Царовска: Постојан раст на пензиите, никому не е ускратено ништо

За да нема замрзнување на пензиите и пензионерите да не одат подоцна во пензија, пензиите отсега ќе се услогласуваат само според трошоците за живот, вака министерката Царовска го правда законското решение според кое ќе се пресметуваат пензиите.

Според законот, пензиите повеќе нема да растат согласно просекот на платата во висина од 50%, туку само според трошоците на живот и тоа 2 пати годишно.

Опозицијата обвинува дека власта не се грижи за најстарата категорија граѓани. Според нив, со законското решение пензиите се кратат и пензионерите ќе добиваат помали покачувања од претходно.

Од здружението на пензионери, велат дека со законското решение, тие ќе добијат минимално покачување и сметаат дека вака, ќе се зголеми јазот меѓу најниските и највисоките пензии.

Законот предвидува пензиите да растат и дополнително доколку земјава има економски раст поголем од 4%.

Лани просечната пензија во земјава изнесувала 14 421 денар, но дури 170 илјади пензионери имале пониски примања од просекот.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер