Карлеуша му се заканувала на сопругот со самоубиство?

Јелена Карлеуша се врати од Кина поради деловни обврски во Србија , а во земјата и регионот аферата со порно фотографиите не запира.

Карлеуша на снимањето на музичкото шоу ,,Ѕвездите на Гранд” , каде е член ан жирото , беше прашана за аферата , но не даде изјава. Во меѓувреме во Србија се  повеќе се шират гласините дека таа ќес е разведе од фудбалерот Душко Тошиќ. Дури се наведуваат и датуми.

Според српските таблоиди , карлеуша на сопругот му се заканила со самоубиство.

,,Карлеуша отиде во Кина за да го прослави роденденот на Душко, но тоа е само маска за јавност. Тие се договориле засега да останат заедно , додека не се смири аферата со Огњен Врањеш. Претходно таа била хистерична пред него , се заканила дека ќе се убие , по што помалку комуницирале, иако пред децата се правеле дека се е во ред.” изјавил неименуван извор за српскиот таблоид Курир.

Како да сокриете дека сте прочитале порака на „WhatsApp“?

Оваа опција лесно може да се активира или деактивира.

„WhatsApp“ како и многу други апликации за допишување, има покрај секоја порака ознака со помош на кој можете да видите дали лицето со кое се допишувате ја прочитало пораката.

Еден сив штиклиран знак значи дека пораката е пратена, два дека е примена, а ако покрај пораката стојат два сини штиклирани знака, значи дека е прочитана.

Сепак, оваа опција не им се допаѓа на сите а лесно можете да ја исклучите. Имајте во предвид дека ако ја исклучите, и вие нема да можете да гледате дали некој ја прочитал вашата порака, како ни обратно. Ова не важи за групни четови, каде секогаш се гледа дали пораката е прочитана.

Еве како да ја активирате оваа опција:

„Whatsapp“ -> Трите точки во горниот десен агол -> „Settings“->“Accounts“ -> „Privacy“ -> И „Reid receipts“ ставете го на „off“.

По истиот пат можете и да ја вратите оваа опција.

Почна истоварот на крузерот во Јокохама, Македонците остануваат во дополнителен карантин

По 14 дена во карантин во пристаништето во Јокохама, почна истоварот на патници од крузерот „Дајмонд Принцес“ на кој во изминатите денови беа утврдени над 500 случаи на корона-вирус.

Болеста во поблага форма беше регистрирана и кај еден од тројцата македонски државјани на бродот кој беше сместен во болница во Јокохама. Останатите двајца македонски државјани, кои се дел од екипажот на бродот, согласно протоколот, ќе останат во дополнителен две-неделен карантин заедно со останатите членови на бродскиот персонал.

 Анализите покажаа дека секој седми патник на бродот бил инфициран од вирусот.

Драмата на крузерот со околу 3.700 лица и членови на екипажот од 56 земји, почна на 4-ти февруари кога превентивно беше закотвен на пристаништето, а бродот беше ставен во карантин поради појава на корона вирусот.

Бројот на грипосани во Гевгелија во рамки на сезонскиот просек

Во Регионалниот центар за јавно здравје во Гевгелија до сега се пријавиле околу 110 заболени лица со симптоми на грип, што се смета за бројка во рамки на сезонскиот просек, рече денеска епидемиологот Сашо Олумчев.

Бројот на регистрирани во Општина Гевгелија не е алармантен и покрај тоа што во текот на оваа недела вирусот би можел да има висока активност и поголема распространетост, велат од Центарот од каде потврдија дека неделава поголем на број на пријавени се регистрирани кај помладата популација од пет до 19 годишна возраст.

Вирозите во гевгелиските училишта секојдневно ги празнат училиниците и голем е бројот на деца кои отсуствуваат од настава, но барем до сега овен што часовите се скратени за 15 минути, нема најава дека би можело да дојде до прекин на наставата.

Слична е ситуацијата и во детските градинки каде некои родители велат дека отуството на нивните деца има превентивно значење. /МИА

притисни ентер