениме преку директно политичко учество“, посочи, меѓу другото, Богева Мицовска.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерот Клековски во посета на Диспечерската служба на здравството во СловенијаМинистерот за здравство, Клековски, утрово ја започна тридневната посета на Словенија со посета на Националниот диспечерски центар во Љубљана, во придружба на амбасадорот Горан Милевски. Посетата беше посветена на запознавање со словенечкиот модел на итна медицинска помош и размена на искуства во организацијата и координацијата на службите. На средбата со претставниците на словенечкото Министерство за здравство и на центарот, предводени од директорот Андреј Финк, се разговараше за реформата на итната медицинска помош започната во 2017/2018 година. Притоа беше претставена работата на Националниот диспечерски центар, кој преку две паралелни единици во Љубљана и во Марибор ги прима сите итни медицински повици и ги координира тимовите на итната медицинска помош и ургентните центри. Во рамки на разговорите беше претставен и словенечкиот индекс за тријажа, заснован на норвешкиот модел, со кој итните случаи се класифицираат во три групи според степенот на итност и во 27 групи според причините за повикот. Беа разгледани и организациското раздвојување на докторите и тимовите за итна медицинска помош, како и стандардизацијата на возилата, од мотоцикли до хеликоптери. Посебно внимание беше посветено на воспоставените стандарди и оперативни процедури, кои опфаќаат показатели за следење на квалитетот и постапување по поплаки. Беше презентиран и системот за обука на диспечерите, која трае од шест до девет месеци, со задолжителна проверка на знаењата на секои пет години. Министерот Клековски ја оцени посетата на центарот како инспиративен почеток на тридневната посета на Словенија. Тој истакна дека словенечките искуства претставуваат значајна основа за размена на знаења и продлабочување на соработката во подготовката и спроведувањето на идните реформи на итната медицинска помош во Македонија, соопштуваат од МЗ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00