МТСП: Претходното непланско зголемување на пензиите ја зголеми дупката во фондот

Имаат ли право пензионерите да се лутат за законските измени со кои се ограничува зголемувањето на пензиите, или треба да бидат среќни ако се остане само на тоа?

Фондот за ПИОМ веќе со години мака мачи да го наполни буџетот – годинава за покривање на пензиите на 320 илјади пензионери потребни им се 917 милиони евра, но од придонеси ќе успеат да соберат едвај половина или 459 милиони евра.

Останатите 458 милиони евра, што се појавуваат како минус, ќе мора да бидат покриени од Буџетот.. Колку за илустрација, тоа е речиси колку сите пари што од државната каса се одвојуваат за здравството.

Од Министерството за труд денеска преку соопштение вината за состојбата ја посочуваат во претходните власти, кои ги зголемуваа пензиите и покрај тоа што Фондот со години е на стаклени нозе. Министерката Царовска, вчера кажа дека со измените сега што ги прават, сакаат да ги избегнат најнепопуларните мерки кои во спротивно може да бидат неминовни.

Дупката во ПИОМ власта се обидува да ја намали и со минималното зголемувањето на придонесите од почетокот на годината, за 0,5 проценти.. На овој начин очекуваат да соберат дополнителни 18 милиони евра, но сепак тоа е само капка во морето од долгови. Според проекциите на ПИОМ, број на пензионери следните две години ќе нарасте за 15.000 нови корисници и ќе надмине 335.000, а за сервисирање на нивните пензии ќе бидат потребни над 1 милијарда евра.

Со мерката што сега ја презема владата, за пресметка на пензиите повеќе нема да се зема предвид просечната плата, туку тоа ќе се прави само според трошоците на живот, 2 пати годишно.

Пензиите може дополнително да растат само во случај доколку растот на БДП надмине 4 %.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер