Славчо Ковилоски е лауреатот на годинешната награда за најдобра поема „Григор Прличев"

 Славчо Ковилоски од Скопје, поет, прозаист и книжевен историчар е добитник на престижната награда „Григор Прличев" што секоја година се доделува во чест на славниот охридски преродбеник.

 Поемата „Крале Марко по вторпат" е избрана за најдобра поема на конкурсот за најдобро поетско дело за 2018 година.

Ковилоски, роден 1978 година во Скопје, е автор на збирката раскази „Лоша тетка и други раскази", има напишано и две монодрами „Синот на Волкашин" и „На Ножот", три збирки поезија „Сонцето повторно ќе изгрее", „Поезија во движење" и „Барутна поезија", романите „Опасен сум", „Сонување" и „Синот на Кралот" и повеќе монографии од областа на книжевноста, историјата и културологијата. Имал повеќе настапи и предавања за урбаната култура во ширум земјата, како и во странство (Њујорк, Загреб, Белград, Софија).

Неговите дела се преведувани на повеќе европски јазици. Бил главен и одговорен уредник на списанието за литература, култура и уметност „Современост" и работи во Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје.

Добитник е на повеќе награди, меѓу кои наградата за наука „3 Ноември" и за поезија „Јован Котески". Во 2018 година како еден од најмладите добитници ја примил најголемата државна награда „Гоце Делчев" за особено значајно остварување од интерес на Република Македонија од областа на науката за монографијата „Прилеп и Прилепско во XIX век (културно-историски процеси).

Идејата да се напише поемата „Крале Марко по вторпат", авторот ја наоѓа во мешањето на легендите и историските факти за Кралот Марко, при што честопати стварноста е заменета со митологијата и обратно. Крале Марко како најомилен јунак во епосот на јужнословенските народи нуди извонредно многу можности градење книжевен лик кому не му се туѓи ниту реалноста, ниту фантастиката, се наведува во соопштението од Центарот за култура „Григор Прличев" што ја распишува и доделува наградата.

Наградата на лауреатот ќе му биде доделена во рамки на Манифестацијата „Прличеви беседи" што секоја година се одржува на почетокот на февруари во знак на одбележување на годишнината од смртта на македонскиот книжевен великан Григор Прличев. 

Заев: Имаме докази и одлуки за затворски казни

Единствената калкулација им е да стигнат повторно на власт за да докрадат тоа што не докрадија, а велат дека се сега новодојдени од ВМРО-ДПМНЕ и за да „штанцаат" аболиции и амнестии на бандитите и криминалците.

Но, со Стево Пендаровски ќе има правда, рече премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев на вечерашната трибина во центарот на Прилеп.

Тој истакна дека ветува дека колку и да е независен судскиот систем, мора да носи пресуди, да носи одлуки.

– А паднаа одлуки во тешки времиња кога се преговараше во Парламентот за двотретинско мнозинство. Паднаа и паѓаат одлуки. Имаме одлуки на првостепени судови, имаме и правосилни одлуки за кривични дела затворски казни, потврдени од Апелација. И ќе има одлуки, зашто има докази. Ќе види цела Македонија, а и ќе види целиот свет, зашто постојат и материјални и аудио докази. Сите го знаат тоа. И ќе нема застанување, зашто тоа е ставање ред и поредок, владеење на правото, законот да важи еднакво за сите. И ќе важи, нагласи Заев.

Мицкоски во Охрид : Милиметри се во прашање потребен е оној последниот и конечен удар

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари посета на ОК на ВМРО-ДПМНЕ на Охрид каде што ги поздрави членовите и симпатизерите на партијата.

На состанокот Мицкоски на граѓаните им посочи дека на 21 април граѓаните избраа право и правдина. Граѓаните не ги поддржуваат криминалот, корупцијата и непотизмот.

Милиметри ни требаат, водевме на претседателските избори, и многу блиску сме да имаме градоначалник во Охрид. Милиметри ни фалат. Милиметри се во прашање потребен е оној последниот и конечен удар. Деспотот е на колена и сите него случи се на колена, нагласи Мицкоски пред граѓаните во Охрид.

Мицкоски пред толпа народот потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ само ги победи и тоа со голема разлика, што треба да биде дополнителна мотивација и за вториот круг, да се докаже дека правдината веќе е на портите, а заевизмот си заминува.

Денес во Охрид, одев од куќа на куќа, и разговарав со луѓето и ги замолив да ни дадат поддршка, додаде Мицкоски.

Време е граѓаните со нивниот глас да го поразат Заев, но и неговата копија наречена Стево Пендаровски. Граѓаните да стават крај на заевизмот, и на 5-ти мај да гласаат за право и правдина, се наведува во партиското соопштение.

Заев: Повикувам на итна одговорност од секој што направил непотизам

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев на вечерашната трибина во центарот на Прилеп повика на политичка и професионална одговорност од секој што направил непотизам и го ускратил правото на граѓаните.

Само така, посочи, ќе ја средуваме државата и никако поинаку.

– Еве ги денеска одлуките, директно испраќам наредба до сите, веднаш да се повлечат од работните места каде што се. Само така ќе функционира системот. Државната антикорупциска комисија е независна институција и очекувам да ги соопшти резултатите што ги најави и за другата страна оти тие беа примерот за непотизмот во државата и целото партиско, но и роднинско вработување. Очекувам и за другата страна, додаде Заев.

притисни ентер